Dacia Lodgy, Great Wall Hover H5 и Mitsubishi Outlander ги отпишувам одма. Лоџи е ок количе, ама не е за кола на годината, а Кинезот и Јапанацот ќе се борат за SUV на годината. Остануваат Optima, A-Class, Leon, 301 & Civic. 301 мислам дека нема шанси.
Мој избор се Оптима и А-класа. Оптимата нема да добие (пошто лани доби Киа Рио), нити пак Цивикот (едноставно не ми штима, не можам да сконтам зашто). Реално, остануваат А-класа и Леон. Било кој од овие да победи, ќе биде одличен избор, али повеќе се навалувам накај Леон, највеќе ради цена.