Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178758 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #510 на: 05 Септември 2014, 23:47:42 pm »
Сите течности е препорачливо да се менуваат на одреден временски интервал.

Во идеални услови, јас вака би правел:

1. Масло - 15.000 километри или 1 година
2. Антифриз - 5 години
3. Глицерин - 2 до 5 години

Не сум на јасно со течноста за сервото, како и со маслото во менувачот. Се менуваат, не се менуваат, кога, што, какво, како..

Треба да простудирам малце..

Антифриз - барај Г12. Додуша, види прво дали е препорачливо, да не ги сјебеш цревата.
Глицерин - или ДОТ4 или ДОТ 5.1.

Се зачудив пред некој ден, налетав на податок - Опел ГТ, користи само ДОТ3. Не ми е јасно зошто.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #511 на: 06 Септември 2014, 01:30:06 am »
Teчноста за сервото и јас не знам дали се менува а за менувачот има некои интервали за замена ама 90 % не верувам дека го менуваат.....Е сега ова што викаш за антифризот кај мене оргинал беше зелен оти колата е произведена 98 год и во дилема сум дали да ставам црвен антифриз оти сите астри (со ист како мојот мотор 2.0 дти) после 2001 год се на црвен т.е G 12 антифриз.....

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #512 на: 06 Септември 2014, 10:14:02 am »
Јас и ставам Тотал,а немам поима г3,г12...шо ли е  :D

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #513 на: 06 Септември 2014, 10:48:03 am »
Organic znaci organski toj ti long live se menuva na 5 godini i treba da e G12.....

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #514 на: 06 Септември 2014, 13:32:14 pm »
Teчноста за сервото и јас не знам дали се менува а за менувачот има некои интервали за замена ама 90 % не верувам дека го менуваат.....Е сега ова што викаш за антифризот кај мене оргинал беше зелен оти колата е произведена 98 год и во дилема сум дали да ставам црвен антифриз оти сите астри (со ист како мојот мотор 2.0 дти) после 2001 год се на црвен т.е G 12 антифриз.....

mozes da stavish i crven, samo prethodno ispusti go zeleniot i isperi go sistemot so voda. posle toa sipi g12 crven i teraj 5 godini bez problemi :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #515 на: 06 Септември 2014, 14:22:38 pm »
Teчноста за сервото и јас не знам дали се менува а за менувачот има некои интервали за замена ама 90 % не верувам дека го менуваат.....Е сега ова што викаш за антифризот кај мене оргинал беше зелен оти колата е произведена 98 год и во дилема сум дали да ставам црвен антифриз оти сите астри (со ист како мојот мотор 2.0 дти) после 2001 год се на црвен т.е G 12 антифриз.....

mozes da stavish i crven, samo prethodno ispusti go zeleniot i isperi go sistemot so voda. posle toa sipi g12 crven i teraj 5 godini bez problemi :)
Потврдено. Истото го пишува во сервисното упатство за мојата кола за во случај да менувам тип на антифриз.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #516 на: 06 Септември 2014, 17:33:20 pm »
Фала ви тоа го немав како информација инаку системот е испран повеќе пати со разни средства и сега има само дестилирана вода здравје утре ќе земам црвен антифриз ......

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #517 на: 19 Јули 2015, 08:23:28 am »
60.000 - проблем фри.



Доста активни сме биле годинава, 10.000 километри за 10 месеци, за разлика од ланските 7.000 за една година. Кул.

11.07.2015 година - ротирани гумите, со извозени 10.592 километри од монтажата, лани во август.

Ротирани по стандарден принцип..



.. и стандардно чистење на подкрила, шепи, дискови, бандажи, внатрешна страна на гуми и раткапни.

Наредно - редовен сервис, околу 20-ти август.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #518 на: 19 Јули 2015, 13:49:20 pm »
Само нека се множат!  :D
Како ја одржаваш колата.. секоја чест  ::)
Ставај почесто слики од твојот масторлук при чистење  :P

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #519 на: 22 Август 2015, 14:15:05 pm »
Датум: 22.08.2015 година

Сервис број седум, на 62.392 km, или по пројдени 12.021 km и една година.

