За секој телефон од 500+ eur очекувам некаков WOW. Инаку гретоа за парите за уред кој најчесто се расипува, крши или губи/краде во својот животен век.
S5, iPhone, HTC One, Lumia 1020
Прашањето е како ти си ги поставуваш персоналните параметри според тоа што ти треба. Во одреднео време кога се појавија смарт телефоните многу време потрошив, гледајќи пробувајќи читајќи, менував симбиани PDA уреди и обични телефони. Но изминативе 2-3 години едноставно решив да го третирам телефонот како "dummy" корисник. Претежно за комуникација (voice, im) интернет содржини и нешто снепшотирање и навигација базична.
За останатото многу малце до толку што ако нештото го нема за мојот телеофн лесно ќе се помирам и терам понатака без тоа.
Во моментов носам втор телефон заради професионални потреби и тука не одбрав wp од две причини. Една апликација која корпоративно ми треба и друга е искуството на управување на Андроид платформа во корпоративни услови. Не сакв да земам флагшип заради цената. Се обидов со некој мид и тоа по препорака. Можеби сепак требаше да пробам неколку пред да се решам но во тој момент според бројките Xperia SP ми личеше како добар компромис.
За мене преминот од една на друга платформа и назад е целосен „flip around". Затоа и не се осмелувам да кажам самоувероено дека целосно не чини Андроид. Но морам да кажам дека мојата импресија е дека ако телефонот го гледам од мојот нов "dummy" начин на употреба, јас далеку сум поприспособен на wp екосистемот и дури и со Ondrive i Office за Андроид нивото на интеграција не е доволно за искуството да биде безпрекорно.
WP е некако дводимензионален. На многумина кои живеат со третата димензија тешко ќе им биде да се откажат од неа. Арно ама степенот на слобода можеш да го гледаш и како фактор на комплексност.
Кога преминав од WM 6.5 на WP 7 беше целосно разочарување. Рака на срце WP 7 и беше таков. Полупроизвод со многу ветувања. Телефон ужасен со ограничен интерфејс и можност за прилагодување. Брзо излезе 7.5 па малце се ублажија лошите импресии.
Но под хауба јасно беше дека WP e платформа која сака да ги донесе новите трендови на комуникација се поблиску до луѓето што не сакаат да се замараат со технички поединости и подесувања. На пример дали пишувам порака на FB, messenger или SMS се е во еден тред. Едноставно само менувам сервис а пораките стојат во едно. Е сега мизерно е што нема пребарување низ тредот и би е сложил дека можеле малце да се потрудат но тоа е Далеку е од идеално. Убаво се спојуваат корисничките контакти со адресар, крпоративее адресар, FB, twitter, linked in, live, google. На тој начин адресарот постанува вистинско централно досие на комуникација со некого. Можеш да ја видиш целата историја на телфонски повици, разговори со IM, постови на FB. Можеш да си ги залепиш блиските контакти на главен екран и така преку live tile да добиваш нотификација кога ќе се смени нешто во неговиот дигитален свет.
Се работи за целосно различна „влезна врата“ кон истиот облак на комуникација. После период на прилагодување кој е полн со фрустрација заради неисполнети очекувања кои логично би требало да се исполнети, јасно ти станува дека има добра замисла и дел од тоа е и добро остварено.
Кога го поминав ова и после некое време запалив WM 6.5 и се зачудив како воопшто сум можел да го користам, иако тој телефон работеше далаку подобро како стар добар мобилен телефон отколку овој сега што го носам.
Да нагласам уште еднаш. WP е далеку од совршена реализација на концептуалната идеја, но концептот има смисол. Еднаш кога ќе се прилагодиш, а нема да мора посебно да вложуваш туку играј со него како што те води че видиш дека е интересно смислен концет. Верувам дека со WP 8.1 доста работи ќе си добијат своја подобра изведба.