Во принцип е солидно изработен HW но екранот ни од далеку не е тоа што нудат amoled верзиите. Телефонската функција е многу бавна. Можеби затоа што има неколку адресари врзани од кои некои се онлајн па нив ги пребарува ( моја перцепција е не мора да е точно ) и е бавен во тој момент. Интерфејсот има еден куп филигрански нотификации што ми одат на живци исто како што на windows не им ги варам оние глупи ситни икони во таскбар (интерфејс од минатата декада). Премногу вгенздување на подесувањата низ менија. Концептот на апликации и widget-и не ми нуди конзистентно корисничко искуство.
Највеќе има забелешки дека и покарај тоа што го носам со мене повеќе од 2 месеци секој ден и го користам постојано чувство е дека е бавен и споро ги апсорбрам основните финти.
Само пак да нагласам е дека јас не се обидувам да го совладам системот, едноставно одам на филозофија no brainer. Не сакм да се замарам и не трошам време да го прилагодам. Може еден ден ќе ми светне вистинско сијаличе па ќе можам да го пофалам.
Што се однесува до изборот на „погрешен телефон“ повторно ќе се навратам на приказната платформа vs производител. Немам намера да го барам кривецот. Едноствно за мене не функционира лошата врска, и за тоа подеднакво се виновни и Sony и Google и Јас. Просто кажано не е секој телфон за сељак, јас ќе одам да барам од тие за сељаците. И уште еднаш, многу улога има целиот еко систем што секојдневно се употребува. Иако имам маил на Google и користам Google Apps за некои работи сепак мојот начин на дигитално битисувањ тежнее кон MS сервисите од таму и поедноствното прилгодување кога имам WP.
Значи OOB (out of box ) не ме освои Xperia SP.