Subaru XV
Ова е кола што дури купував се појави по нет како нов модел на Субару кој што секој момент треба да почне да се продава. Одма проверив кај Субару застапникот кога би ја имало кај нас.. За жал стигна кон крајот на годинава, така да не беше во игра при купувањето. Кога ја видов во живо (перла бела боја), ме бендиса уште повеќе него на слики и чисто информативно отидов да проверам колку чини и што опрема има. И покрај сознанието дека тазе сум купил и дека нема да купувам наскоро, ми понудија да ја пробам. Да напоменам дека во тестирањето учествуваше и уште еден мој пријател кој што исто тазе купи ЦР-В (3 месеца после мене), па можевме двајца да споредиме како е и што во однос на нашите ЦР-В иња. XV -то што го пробавме е со прилично многу опрема, и е дизел боксер мотор. Го возевме по обиколница, и јас сакав да го пробам на Водно и тоа кога имаше снег (го пробав до Средно Водно, па накај Пантелјмон до Скопје).
Да спомнам дека внатрешноста е далеку подобро направена од Форестер -от (кој што кај да е исто ќе има нов модел па веројатно ќе биде далеку подобар исто), и баш ме бендисува како е направено. Едноставно, ама сепак модерно и дури и луксузно. Замерка имам на тврдата пластика што ја има на некои места внатре, а посебно кај воланот, па при возење знае да закрцка. Надворешно мене ептен ми се допаѓа, поготово во бојата што беше (перла бела). Исто седењето е прилично удобно, и доста брзо се наместив во удобна позиција. После кратко возење низ Скопје излегов на автопат. Моторот е прилично рафиниран, не е бучен и влече постојано многу добро. Ме зачуди што има снага и на повисоки вртежи , и не знам како би бил бензинецот ама дизелскава верзија е тамам за ова возило. Постигнав некои си 160-170 км/ч и ептен добро се држи (не возев побрзо бидејќи беше ладно и потенцијално лизгаво). Многу стабилно, прецизно. Целото искуство на возење многу ме подсети на BMW X1, со тоа што ако се спореди цената, тоа што кај BMW e почетен модел, овде е модел со многу добар мотор , и многу опрема. Главна маана е просторот во багажник, далеку помал од ЦР-В -то. Меѓутоа ако тоа не е приоритет, ова вози подобро.Далеку подобро дури. После автопат како што спомнав ме интересираше како ќе се снаоѓа на Водно и по снег. По кривините на Водно држи ептен добро, и бидејќи беше на моменти и заледено, знаеше да проклизи меѓутоа многу контролирано. Никогаш не изгубив контрола , и ептен прецизно се управува. Во делот од Средно до Пантелејмон имаше подлабок снег, и немаше коли , освен една Шкода Јети со погон на 4 тркала (имаше дипломатски таблички), која после извесно време се паркираше на страна да не пропушти. По тој дел исто не се случи да изгубам контрола , или да проклизам неконтролирано, или да се борам со колата. Се вклучуваше дефинитивно електрониката на моменти, ама целиот осет е КОНТРОЛА и ПРЕЦИЗНО УПРАВУВАЊЕ.
Се на се ако некој сака по спортски СУВ кај што приоритет не е простор внатре , туку повеќе возачкото искуство, и тоа накај спортска нота, кој што може да замиже на крцкавата пластика на одредени делови , кој што сака стварно стабилна и прецизна кола, треба сериозно да го разгледа овој модел.
Мене лично Мазда -та сеуште ми е најдобар склоп од све , ама ова XV е поспортска варијанта (Mazda -та е исто така стабилна, ама поудобна, а Субару -то е по спортско).
поздрав
Дарко