Автор Тема: Во потрага по компактен СУВ  (Прочитано 61363 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #390 на: 04 Март 2013, 19:01:51 pm »
100че на Форд Куга 2.0тдци
Мислам дека кугата не би му ги исполнила стандардите за просторност, а и со опремата која што би сакал да ја купи мислам дека би била многу скапа. РАВ4 исто така не е спомнат, али сепак мислам дека и тоа отпаднало од опција поради високата цена. За фордот заборавив да напоменам дека по муабетите на крелл, сметам дека не би му одговарала гаранцијата, ако не се лажам не е повеќе од 2-3 години кај форд. Абе гарант купил ЦР-В, ем 5 години гаранција, ем Хондата кај нас се продава со најфул опрема, само прашањето е 2.0 iVtec ili 2.2 iDtec(или како и да се вика дизелот) :D


Идејата ми беше да ги споделам искустата од тестирањата на возилата, амо ако сакате ќе прејдам одма на тоа што одлучив да купам :)

И дефинитивно добро размислуваш :) Не е Форд..

поздрав

Дарко
Не бе, таман работа одма да прејдеш и да го сецнеш сеа најинтерсното. Терај си вака степ бај степ, јас само давам мислење за да си стои на писмено, за на крај да видиме дали сум погодил. Инаку сеа видов и витара дека си имал, ама со оглед на тоа што не ми делува по твој вкус во поглед на опременост, гаранција, моторизација и сите оние гаџети кои што би ги сакал одма ја тргам од листата. Така што останува ЦР-В како главен фаворит и сум 95% сигурен дека си го купил :D

Поздрав,

Игор ;D
Ај со здравје да си го возиш црв-от :) видиш, си знаев јас што си купил ти и за малце ќе ти го расипев изненадувањето. Супер избор си направил, честито.


Фала.. Да си купиш поубаво (Mazda CX5 ) :)


Поздрав

Дарко

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #391 на: 04 Март 2013, 23:02:20 pm »
Што убава тема ако на некој му текне да си купува SUV :)
Баш сакам да слушнам за Subaruto,  бидејки од гледање клипови тоа ми изгледа најспретно од сите :)
Инаку пуно километри да си поминеш со ЦРВот. Мене многу ми е личен, посебно црвениот и белиот :D

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3075
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #392 на: 04 Март 2013, 23:19:31 pm »
Си требал да го пробаш Форестерот.

форестереот може е добро возило, ама внатре ми личи ко да е 10 години стар модел.Исто цената кога ќе ставиш опрема испаѓа доста висока.  Инаку го чекав Subaru XV ама бидејќи не стигна, решив сепак да купам. .Инаку SV -то имав прилика да го пробам пред месец дена ако ве интересира ќе споделам искуство.

поздрав

Дарко

Да, внатрешноста е едноставна, и тоа за мене е плус. Незнам каков е ЦРВ-то, али сум возел бемвиња и аудија (нормално со мн опрема) и незнаеш на кое дугме да стиснеш. Затоа па Мерцедесите се многу поедноставни.

SV-то ни јас не го пробав, нити искрено ме интересира, некако прешминкерско ми е. Би сакал да го пробам Трибеката и новиот форестер со 2литарски турбо мотор, тоа ќе биде брзо џипче.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #393 на: 05 Март 2013, 10:04:47 am »
Многу убаво возило, но и покрај сите тестови што си ги истестирал и си ги извозел на крајот пак си направил компромис!


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #394 на: 05 Март 2013, 10:08:18 am »
Јас се надевав дека Паџеро земал.


Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #395 на: 05 Март 2013, 10:09:59 am »
Јас не искрено, читајќи ги текстовите можеше да се забележи дека е одушевен од јапонските возила во глобала, но со моторот напраил компромис  !

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #396 на: 05 Март 2013, 19:25:29 pm »
Зачистено од непотребно копрофагирање.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #397 на: 06 Март 2013, 11:23:28 am »
Фала Класен !  :)


Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #398 на: 06 Март 2013, 16:43:26 pm »
Туку, нели имаше уште некој тест? Ајде заврши ја работата до крај, не значи дека ако дознавме што кола си купил дека ни е опаднат интересот за читање на други тестови ;)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #399 на: 06 Март 2013, 17:23:43 pm »
Subaru XV :) Ова е кола што дури купував се појави по нет како нов модел на Субару кој што секој момент треба да почне да се продава. Одма проверив кај Субару застапникот кога би ја имало кај нас.. За жал стигна кон крајот на годинава, така да не беше во игра при купувањето. Кога ја видов во живо (перла бела боја), ме бендиса уште повеќе него на слики и чисто информативно отидов да проверам колку чини и што опрема има. И покрај сознанието дека тазе сум купил  и дека нема да купувам наскоро, ми понудија да ја пробам. Да напоменам дека во тестирањето учествуваше и уште еден мој пријател кој што исто тазе купи ЦР-В (3 месеца после мене), па можевме двајца да споредиме како е и што во однос на нашите ЦР-В иња. XV -то што го пробавме е со прилично многу опрема, и е дизел боксер мотор. Го возевме по обиколница, и јас сакав да го пробам на Водно и тоа кога имаше снег (го пробав до Средно Водно, па накај Пантелјмон до Скопје).

