Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1351251 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #6600 на: 29 Јануари 2015, 07:50:06 am »
Кои се тие закони на економија кои ја кренаа нафтата во 2008 на 3 пати повисока цена од онаа 6 месеци претходно?
Кои се тие закони на економија кои ја треснаа после 6 месеци од пикот 128$ ја треснаа на 38$?
Кои се тие закони на економија кои ја направија цената ваква како што е сега?

Цената на нафтата нема апсолутно никаква врска со ниту еден закон на економијата. Кога ќе го разбереме тоа, нема да бидеме изненадени со 200$ барел за некоја година.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Цена на горива
« Одговори #6601 на: 29 Јануари 2015, 07:58:25 am »
И економијата како општествена наука благе везе нема. Што не намалат сега сите претпријатија цените па да остваруваат економии од обем ?
Исто така економијата претпоставува дека човекот е рационално суштество, рационално се однесува, ама во реалноста не е така.
Ова општествениве науки се само млатење празна слама, ко демек постојат општествени закони. Да постојат, ама ги диктираат некои големци, олигарси за нивна полза.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Цена на горива
« Одговори #6602 на: 29 Јануари 2015, 09:02:17 am »
Најголем губитник у целава ситуација е Буџетот на РМ, сите други добиваат.




Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Цена на горива
« Одговори #6603 на: 29 Јануари 2015, 09:05:09 am »
Знаеш како се „надокнадува“ дупка во буџетот така? Како тогаш сите други „добиваат“?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Цена на горива
« Одговори #6604 на: 29 Јануари 2015, 09:32:44 am »
Ќе видиме од каде ќе надокнадат..

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Цена на горива
« Одговори #6605 на: 29 Јануари 2015, 09:51:36 am »
Најголем губитник у целава ситуација е Буџетот на РМ, сите други добиваат.





освен со намалениот данок на профит кој се мери во проценти кои почнуваат со 0,ХХ не гледам колку е тоа губитник буџетот, бидејки он од горивото се храни преку акцизата кој е фиксна сума, без оглед колку е малопродажната цена... уствари, ни тие не ги гибу туку напротив се зголемува. повеќето луѓе имаат квота-сума на месечни средства одвоени за гориво и ја користи таа сума постојано и фиксно. дали ке тури 30 литри по 50 денри или 20 литри по 75 денари за буџетот на рм е исто, бидејки данокот на приход (профит) е ист и за пумпата и за државата.. само поединецот-потрошувачот добива повеќе добра за истите пари... а да.. и поише издувни гасови во загадениот воздух....

од друга страна знам дека се дискутираше дека на пумпите имаат во просек 3 денари од литро ќар. е па на 20 литри  ќе имаат ѓар 60 денари и ќе платат данок на добивка за 60 денари... на 30 литри ќе имаат ќар 90 денари и ќе платат автоматски повеќе данок.. плус поради фиксната сума на акцизата, на повеке продадени литри гориво, автоматски има поголема сума на акцизи по гориво... не да не е во губиток, туку на државата АПСОЛУТНО и одговара повеке да биде цената на горивото пониска.. повеќе заработува и се полни буџетот...

вин-вин ситуација за сите... не гледам како државата е во загуба? со што е во загуба?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17454
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Цена на горива
« Одговори #6606 на: 29 Јануари 2015, 10:23:31 am »
(1) И економијата како општествена наука благе везе нема. Што не намалат сега сите претпријатија цените па да остваруваат економии од обем ?
(2) Исто така економијата претпоставува дека човекот е рационално суштество, рационално се однесува, ама во реалноста не е така.
(3)Ова општествениве науки се само млатење празна слама, ко демек постојат општествени закони. Да постојат, ама ги диктираат некои големци, олигарси за нивна полза.

(1) :D :D :D :D :D :D :D :D :D

Edit: леле леле читам подетално што пишал уште толку се смеам ;D

(2) Ако ти и тие околу тебе не се рационални, треба да погледнеш подалеку од дворот. Економијата ги следи однесувањата на единките во економиите кои имаат некое влијание во светот, а не во Кисела Вода или Македонија, вукојебина на Балканот.

(3) Шта речи.
« Последно менување: 29 Јануари 2015, 10:29:09 am MartinAlfista »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Цена на горива
« Одговори #6607 на: 29 Јануари 2015, 10:29:32 am »
@ Onak, не е фиксна акцизата, си има закон за акцизи провери си.

Другото нема везе со ралноста ...

