Како беше процедурата за порачка на телефон од алиекспрес ? Се плаќаше нешто ддв или царина и дали се исплати да се ризикува ? @KaZaN знам ти имаше нарачувано, па ако може да ми пијасниш
Си праиш нарачка. Кога ќе стигне во Македонија нарачката, ќе ти стигне дома писмо од царина со известување дека имаш пратка. Во известувањето ќе ти пишува која дополнителна документација ти е потребна (обично бараат printscreen од порачката и извод од сметката со која си плаќал). Со се тоа спремно идеш на шалтерот на царина у пошта, поднесуваш документи и нарачката ти е веќе у процедура. Откако ќе заврши процедурата, пак ќе ти стигне од пошта, картончето за подигнување и уплатница да платиш ДДВ.
За да скратиш процедура, прати си цело време на тракинг до кај ти е нарачката. У моментот кога ќе стигне у Македонија, идеш право на шалтер на царина и поднесуваш документите. Царинските процедури се ден-два. После тоа, со тракинг бројчето у пошта, ќе си платиш што треба и си завршил работа. Јас барем така напраив.
Вака беше кај мене, со двата телефони шо ги нарачав.
Значи плаќаш само ДДВ, а не царина. ДДВ 18% од сумата што си ја платил, плус 100-200 денари некоја провизија на шалтер шо зимаат.
Sent from my Redmi Note 4x