Да спомнам дека внатрешноста е далеку подобро направена од Форестер -от (кој што кај да е исто ќе има нов модел па веројатно ќе биде далеку подобар исто), и баш ме бендисува како е направено. Едноставно, ама сепак модерно и дури  и луксузно. Замерка имам на тврдата пластика што ја има на некои места внатре, а посебно кај воланот, па при возење знае да закрцка. Надворешно мене ептен ми се допаѓа, поготово во бојата што беше (перла бела). Исто седењето е прилично удобно,  и доста брзо се наместив во удобна позиција. После кратко возење низ Скопје излегов на автопат. Моторот е прилично рафиниран, не е бучен и влече постојано многу добро. Ме зачуди што има снага и на повисоки вртежи , и  не знам како би бил бензинецот ама дизелскава верзија е тамам за ова возило. Постигнав некои си 160-170 км/ч и ептен  добро се држи (не возев побрзо бидејќи беше ладно и потенцијално лизгаво). Многу стабилно, прецизно. Целото искуство на возење многу ме подсети на BMW X1, со тоа што ако се спореди цената, тоа што кај BMW e почетен модел, овде е модел со многу добар мотор , и многу опрема. Главна маана е просторот во багажник, далеку помал од ЦР-В -то. Меѓутоа ако тоа не е приоритет, ова вози подобро.Далеку подобро дури. После автопат како што спомнав ме интересираше како ќе се снаоѓа на Водно и по снег. По кривините на Водно држи ептен добро, и бидејќи беше на моменти и заледено, знаеше да проклизи меѓутоа многу контролирано. Никогаш не изгубив контрола , и ептен прецизно се управува. Во делот од Средно до Пантелејмон имаше подлабок снег, и немаше коли , освен една Шкода Јети со погон на 4 тркала (имаше дипломатски таблички), која после извесно време се паркираше на страна да не пропушти. По тој дел исто не се случи да изгубам контрола , или да проклизам неконтролирано, или да се борам со колата. Се вклучуваше дефинитивно електрониката на моменти, ама целиот осет е КОНТРОЛА и ПРЕЦИЗНО УПРАВУВАЊЕ.

Се на се ако некој сака по спортски СУВ кај што приоритет не е простор внатре , туку повеќе возачкото искуство, и тоа накај спортска нота, кој што може да замиже на крцкавата пластика на одредени делови , кој што сака стварно стабилна и прецизна кола, треба сериозно да го разгледа овој модел.

Мене лично Мазда -та сеуште ми е најдобар склоп од све , ама ова XV е поспортска варијанта (Mazda -та е исто така стабилна, ама поудобна, а Субару -то е по спортско).


поздрав

Дарко

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 444
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #400 на: 04 Јануари 2014, 17:55:02 pm »
Ја читав темата!Планирам да земам Hyundai ix35!Сега со оглед на тоа дека нови ми го надминуваат буџетот би одел на половно.Ќе треба да биде замена за Ауди,па поради тоа сакам да е со повисока опрема.

Сувов го посакував уште кога излезе,но откако пред 2-3 месеци го видов во Словенија решив дека е време што поскоро да се подновам.

Потребно или поинаку кажано сакам пред се да има автоматска клима,кваки,браници во боја на каросерија,фелни поголеми и панорама кров.

Дали има некој од форумов да предложи некое од некој пријател или некое што го видел?

Да напоменам буџетот ми е 13000 евра до 15000 евра максимум ако ги исполнува горенаведените услови.Не сум бил да гледам ништо бидејќи до вчера бев на работа.Единствено само по огласиве,али ретко некој да исполнува услови.Од денес сум слободен,па ќе се ангажирам повеќе....Сепак препорачајте доколку ви налета нешто интересно.Ќе ви биде сигурно надоместено.



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #401 на: 04 Јануари 2014, 17:59:00 pm »

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #402 на: 04 Јануари 2014, 19:05:07 pm »
Субаруто е одлично, стално го преопрачаува Дени, ама зашто стои тоооолку време на оглас? цела година бре...

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #403 на: 04 Јануари 2014, 19:08:57 pm »
Abe nema vrska kolku stoj, so ima vrska toa, za sekoja roba postoj soodveten kupec, znaes oti stoj oti se nalupaa krsevi od uvoz za 1500 eur kanti i narodot samo toa kupuva ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #404 на: 04 Јануари 2014, 19:10:44 pm »
Субаруто е одлично, стално го преопрачаува Дени, ама зашто стои тоооолку време на оглас? цела година бре...
Зошто е бензинец, и зошто појма нема просечниот граѓанин што кола е тоа.