1
Врз основа на член 22, алинеjа 5 од Законот за енергетика (“Службен весник на РМ” бр.
16/2011 и 136/11), член 28 од Законот за акцизите (“Службен весник на РМ” бр. 32/2001,
50/2001, 52/2001, 45/2002, 98/2002, 24/2003, 96/2004, 38/2005, 88/2008, 105/2009, 34/2010 и
55/11), член 28 и 29 од Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ”
бр. 44/99, 86/99, 08/2001, 21/2003, 19/2004, 33/2006, 101/2006, 114/2007, 103/2008, 114/2009 и
133/2009), Законот за животната средина (“Службен весник на РМ“ бр. 53/05) и Уредбата за
начинот на утврдување, пресметување и уплатување на надоместокот за задолжителни
резерви на нафта и нафтени деривати што се плаќаат при увоз и/или производство на
нафтени деривати (“Службен весник на РМ“ бр. 138/09 и 52/11), Регулаторната комисија за
енергетика на Република Македонија, на седницата одржана на 05.12.2011 година, донесе
О Д Л У К А
за определување највисоки цени на одделни
нафтени деривати утврдени согласно Методологијата
Член 1
Претпријатијата кои произведуваат деривати од нафта можат да ги формираат
цените на одделни нафтени деривати така што највисоките производни цени да изнесуваат
и тоа:
а) Моторни бензини ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 36,961
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 38,334
б) Дизел гориво ден/лит
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 43,577
в) Масло за горење ден/лит
- екстра лесно 1 (ЕЛ-1) до 43,154
г) Мазут ден/кг
- М-1 НС до 34,467
Член 2
Претпријатијата и другите правни и физички лица, што вршат промет на нафтени
деривати и увозници (во натамошниот текст: претпријатија) ги формираат цените за
одделни нафтени деривати така што :
A. Највисоките малопродажни цени ( 1 ГРУПА НА ЦЕНИ) да изнесуваат и тоа:
а) Моторни бензини ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 75,00
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 76,50
б) Дизел гориво ден/лит
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 70,502
в) Масло за горење ден/лит
- екстра лесно 1 (ЕЛ-1) до 59,50
г) Мазут ден/кг
- М-1 НС до 42,193
Б. Претпријатијата што вршат промет на нафтени деривати можат да ги формираат
цените за одделни нафтени деривати во однос на највисоките цени од точката А на став 1
на овој член (1 ГРУПА НА ЦЕНИ), освен од подточката “г” и тоа: за 0,5 ден/лит пониски (2
ГРУПА НА ЦЕНИ), за 1,00 ден/лит пониски (3 ГРУПА НА ЦЕНИ) и за 1,5 ден/лит пониски (4
ГРУПА НА ЦЕНИ), согласно следната табела и да изнесуваат:
НАФТЕН ДЕРИВАТ ( 2 ГРУПА
НА ЦЕНИ)
ден/лит
( 3 ГРУПА
НА ЦЕНИ)
ден/лит
( 4 ГРУПА
НА ЦЕНИ)
ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС - 95 74,50 74,00 73,50
ЕУРОСУПЕР БС - 98 76,00 75,50 75,00
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 69,50 69,00
Е Л -1 - ЕКСТРА ЛЕСНО 1 59,00 58,50 58,00
Претпријатијата што вршат промет на нафтени деривати можат да вршат промет на
секој дериват поодделно по една од цените утврдени за тој дериват во една од групите на
цени определени согласно оваа одлука.
Цените од сите четири ценовни групи формирани согласно став 1 на овој член,
освен цената за мазутот М-1 НС, важат франко пумпна станица, а цената на мазутот М-1 НС
важи франко производител во земјата.
Во цените од сите четири ценовни групи формирани согласно став 1 на овој член,
освен во цената за мазутот М-1 НС , содржани се и трошоците за превоз од 0,50 ден/литар.
Во малопродажните цени формирани согласно овој член содржан е данокот на
додадена вредност согласно Законот.
