Дали некој има некакво искуство со Nokia Lumia 900?
Имам, со мене ја носам скоро 2 години.
Ај ако не ти е мука, мавни една сумаризација, било тука, било у ПП.
Одлично склопен уред во изведба. Одличен екран и целокупниот филинг за квалитет. После 2 години и нешто тора, батеријата олабави како и кај секој смартфон кој е 24ч на 3G и со доста редовно запален екран. Во моментов чека да му сменам нова, стигната само да се нафатам да го отворам.
Она што нема да ти се допаѓа е просперитетот на платформата. Иако во моментов има колку толку апликации употребливи, се помалку ќе ги има. Nokia го држи во кондиција со совои апликации кои ги нема за други модели. Nokia Drive, како најдобрата варијанта за бесплатно и кеширано навигирање во поголемиот дел на светски признатите земји во ОН го прави примамлив за „непродавање“ ако немаш намера пак да земеш Nokia во понова генерација.
Генерално уредот е со топ квалитет, ако не ти смета Windows Phone 7.8 што застарува побрзо од вообичаено и ако не ти смета што е Windows Phone воопшто. Јас лично ќе се држам до платфомата веројатно уште една година нема да го сменам со 8 бидејки сега ми ги покрива сите вообичаени деловни и социјални активности (освен форумов што не го следам на него, ама тоа не го гледам како негативна особина, напротив).
Камерата е сосема доволна за да не осеќам потреба да носам дополнителен апарат во категирја „point&shoot" иако мислам дека имало и подобри што сум ги сретнал во класата.
Не знам друго дали нешто што би ти помогнало ..слободно фрли листа прашања. Е да, да не заборавам skype заборави ептен од зорт некоја порака само ако сакаш да читнеш, Viber клацка, не сум го тестирал доволно да кажам дека е совршено.