Конечно, санирани гребнатинките по браниците. Вкупно пет места, а попатно извадени и заштитните гумици што ми беа залепени..
Од брзање заборавив да сликнам "пред".. Јеби га.
Тежок почеток..
Испрано добро се што се таложело под браниците во минатите шест години.
Завршно..
Патем, еве како изгледаат брисачите на лице место. Фантастично бришат. Препорака.
Останаа уште овие точки од камчиња, и гребаницата на раткапната ама нека се. За од уроци.
Раткапната би ја менувал, во случај да налетам на оригинал, и да немора да ги земам сите четири. Бар две..
Тоа е тоа - me happy. Btw..
Проблеми, од купување, до денес (пречкртаните се санирани):
- Неколку ситни гребнатинки, кои ќе се санираат, се надевам што побрзо;- Еднаш префарбан предниот браник, поради инцидент со камионче;
- Незнам колку пара бришачи сменив, неможам да погодам. Овие последниве ги погодив, веќе година дена ги возам, и бришат како и првиот ден. Се работи за Cartech ZMA X New Generation, купени од Perfect Car Wash.
- Санирана мала гребнатинка на заднито крило и стоп светло;
- Удрен лев ретровизор, заменето само стаклото, останато е оригиналниот;
- Проблем со моторчето за рециркулација на воздухот во колата;
- Во последно време, слушам некакво зуење и "цвилење" од моторот за парното, најмногу во втор степен на брзина;- Кога е влажно надвор, при првото тргнување колата тресе, како почетник да вози, во првите 50-100 метри;
- Исто, на влажно време, каишот од алтернаторот ш'шти и свири, првите 50-100 метри;
- Пластиките во внатрешноста крцкаат ненормалнo, сите, од сите страни;
- Еднаш ми се запали Check Engine, исклучен со компјутерска дијагностика. Наводно, проблем со системот за гориво, односно вода во горивото;
- При последниот сервис, променета е штопната на картерот, затоа што оригиналната се заеба, а од тоа страдаше лежиштето во картерот. Заменета со, за нијанса, поширока штопна;Листава, од првата страна? It's gone.