Член 3
Во малопродажните цени утврдени со членот 2 од оваа Одлука содржан е
надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои
согласно Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон и
тоа:
а) Моторни бензини ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 0,080
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 0,0803
б) Дизел гориво ден/лит
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 0,030
в) Масло за горење ден/лит
- екстра лесно 1 (ЕЛ-1) до 0,040
г) Мазут ден/кг
- М-1 НС до 0,050
Член 4
Во малопродажните цени утврдени со членот 2 од оваа Одлука содржан е
надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои согласно Законот
за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го плаќаат обврзниците утврдени со
овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати и тоа:
а) Моторни бензини ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 0,890
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 0,890
б) Дизел гориво ден/лит
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 0,300
в) Масло за горење ден/лит
- екстра лесно 1 (ЕЛ-1) до 0,300
г) Мазут ден/кг
- М-1 НС до 0,740
Член 5
Во малопродажните цени утврдени со членот 2 од оваа одлука акцизите кои ги
плаќаат обврзниците согласно Законот изнесуваат и тоа:
а) Моторни бензини ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 21,927
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 21,827
б) Дизел гориво ден/лит
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 12,138
в) Масло за горење ден/лит
- екстра лесно 1 (ЕЛ-1) до 3,230
г) Мазут ден/кг
- М-1 НС до 0,1004
Член 6
Во малопродажните цени утврдени согласно членот 2 од оваа одлука, трошоците на
прометот на секој поодделен нафтен дериват од секоја ценовна група изнесуваат:
НАФТЕН ДЕРИВАТ Ед.
мерка
(1 ГРУПА
НА ЦЕНИ)
( 2 ГРУПА
НА ЦЕНИ)
(3 ГРУПА НА
ЦЕНИ)
(4 ГРУПА
НА ЦЕНИ)
ЕУРОСУПЕР БС - 95 ден/лит 3,200 2,776 2,353 1,929
ЕУРОСУПЕР БС - 98 ден/лит 3,200 2,776 2,353 1,929
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ден/лит 3,200
2,776 2,353 1,929
Е Л 1 - ЕКСТРА ЛЕСНО 1 ден/лит 3,200
2,776 2,353 1,929
МАЗУТ М-1 НС ден/кг 0,400 0,400 0,400 0,400
Член 7
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од
00:01 часот на 06.12.2011 година и истата ќе се објави во “Службен весник на Република
Македонија” и на веб-страницата на Регулаторната комиосија за енергетика на Република
Македонија.5
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 1,94 %, односно за 1,59 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени
на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на
Република Македонија, од 21.11.2011 година.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период
изнесуваше 108,421 $/барел и е за 3,88% пониска од просечната цена на сурова нафта (112,799 $/барел)
по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 45,7655
ден/$ и е за 1,54% повисок од курсот на доларот (45,0695 ден/$) по кој беа формирани цените.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,59 % или за 42,650
$/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 3,79% или 37,125 $/тон и кај мазутот намалување во
просек за околу 5,57 % или за 36,825 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати
е извршено соодветно прилагодување.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати
според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,94% .
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се
намалуваат во просек за 1,59%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит,
во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 21.11.2011 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-
95 изнесува 75,00 ден/лит на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит. Малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена согласно Одлуката од
21.11.2011 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит. Малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена
согласно Одлуката од 21.11.2011 година. Така цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)
изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,288 ден/кг, во однос
на цената утврдена согласно Одлуката од 21.11.2011 година. Така цената на М-1 НС изнесува 42,193
ден/кг.
За сметка на трошокот на промет (малопродажна маржа), малопродажни цени на нафтените
деривати во однос на највисоките цени (1 ГРУПА НА ЦЕНИ), можат да бидат намалени за: 0,5 ден/лит (2
ГРУПА НА ЦЕНИ), 1,00 ден/лит (3 ГРУПА НА ЦЕНИ) и 1,5 ден/лит (4 ГРУПА НА ЦЕНИ).
Согласно погоре изнесеното, трошоците на промет (малопродажна маржа) за секој нафтен
дериват пооделно изнесуваат: 3,200 ден/лит за (1 ГРУПА НА ЦЕНИ); 2,776 ден/лит за ( 2 ГРУПА НА
ЦЕНИ); 2,353 ден/лит за ( 3 ГРУПА НА ЦЕНИ); 1,929 ден/лит за ( 4 ГРУПА НА ЦЕНИ), додека вредноста на
малопродажната маржа за М-1 и М-2 за сите четири групи има иста вредност и изнесува 0,400 ден/кг.
Ова значи дека претпријатијата што се бават со промет на нафтени деривати, можат да вршат промет
на било кој нафтен дериват пооделно по малопродажни цени утврдени во било која од наведените групи на
малопродажни цени.
Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со
Законот за акцизи. Во малопродажните цени утврдени со оваа Одлука содржани се: надоместокот за
финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го
плаќаат обврзниците утврдени со овој Закон и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и
нафтени деривати кои согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го
плаќаат обврзниците утврдени со овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати.
Бр. 02 - 1649 /1
05.12.2011
ПРЕТСЕДАТЕЛ6
С к о п ј е
Димитар Петров
eve nekolku fakti okolu cenata na gorivta, jasno se gleda kade e najgolemiot kar...
http://www.erc.org.mk/Uploads/ND-C%205%2012%202011%20-%20ODLUKA%20ZA%20CENI%20NA%20ND%20so%20obrazlozenie.pdf