Да ја апдејтираме е-сервисната книшка.
Во април, годинава, се откачи коленото (или-како-и-да-се-вика) на десниот брисач. Прикачено одма, ама како и што можеше да се очекува, по кратко време пак се откачи. Врзано со пластична стега, привремено, додека да стигнат..
Пар, платени некаде околу 5 амерички, Алиекспрес. Отрилика, вака одеше процесот..
Стабилен, цврст фикс, и мислам дека го решив проблемот за век и веков. Немав време да правам степ-бај-степ, иако имав желба, ама ете.. Некоја наредна прилика. Исчистено и конзервирано се во тој простор меѓу шофершајбната и моторот.
Moving on, 24.05.2016 година, ова го начекав едно утро, пред да одам на работа.
Претпоставувам дека е некое детиште со точак, маме да му плачам, ама тоа е..
Не е санирано, не му е дојден редот.
Во меѓувреме, ми се заеба моторчето што ја регулира клапната за рециркулација на воздух. Додека ја управив клапната..
Ова е тоа.
Ако некој има идеја каде би можел да набавам половно, пошто ново не доаѓа во предвид (9.000,00 му бараат по овластениве), нека помага. Од Астра Х одговара.
05.06.2016 година, 71.279 km.
Пукнато, поточно "расцветано" црево за маслена пареа (!), ако е тоа-тоа.
Немам објаснување како е дојдено до ова. Од крај до крај пукнато, а црево кое не е и под којзнае каков притисок и температура.
Заменет со Febi Bilstein, 1.200,00 денари, 100-ка работна рака, на 06.06.2016 година.
23.08.2016, регистрирана:
- Автоодговорност - 3.555,00 денари;
- Зелен картон - 3.690,00 денари;
- Надомест за јавни патишта - 2.158,00 денари + 35,00 денари провизија;
- Налепница - 60,00 денари + 35,00 денари провизија;
- Административна такса - 50,00 денари + 35 денари провизија;
- Технички преглед + регистрација - 2.669,00 денари,
или вкупно 12.287,00 денари.
Техничкиот е поминат супер, со мали забелешки на амортизацијата, демек "биле попуштени некој процент, ама со оглед на годините, километражата и патиштата, перфектна била". Измерени издувни гасови, се е над просек во поглед на резултати.
01.09.2016 година, 75.178 km, редовен сервис број 8:
- Масло Fuchs Titan GT1 Pro Flex XTL Technology SAE 5w-30, 3l - цена 1.740,00 денари, имав пола литро од лани;
- Филтер за масло Hengst E611H D122 - цена 450,00 денари;
- Филтер за воздух Hengst E352L - цена 500,00 денари;
- Филтер за полен Hengst E910LI, обичен - цена 550,00 денари;
- Филтер за гориво Hengst H110WK - цена 450, 00 денари;
- Брисачи (Предни Praxis AIR 8 20" и 19", назад променета само метлицата) - цена 550,00 денари;
- Батерија за далечинското од централното заклучување Varta CR2032 - цена 55,00 денари;
- Работна рака - 200,00 денари.
Испран моторот и конзервиран, бесплатно, пошто сам го направив зафатот.
Ротирани гумите, на стандарден принцип..
Испрано подвозје, бандажи, раткапни, се по процедура.
Денес, на 05.09.2016 година, на 75.245 km, заменета и десната манжетна, пукната и таа, околу година дена подоцна од левата. Ја имав купено претходно, само 200-ки за работна рака.
Накратко-надолго, тоа е. Оваа "сервисна" година имав главоболки со колата, ама ќе се среди се.
Нареден месец планирам промена на плочки напред, свеќички, глицерин и антифриз.