Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178747 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #150 на: 09 Февруари 2013, 23:21:12 pm »
Ама и факт е дека си дал само 16 000 денари за сервис досега!!

Инаку многу од тие не се сериозни верувам. Иначе кога го купувавте полото за брат ти од штип за тебе беше кажано дека си голем ситничар и педантерија :D Најдобронамерно секако.. И не ми кажа томче туку друг не е ни важно тоа сега немој на него да му се лутиш :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #151 на: 09 Февруари 2013, 23:23:57 pm »
Да, тоа стои дека сервисите му се со пристојна, дури и ефтина цена.

Кој ти кажал такво нешто? Не ми паѓа на памет никој. Ај баш кажи кој е..

Инаку, точно е тоа. Ситничар и педантерија се мали епитети за мојата душевна состојба, кога се во прашање колите.. :P

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #152 на: 10 Февруари 2013, 03:15:51 am »
citam , citam i nemozam da se iznacudam...krckale plastiki, stopnata bila zafrknata (najverojatno od nekoj strucen majstor), kaisot cifkal, i ostali gluposti sto ne se dostojni za kazuvanje deka voziloto necini..ubavo ti kazaa, si zel vozilo za poeftini pari i pravoproporcionalno na toa treba da ocekuvash deka e stedeno  na materijali.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #153 на: 10 Февруари 2013, 13:04:48 pm »
@ deanMKD

Како бе вака, не ми е јасно. Се некои економски експерти на форумов, не ми е јасно. А следствено на тоа, и експерти од сите области (право, психологија, демагогија, марксизам)..

Прва работа - што читаш ако не ти одговара? Што се чудиш - на планетава не има 7 милијарди, сите сме различни. Што коментираш - сакаш нешто да кажеш, ама незнаеш како?

Сите проценувате дека 10.000+ ЕУР-о се мали пари. Во денешно време, во Македонија? Чекајте малку бе. Полека. Ја видов твојата кола, ти за возило во таа состојба си дал 4.500 евра? Прво, ставаш слики од други аута, демек овде незнаат луѓево како изгледа Астра Г - кола која е најчеста по Голфовите во МК!? После викаш "Фул опрема", па после те освестија дека твојата кола е далеку од фул, па дечкото кој ја продавал ја квалификувал како фул.. Nigga, please!

Зошто ти не купи ауто од 30.000 евра, ако не се проблем?

Да ти одговорам со ред - кога ќе лупнеш ти повеќе од двојно пари отколку што си дал пред 7-8 месеци, очекувај си правопропорционално што мислиш дека треба.

Штопната е заебана во Олимпиа моторс - инаку овластен дилер и сервисер за Опел во МК. Они ако незнаат колку треба да се стегне штопната и дека телото на картерот е од алуминиум, да одам сам да си правам сервис?

Јас сум купил нова кола, и очекувам минимални проблеми во рок од 7-10 години. Овие моите се далеку од минимални.

Дали се достојни или не за споменување овие проблеми, ти не си овде да пресудиш - си има администрација, ако има потреба, ќе ме опомене.

Каде сум рекол дека колата нечини? Или дека сега ти поседуваш слична, па се навреди? Не ми била таа намерата - јас само кажувам дека мојата не е баш погодена и си кажувам мене што не ми чини. Јас сум незадоволен корисник на Опел, и според тоа - веќе никогаш не би купил. Тоа е се.

А од психијатри како тебе, совети за оваа проблематика не ми требаат. Адвокатчиња со неколку кратно поефтини автомобили од мојот - колку сакаш.

Пошто го поседувам автомобилот повеќе време од тебе, ако ти треба некој совет - повели, тука сум да ти помогнам. Ако бистриш само што колку сум платил и што да очекувам за моите пари, не пишувај во темава.

Не патам од комплекси дека моето ауто е најтоп, најбрзо, најуправливо, најекономично и такви ми ти глупости. Многу јасно ми е што вложив и што добив, нема потреба да ми кажувате. Ако не ми е јасно, ќе прашам. Мојата Астра има многу добри страни, и малку лоши. Меѓутоа, лошите надвладеа во мојата психа.

