Sony дава 24 месеци. Зошто телефонот е за женско, битно е да личи на нешто и фејсбук брзо да отвара. Алкателите се уште пластиклајн ко Поло во основна опрема, додека М2 е стакло и на задна страна. Како што ми изгледа, веќе си заклучив што ќе препорачам.
А што уствари ми е потребен изглед, и дали е пластик лајн или железо лајн ?
Мене ми е битно да не ми кочи и да си работи без никаков проблем.. Тоа и го добив...
Башка ако ти е за толку од што е изработено, јас и онака на сите телефони си ставам силиконска маска, па од сите страни ми е исто
Гаранција на телефон ама баш ништо не значи.
Мене ми значи.. Штом ти дал гаранција од 2 години, значи гарантира дека телефонот ќе работи без проблем 2 години.. Ако нешто не е како што треба ќе го средат дефектот бесплатно..