Прво, проверен е клима уредот. Фалеа 30 ml, изваден е целиот фреон, исфилтриран и дополнето. Капацитетот  на системот е 600 ml, зафатот е направен кај Брезов во Велес, по препорака на Roci (thanks, btw). Човекот е стварно коректен, и ми обрна внимание бар еднаш на 2 години да го правам ова, чисто заради проверка, да го одржувам ладилникот напред чист, и редовно да го менувам полен филтерот. Прифаќам.

Пола саат работа, наплатено 300 денари. Разликата е повеќе од приметлива и очигледна - климата лади многу, многу побрзо и подобро.

Наредно, редовен сервис, што се состои од:



- Масло Fuchs Titan GT1 Pro Flex XTL Technology SAE 5w-30, 4l - цена 2.160,00 денари;
- Филтер за масло Hengst E611H D122 - цена 437,00 денари;
- Филтер за воздух Hengst E352L - цена 484,00 денари;
- Филтер за полен Hengst E910LI, обичен - цена 528,00 денари;
- Филтер за гориво Hengst H110WK - цена 462, 00 денари;
- Брисачи (Предни Praxis AIR 1 20" и 19", назад променета само метлицата) - цена 400,00 денари;
- Батерија за далечинското од централното заклучување Varta CR2032 - цена 58,00 денари;
- Работна рака - 200,00 денари.

Испран моторот и конзервиран, бесплатно, пошто сам го направив зафатот.

Вкупно, сервисот ме чинеше 5.021,00 денари.

Вчера, регистрирана, со трошоци:

- Полиса за автоодговорност - 3.864,00 денари;
- Зелен картон - 3.690,00 денари;
- Регистрација + технички преглед - 2.755,00 денари (1.345,00 денари трошоци за глупостите за регистрација, 1.410,00 денари за технички преглед);
- Надомест за јавни патишта - 2.172,00 денари;
- Налепница (жуто ти љубим) - 61,5 денари;
- Административна такса - 50,00 денари.

Вкупно - 12,593,00 денари.

Техничкиот преглед е поминат with flying colors.

Вкупно, до сега, поседувањето на возило, на годишно ниво, ме чини 17.614,00 денари.

Со старата налепница имав малку мака, додека да ја извадам. Остана доста лепило по џамот, ама ништо со што МаФра ДекаФлеш не може да се справи.

При правењето на сервисот, забележана е мала пукнатина на левата манжетна напред. Ќе се менуваат и двете, во септември.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #520 на: 22 Август 2015, 16:07:09 pm »
Пост во твој стил мајсторе :)

Свака част, на здравје сервисот!

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #521 на: 22 Август 2015, 19:10:39 pm »
На здравје сервис. :)
П.С Ги бива Praxis-от ?
New blood of old school

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #522 на: 23 Август 2015, 11:13:14 am »
Пост во твој стил мајсторе :)

Свака част, на здравје сервисот!

Фала лепо.

На здравје сервис. :)
П.С Ги бива Praxis-от ?

Благодарам.

По мое искуство, сите брисачи се добри.. Бар во почетокот.

Проблем е колку ќе издржат. Аир8 ме издржаа година и два месеци, што е прекрасно за 550 денари.

Овие за 300, нека тераат упола, доволно е. Вчера ги пробав, заврна, добро си бркаат работа.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #523 на: 11 Октомври 2015, 15:13:47 pm »
Датум: 10.10.2015-т година.



Заменета левата манжетна на зглобот, поради мала пукнатина и течење на лубрикантот внатре. Човекот што ми ја сервисира колата, смета дека е оштетена од некое камче и или нешто по пат, и дека не е дотраена, пошто десната не покажала никакви знаци на амортизација.

Ги купив две, за да ги заменам и двете, но по инсистирање на механичарот, ја заменивме само оштетената. Нека седи другата, за нареден пат.

Зафатот ме чинеше вкупно 900,00 денари - 600,00 манжетните, кои одеа комплет со стеги и лубрикант, и работна рака 300,00 денари.

По празникот ми остана само да го исчистам делот од подвозјето кај самата манжетна, кој беше прилично ишлакан од маста која капела. Ништо страшно, ама треба да се заврши.


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #524 на: 08 Ноември 2015, 12:13:52 pm »
Марта Стјуард моуд - он.











Убав ден, уште поубаво искористен.