Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178664 пати)

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #435 на: 16 Април 2014, 21:01:22 pm »
Одлично испаднале. :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #436 на: 16 Април 2014, 21:04:23 pm »
а зашто не ги фарбаше на кола ?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #437 на: 17 Април 2014, 21:17:14 pm »
Супер испаднале браниците сега пази ги да не ти се изгребат  :)  и едно прашање дали е тешко да се извади предниот браник?

15-тина минути за двата. Се на се - 10-тина штрафа се. Јас ги пазам, други ги ебат.

10 минути работа е вадење преден браник :)


Раткапната би ја менувал, во случај да налетам на оригинал, и да немора да ги земам сите четири. Бар две..


Абе какви раткапни, стави си бандаж :)

Инаку вакви оригинални раткапни (мислам) дека можам да ти најдам по прифатлива цена, само не знам во каква состојба се...

Е па сеа, на моите само тие две гребаници се. Се освен перфектна раткапна - не би зимал. :P

Прво гуми ќе земам - намерачив Сава Интенса ХП 185/65 R15, околу 12.500 денари сите четири. Наскоро.

Одлично испаднале. :)

Да. Ама и не се сомневав.

а зашто не ги фарбаше на кола ?

Зошто би го правел тоа на кола, кога се вадат толку лесно?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #438 на: 05 Август 2014, 18:11:15 pm »
Ај наздравје..





Hankook Kinergy Eco K425 со димензии 185/65-R15 88T, набавени од еКупи.

Цена - 4.219 денари парче, ама пошто имаат акција 3+1 гратис - вукпно испаднаа 12.657 денари, со беслпатна достава до дома.

Произведени се 17-та недела од 2014-та, во Унгарија, сите четири. Две години гаранција, со можност за враќање на истите во рок од 7 дена, ако нешто не е во ред со истите. На допир - мека гума, што и ми беше целта.

Монтажа - најверојатно утре.

Резиме - задоволен од целокупниот процес. Релативно евтини се, а еКупи се покажаа како одлични продавачи (нарачката беше направена вчера околу 12 часот, стигнаа пред пола саат). Пофалба и препорака.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Re: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #439 на: 05 Август 2014, 20:46:47 pm »
Ајт на здравје нека е! Ханкок се одлични гуми. Него ме интересира онака, зошто не преку Стоп&Го туку преку еКупи? Поефтини беа вака?

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #440 на: 05 Август 2014, 20:50:17 pm »
Добар дил си направил ајт ставај сега новите опинци  ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #441 на: 05 Август 2014, 21:36:13 pm »
@ Alexxander

Благодарам.

Стоп&Го - капнав вртејќи, цели 3 саати - нон-стоп беше зафатено. И баталив, мада има една налепчничка на гумиве, и на нив пишува Стоп&Го, само не заприметив во што својство беа.

Разликата во цена беше 3 денари "поскапо" во Стоп&Го.

@ Kozanostra

Благодарам. Утре.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #442 на: 07 Август 2014, 20:14:08 pm »
Dear diary..

Датум: 06.08.2014-та година
Километри: 49.616

Променети фабричките Dunlop SP Sport 2020 E, со димензии 195/60-R15, со Hankook Kinergy Eco K425 185/65-R15 88T, произведени 17-та недела од 2014-та.



Прво, се знае - хигиена. Исчистени бандажите од надворешната страна:

Предните и задните - пред и после...









Користено Falcon Automotive Wheel Clean..



Амбалажата е малку различна, неможев да најдам изворна.

Средството НЕ ЧИНИ, разјадува страшно.

Отидоа тркалата надвор, па и нив им се даде малку..

Пред..



После..



Додека беа тркалата надвор, искористив да ги исчистам шепите, дисковите, плочките и подкрилата.









Кочниците се поминати со Вурт средство за кочници..



.. Подкрилата со активна пена од Мафра, и вап.

Исчистени се добро и шрафовите од бандажите.

Променети се сите вентили.

