Може помина година како гозборев тоа и никој не ми веруваше, се знае дека ќеги израмнат а мислам и дека ќе помине нагоре дизелот. Па после ќе видам што ќе биде побарано т. дизел или т. бензинец. Смислена работа е тоа.
Ако ги погледнете репортите на комисијата за регулација, ќе видите дека набавната цена на дизелот е повисока од онаа на бензинот. Работата е што нашиве „регулирачи“ се убедени дека индустријава ни` врви на „дизел“ па помал удел има државата во крајната цена на дизелот - као демек стимул...
а не знаат дека индустријата е на плин

А бе на све е, и на дизел и на плин и на бензин... ќе сконтаат, па ќе биде ко` секаде во европа. Штом некој енергенс се троши - и неговата цена ќе расте...
Ќе не сјебат и нас на плин шо возиме само полека, првин да напраат рамнотежа кај дизелот и бензинот.
Ќе не` сјебат, кога побарувачката на плин ќе биде доволно голема.
Јас правев муабет и ми рекоа дека немало врска покачувањето на бензин (или намалувањето) со плинот. Покачувањето демек било заради немањето доволно ресурси на плин. што не ми е верно баш.
Плинот го „регулираат“ макпетрол, лукоил и макоил у договор - меѓусебен

Нешто у стилу „ааа рипна бензинов 80 денари стана, плинот 55% треба да биде од бензинот...после паѓа бензинот, и они викаат „а бе зошто да го симнеме, уште е есапот подобар на плин, ќе чекаме да рипне бензинот пак, нема вечно да биде 76 денари...“ и така... штом не е под регулаторна комисија, и штом нема конкуренција - ќе ни` го кршат како сакаат. Еден или два „нас-гас“ или „кај железара“ кои само плин работат (по малку пореални цени), нема да ја нарушат монополскиот договор (BTW, и лукоил има поефтин плин кај пумпата пред драчево за 2 денари ми се чини. А и онаа на првомајска има за 1 или 1.5 денари поефтин него на аеродром ако не се лажам)