Да споделам искуство после кратко работење со Лумниа 520 (на девојка ми) ..
Ептен пријатно сум изненаден како сето тоа функционира и е осмислено. Едноставно во ниеден момент на работа не се чувствува промена во брзината на „движењето“ низ менито и извршувањето на командите. Телефонот (инаку се доплати само 6500 ден во обнова на договор) вреди сигурно 10-20% повеќе, квалитетна изработка, одличен екран и бои, хардвер на место .... што ме тера да мислам дека Микрософт/Нокиа одат со дампинг цени за да го зголемат учеството на Прозорец платформата. Симнати неколку апликации од овие попоуларните, си функционираат најнормално, ма да има и доста апликации на Нокиа така да потребата за нови и не е така голема. Камерата е одлична, дури и за ноќни слики (нема блиц)
Приспособувањето на Прозорец
платформата нема да трае премногу за Андроид корисник.
Единствена замерка за Нокиа до сега ми е тоа што, нивната апликација за навигација во овој модел е ограничена само на една држава (без разлика на СИМ картичката
) што од една страна е педерски, ама од нивна страна мора нешто + да остават за поскапите телефони.
Не сум задоволен од неговите дистрибутери, поконкретно во случајов ОНЕ. Продавачката ја убедувала девојка ми дека апликациите се плаќале (што не е сосема точно бидејќи како и кај Андроид некои се плаќаат некои не), телефонот не бил изложен воопшто, туку го видела во каталог и за крај немаат сеуште направено упатство за подесување на ММС.
Се на се, дефинитивно серија на телефони што ќе ми бидат во избор при мојата обнова на договор догодина.
Скоро земав Лумиа 520ка, а се мислев помеѓу неа и Алкател некој икс микс и на почетокот бев изнервиран до стадиум да ја фрлам нокијата, за после 2-3 дена да сум пресреќен поради изборот. Телефончето си лета, да не го урочам воопшто не засецкува, баш онака како што си пишал погоре. Камерата е одлична иако нема блиц. Мене ми требаа неколку дена да влезам у шемата на виндоус платформата, али ништо страшно.
Не ми јасно малце за навигацијата тоа што си го напишал. Како што знам се што треба да направиш е да си ги симнеш потребните мапи, да пушутш ГПС и си тераш без проблем, не ти треба интернет воопшто. Јас иам само за македонија симнато, ја иам пробано низ скопјево само и е одлична.
Иначе, за реалната цена на телефоно, не знам колку е, јас го земав без пари, а во Оне е 11000 само телефон, на пазар3 сретнав две и двете се продаваа по 150 евра.