Автор Тема: Андроид Апликации и Телефони  (Прочитано 1108969 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #885 на: 16 Февруари 2013, 21:06:19 pm »
Па најверојатно не ти е погодена резолуцијата на екранот, јас имам инсталација за 320х240, што секако е мала за тој телефон.
Кој има инсталација со поголема резолуција, нека ти остави линк

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #886 на: 16 Февруари 2013, 21:35:29 pm »
^^ Ти треба 720 x 1280 резолуција. Пробај инсталирај го Ова.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #887 на: 17 Февруари 2013, 12:27:20 pm »
Ајде и јас да се смешам во темава од која појма немам :) ,имам од неодамна ZTE Grand IX in http://www.gsmarena.com/zte_grand_x_in-4962.php ,искрено за парите телефонов е одличен,но имам едно прашање,кога одам во менаџирање на задачи гледам дека има повеќе апликации отворени кои работат во позадина и на секоја од нив пишива „затвори“ или има опција затвори се“,кога немам направено затвори се,да ги исклучам непотребните задачи што го успоруваат мобилниот го оптеретуваат,во следната опција “ресурси“ на CPU  е во ред 2-3% искористеност,но на меморијата оди дури до 80% ,потоа кога ќе се вратам на “задачи“ и ги исклучам сите на #затвори се#  и да проверам во ресурси меморија,ми покажува 40%,значи ли дека треба секогаш да ја правам оваа постапка за да не се оптеретува меморијата и притоа да биде побрз мобилниот,или незнам што правам :(

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #888 на: 17 Февруари 2013, 12:30:37 pm »
Да, така треба, ја со android assistance апликацијата ги гасам апликациите кои работат.
Симни си ја од play store, корисна апликација е, имаш опции да ги затвораш апликациите што работат, имаш опции да чистиш cache, имаш опција да влегуваш во мемориската картица, имаш опција да префрлуваш апликации од телефон на мемориска и обратно, значи во оваа апликација има вградено неколку други апликации

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #889 на: 17 Февруари 2013, 12:31:34 pm »
Ако не ти смета немора секогаш да го правиш тоа, а ако ти смета мораш. Има апликација за таа работа, task kiler.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #890 на: 17 Февруари 2013, 12:32:49 pm »
^^^ Инсталирај си Task Killer. И после се мести автоматски да ги ,,убива'' процесите.
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.rechild.advancedtaskkiller&feature=search_result#?t=W251bGwsMSwyLDEsImNvbS5yZWNoaWxkLmFkdmFuY2VkdGFza2tpbGxlciJd

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #891 на: 17 Февруари 2013, 12:59:58 pm »
Не може да се намести автоматски,вели дека овој андроид оперативен систем 4.0 може само со селектирање да ги исклучува акциите,значи исто е како да си отворам и да ги изгаснам сам,или јас не разбирам,мене ми треба некој програм што автоматски после исклучување на екранот,да ги избрише отворените апликации,т.е. да ги затвори,

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #892 на: 17 Февруари 2013, 13:13:46 pm »
Епа добро, ништо страшно и ако сам ги исклучуваш

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #893 на: 17 Февруари 2013, 13:19:52 pm »
Да така ќе правам,најдов една одлична рецензија за овој телефон,да не отварам нова тема може и тука да се дискутира ако некој има желба,бидејќи телефонов е одличен и според перформансите е во класата на скапите смарт телефони,зато подобро може да се прочите и на следниов линк http://www.it.com.mk/forum/index.php?threads/zte-grand-x-in.30970/ мене најмногу ми смета тоа што батеријата ја цеди за еден ден ако покапеш на интернет,без интернет и youtube 5 дена,само со разговори  ;D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #894 на: 17 Февруари 2013, 13:28:57 pm »
Епа така е другар, еве ја успеав на мојов телефон 4 дена и 3 часа да издржи батеријата, 3G ми е постојано уклучен, ама не уклучував ни нет, ни било која друга апликација што бара нет, и издржа, иначе готово, ја јаде батеријата :)
А недај боже игра да пуштиш, ја цеди батеријата, мислиш бојлер си пуштил :D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #895 на: 17 Февруари 2013, 13:39:17 pm »
Не може да се намести автоматски
Стави виџет на homescreen-от и само на човечето ќе стискаш еднаш, да не влегуваш во апликацијата.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #896 на: 17 Февруари 2013, 13:43:09 pm »
Не може да се намести автоматски
Стави виџет на homescreen-от и само на човечето ќе стискаш еднаш, да не влегуваш во апликацијата.
аха,ок готово

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #897 на: 17 Февруари 2013, 15:18:59 pm »
Таск килери на понов андроид не само што не се потребни, него имаат и контра-ефект.

http://www.droid-life.com/2011/06/02/revisiting-android-task-killers-and-why-you-dont-need-one/

http://www.howtogeek.com/127388/htg-explains-why-you-shouldnt-use-a-task-killer-on-android/

http://androidandme.com/2011/11/applications/real-world-tests-show-task-killers-still-dont-give-you-better-battery-life/

Со други зборови, не се замарајте. Resource management системите на Андроид се мноооогу унапредени.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #898 на: 17 Февруари 2013, 15:28:49 pm »
Таск килери на понов андроид не само што не се потребни, него имаат и контра-ефект.

http://www.droid-life.com/2011/06/02/revisiting-android-task-killers-and-why-you-dont-need-one/

http://www.howtogeek.com/127388/htg-explains-why-you-shouldnt-use-a-task-killer-on-android/

http://androidandme.com/2011/11/applications/real-world-tests-show-task-killers-still-dont-give-you-better-battery-life/

Со други зборови, не се замарајте. Resource management системите на Андроид се мноооогу унапредени.

ја користам таск килер само ради скајп. еднаш кога ќе гоупалиш си седи безобразно у меморија ко цел телефон за него да е...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #899 на: 17 Февруари 2013, 15:43:07 pm »
^^
Точно, плус зошто за џабе да ти троши батерија кога не ја користиш апликацијата