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Цена на горива
« Одговори #6608 на: 29 Јануари 2015, 10:46:03 am »
Скоро па фиксна е акцизата, т.е. варира ~+- 0,02 денари. Акцизата не е процент за разлика од данокот. Затоа државата никако не е погодена од ниската цена на нафтата и тоа е тоа што го зборам дека пресметката за цената на нафтата е реална спрема берза, на владата и е сеедно, и да е 10 денари литро нафта, она пак ке земе 35 денари за акциза и екологија.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Цена на горива
« Одговори #6609 на: 29 Јануари 2015, 11:56:24 am »
Така е Додо 100% си во право... Моментално и самите бензиски имаат многу поголем ќар со ценава пошто лапаат од литро така да работава е Ем волкот сит ем овците на број.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Цена на горива
« Одговори #6610 на: 29 Јануари 2015, 12:32:35 pm »
@achtung Може да објасниш малку поопширно како моментално бензиските имаат поголем кар во моментов ?
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34068
  • Таков е животот... јебига
Одг: Цена на горива
« Одговори #6611 на: 29 Јануари 2015, 12:34:11 pm »
Кои се тие закони на економија кои ја кренаа нафтата во 2008 на 3 пати повисока цена од онаа 6 месеци претходно?
Кои се тие закони на економија кои ја треснаа после 6 месеци од пикот 128$ ја треснаа на 38$?
Кои се тие закони на економија кои ја направија цената ваква како што е сега?

Цената на нафтата нема апсолутно никаква врска со ниту еден закон на економијата. Кога ќе го разбереме тоа, нема да бидеме изненадени со 200$ барел за некоја година.

Симо. Ако не ти се студира економија замоли да ти објаснам, немој да викаш дека нема врска со ниеден економски закон, затоа што има.
Еве ќе ти дадам еден хинт: падот на цената на нафтата во голема мерка е предизвикана од ПИОЛОТИЧКИ одлуки а не од економски. Башка економските закони се многу комплицирани и не постои едноставен одговор на твоите прашања од погоре. Али не ме мрзи да дискутирам за истите.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Цена на горива
« Одговори #6612 на: 29 Јануари 2015, 12:38:28 pm »
@achtung Може да објасниш малку поопширно како моментално бензиските имаат поголем кар во моментов ?
Прочитај два поста погоре од онак и ќе ти стане јасно или еве ти едно просто објаснување - ќар од литар 3 денара, за 1000ка ставаш 20литра дизел автоматски 60 денара ќар, по стара цена за 1000ка ставаш 15 литра дизел што автоматски носи 45 денара ќар. Инаку бензиските најмногу ќар дефинитивно имаат од плинот (потврдено од газда на приватна бензиска пумпа) и е минимум 7-8 денара па нагоре!
Да додадам и дека на овие цени народот е поопуштен и повеќе троши.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Цена на горива
« Одговори #6613 на: 29 Јануари 2015, 12:44:01 pm »
Јас сакам економијата да не се третира како наука. Нема ништо научно тука, се се базира на политика и шпекулација. Се знае што е наука: физика, математика, електротехника... области каде што секогаш 2+2=4 а не 2+2=8 затоа што има акциза и ддв, ама утре може да биде и 10 затоа што некој се предомислил. Нели Миле? Астрономија да, економија не :)

Незнам дали прочитавте изјава од некој од некоја руска нафтена компанија (немора да значи дека веста е точна), каде велат дека нив оперативните трошоци за производство им се 3 долари по барел а на американските им се по 12-13 долари по барел, па се додека е над 30 долари цената, нив им се исплати. Така да цената  апсолутно нема никаква врска со побарувачката и потрошувачката како ни со трошоците за производство и транспорт и се останато. Едноставно е политичка одлука.

Едит: Целосно се согласувам со изјавата на ахтунг, затоа и неколку пати тука тврдев дека нема зашто регулатнорна да не дупи со цената, државата си зема фиксна сума, а акога е поефтино повеќе се троши па го надокнадуваат и делот од ддв а најверојатно и го и прекорачуваат.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7372
Одг: Цена на горива
« Одговори #6614 на: 29 Јануари 2015, 12:48:10 pm »
Кои се тие закони на економија кои ја кренаа нафтата во 2008 на 3 пати повисока цена од онаа 6 месеци претходно?
Кои се тие закони на економија кои ја треснаа после 6 месеци од пикот 128$ ја треснаа на 38$?
Кои се тие закони на економија кои ја направија цената ваква како што е сега?

Цената на нафтата нема апсолутно никаква врска со ниту еден закон на економијата. Кога ќе го разбереме тоа, нема да бидеме изненадени со 200$ барел за некоја година.

Симо. Ако не ти се студира економија замоли да ти објаснам, немој да викаш дека нема врска со ниеден економски закон, затоа што има.
Еве ќе ти дадам еден хинт: падот на цената на нафтата во голема мерка е предизвикана од ПИОЛОТИЧКИ одлуки а не од економски. Башка економските закони се многу комплицирани и не постои едноставен одговор на твоите прашања од погоре. Али не ме мрзи да дискутирам за истите.

Какви црни економски закони. ПОЛИТИКА. Само ПОЛИТИКА и ништо друго. :) Светска политика.