Датум: 22.08.2015 година
Сервис број седум, на 62.392 km, или по пројдени 12.021 km и една година.
Прво, проверен е клима уредот. Фалеа 30 ml, изваден е целиот фреон, исфилтриран и дополнето. Капацитетот на системот е 600 ml, зафатот е направен кај Брезов во Велес, по препорака на Roci (thanks, btw). Човекот е стварно коректен, и ми обрна внимание бар еднаш на 2 години да го правам ова, чисто заради проверка, да го одржувам ладилникот напред чист, и редовно да го менувам полен филтерот. Прифаќам.
Пола саат работа, наплатено 300 денари. Разликата е повеќе од приметлива и очигледна - климата лади многу, многу побрзо и подобро.
Наредно, редовен сервис, што се состои од:
- Масло Fuchs Titan GT1 Pro Flex XTL Technology SAE 5w-30, 4l - цена 2.160,00 денари;
- Филтер за масло Hengst E611H D122 - цена 437,00 денари;
- Филтер за воздух Hengst E352L - цена 484,00 денари;
- Филтер за полен Hengst E910LI, обичен - цена 528,00 денари;
- Филтер за гориво Hengst H110WK - цена 462, 00 денари;
- Брисачи (Предни Praxis AIR 1 20" и 19", назад променета само метлицата) - цена 400,00 денари;
- Батерија за далечинското од централното заклучување Varta CR2032 - цена 58,00 денари;
- Работна рака - 200,00 денари.
Испран моторот и конзервиран, бесплатно, пошто сам го направив зафатот.
Вкупно, сервисот ме чинеше 5.021,00 денари.
Вчера, регистрирана, со трошоци:
- Полиса за автоодговорност - 3.864,00 денари;
- Зелен картон - 3.690,00 денари;
- Регистрација + технички преглед - 2.755,00 денари (1.345,00 денари трошоци за глупостите за регистрација, 1.410,00 денари за технички преглед);
- Надомест за јавни патишта - 2.172,00 денари;
- Налепница (жуто ти љубим) - 61,5 денари;
- Административна такса - 50,00 денари.
Вкупно - 12,593,00 денари.
Техничкиот преглед е поминат with flying colors.
Вкупно, до сега, поседувањето на возило, на годишно ниво, ме чини 17.614,00 денари.
Со старата налепница имав малку мака, додека да ја извадам. Остана доста лепило по џамот, ама ништо со што МаФра ДекаФлеш не може да се справи.
При правењето на сервисот, забележана е мала пукнатина на левата манжетна напред. Ќе се менуваат и двете, во септември.