Телефонот заврши на официјален нокиа сервис поради прекраткото трање на батеријата, но најинтересно беше - не е до телефонот! T-mobile имаат земено нова (од муабет, кинеска веројатно) централа - 4G, која има некои проблеми со некои телефони, од сите производители, нокиа, хтц, самсунг, епл итн.
Проблемот се состои во тоа што ако ви е уклучен 3G, 4G (LTE), батеријата ви се троши многу побрзо, има моменти кога сте недостапни и кога не може да бирате, и доста често праи „network search".
Решение, по совет од овластениот NOKIA сервис, кој воедно има и тестни телефони за дата логинг за да откријат кај е проблемот со мрежата на телеком е - да се користи 2G режим на дата пренос.
По разговор со неколку луѓе деновиве, открив дека проблемот навистина е доста раширен, колега на работа со Iphone 4s, друг пријател со Iphone 5, HTC со некој андроид исто...
Значи, ако имате проблем со достапност и кратко трање на батерија, свичнете се на 2G, Има да биде препород! Сега батерија ми трае скоро два дена со нормално интензивно користење. 3G i 4G палам само по потреба, со едно апликацииче за на старт скрин - одма до Phone апликацијата.
Сервисот на NOKIA може да го пофалам за професионалноста. Телеком - хм, како и секогаш до сеа, ќе донесат добра иновација -- имплементацијата, македонска.