http://www.erc.org.mk/NovostiDetal.asp?novID=444 ...Намалување !!
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лити во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 25.10.2011 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), останува на исто ниво согласно Одлуката од 25.10.2011 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 25.10.2011 година. Така цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 57,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,683 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 25.10.2011 година. Така цената на М-1 НС изнесува 41,675 ден/кг.