Другарчево што ми ги менуваше гумиве, имаше повеќе мака да ги извади стариве гуми (кои се веќе пластични, btw), отколку да ги намести новиве. И тој искоментира дека гумиве се многу меки.

При балансирање, немаше големи отстапки, од 5 до 15 грама тегчиња ставени.

Старите гуми - во очајна состојба.



Монтирани..



Денес бев на проверка на предницата, односно ако имаше потреба од центрирање - да се поминам од ред.



Типот ме избрка од гаражата - ми вика "што ми идеш, пушка е колава, бегај ајде". Супер.

Се прибрав дома, па се земав со раткапните.



Импровизирав со многу средства, и на крај најзадоволен од Арис. Севкупно, не бев баш најзадоволен од тоа како ми испаднаа раткапните, ама моја е кривицата - ми скурчи веќе да се бавтам. :P

Финално монтирани - се комплет..







Overall дојам - воодушевен, во недостиг на друг израз. Колата ми се препороди.

Прво - не сум бил свесен колку бучни гуми биле Данлопот. Овие не испуштаат никаков звук, и за прв пат го слушам моторот да доминира. Извозени околу 80-тина километри со нив, комбинирано возење.

Второ - удобноста е на ново ниво. Дури неможам да се изначудам како толкава мала разлика, многу значи. Како да возам кола од повисока класа. И крцкањето на внатрешноста е сведена на безначаен минимум.

Во очекување сум само да видам како ќе се покажат на издржливост и на потрошувачката, уште тоа остана.

Негативности - сега колата ми изгледа малку геј од задната страна, со потенки гуми. Ама, ќе се навикнам - затоа во профил, подкрилата се подобро пополнети.

Километражата ми покажува 0.2 километри помалку - односно на 10 километри претходно - сега 9.8. Очекувано.

Есапот вика вака:

12.660 гумите
650 денари демонтажа, монтажа, нови вентили и балансирање
300 денари проверка на предницата
~500 денари за средства за чистење и сунѓери
___________
14.000 денари, се комплет.

Презадоволен, со оглед на вложено-добиено. Hankook rules.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #443 на: 07 Август 2014, 20:34:29 pm »
Свака чаС, им фалат на коливе вакви луѓе. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #444 на: 07 Август 2014, 20:41:30 pm »
А тек со уште милиматар-два повисоки каков конфор ќе имаше, и со сантим ширина изглед позади.   ::)

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #445 на: 07 Август 2014, 21:36:30 pm »
Мераци  8)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #446 на: 08 Август 2014, 09:32:50 am »
Свака чаС, им фалат на коливе вакви луѓе. :)

Фала, се трудам колку можам. :D

А тек со уште милиматар-два повисоки каков конфор ќе имаше, и со сантим ширина изглед позади.   ::)

Тоа е тоа. Здравје, во некоја наредна прилика.

Мераци  8)

8)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #447 на: 08 Август 2014, 16:51:05 pm »
Спремни сме и за редовен сервис, најверојатно до 20-ти месецов, ќе биде.



- Масло OMV BIXXOL Special C3 5W30 dexos2 (3x1л), цена 1.650 денари
- Филтер за масло (Comline EOF201) - добиен на замена
- Филтер за воздух (Hengst Е352L), цена 484 денари
- Филтер за полен (обичен, Hengst Е910LI), цена 573 денари
- Филтер за гориво (Hengst H110WK), цена 462 денари
- Батерии х5 (далечински управувач), цена 50 денари

Вкупно - 3219 денари.

Очекувам работна рака негде докај 300 денари. Мислам дека и 50.000 ќе поминам до сервисот, ама тоа и не е толку битно. За ~300 километри..

Отсутен Angel_1.3

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1472
  • VOLVO C30
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #448 на: 08 Август 2014, 17:38:53 pm »
Jedini majstor vo gradut za centriranje e Jove Moin !!!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #449 на: 08 Август 2014, 19:01:28 pm »
Там бех.

Татко ти ми среди. :D