Моето искуство со Шаоми е хит енд мис. Powerbank-от ми се погоди ептен, и многу го користев на патувања.
Имам Mi Box 3 (мислам) и од врееееееееееееееме на време знае да се изглупира, да се блокира на стримање на некој фајл, ама ретко се случува. Нетфлиџ-метфлиџ, Јутуп, HBO GO и компанија си работат беспрекорно. Немам ама баш никаква замерка.
Имам и пар Ми Гајтанлес сијалици, си ги контолирам преку Google Home. Функционираат одлично, иако имав малку мука да ги врзам на мрежа ради слаб вифи сигнал, ама ги врзав на вифи поблиску до рутерот, си ги префрлив кај мене, си работат одлично.