Да се вратам на (не)квалитетот и вредноста за парите. Сите знаете дека ова е Фиат Линеа, така?







Ја земам колава во предвид, затоа што во 2008-ма беше приближно исто пари како и Астрата (беше 300-400 евра поскапа). Ја возев активно како службено возило 4-5 месеци. Колата има поминато двојно повеќе километража од мојата (86.000), купена е порано од мојата (почеток 2008-ма), и не е ни приближно пазена и одржувана како мојата. Еве слики како доказ - правена е хемиско во Перфект Гевгелија пред недела дена:













Пофалба за Перфект - чуда направија од колата.

Зборот ми е - истата вредност на кола, различен бренд, дупло повеќе километри, речиси иста старост, одржување - ни од далеку исто. Фиатов - освен масло и филтри, друго нема сменето. Не крцка ни 10 % колку мојата Астра. Возењето е далеку поудобно, а изолацијата е за нијанса подобра кај Фиатот. Нема никакви механички или електронски проблеми. Нема никакви чудни звуци од мотори, каиши, тресење при тргнување и сл. Не е купена истата кола, од причина што е поголема за разлика од Астрата - не ми одговара баш.

И немој да ми кажувате вредност за парите - како Фиат може да направи солидно ауто за истите пари, а Опел неможе? Оставете ги тие муабети.

На крајот од краиштата, не се жалам и не очекувам милост од никој на форумов, но понекој добар збор наместо безначајна критика, уште повеќе некаков предлог за решавање на овие проблеми, не е на одмет. djidji тука е на врвот - п.с. благодарност до него, огромна.

Додека, ова е Lexus GS450h. Цена на моделската изведба што ја возев - 78.000 евра. Врвно опремена, со неполни 1.500 поминати километри на "саатот".







И покрај оваа астрономска цена, слушав некое крцкање кое идеше некаде од касетата, до тапацирот од вратата.

Нека кажат оние што ја возеа новата А класа - конкретно моделот чинеше нешто помалку од 28000 евра, ако не се лажам. Дел од средишната конзола крцкаше.

Мој заклучок - денес нема ништо саглам, без разлика дали си спремен да го платиш и поскапо. Јес да има разлика, и тоа огромна, но во глобала тоа е. И не само со колите, туку и со се друго.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #154 на: 10 Февруари 2013, 13:16:37 pm »
Линеа е возилото со најлоши матерјали во внатрешноста во историјата на автомобилската индустрија.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #155 на: 10 Февруари 2013, 13:20:11 pm »
Линеа е возилото со најлоши матерјали во внатрешноста во историјата на автомобилската индустрија.

Потврдувам - кинеските играчки се со поквалитетна пластика.

Ама, не крцка.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #156 на: 10 Февруари 2013, 13:49:53 pm »
citam , citam i nemozam da se iznacudam...krckale plastiki, stopnata bila zafrknata (najverojatno od nekoj strucen majstor), kaisot cifkal, i ostali gluposti sto ne se dostojni za kazuvanje deka voziloto necini..ubavo ti kazaa, si zel vozilo za poeftini pari i pravoproporcionalno na toa treba da ocekuvash deka e stedeno  na materijali.

Народ со вакво размислување заслужува нови коли од трета класа кои рѓосуваат после 6 месеци.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #157 на: 10 Февруари 2013, 21:05:56 pm »
@Дизел :)

Да знаеш ми стана омилен лик...

После читањето на твојот прв пост... се ми стана јасно, реален си до коска.... ке обожавам да те читам.....

Моментлано немам време, но ветувам ке и се посветам максимално на твојата тема....

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #158 на: 10 Февруари 2013, 22:55:50 pm »
@ deanMKD

Како бе вака, не ми е јасно. Се некои економски експерти на форумов, не ми е јасно. А следствено на тоа, и експерти од сите области (право, психологија, демагогија, марксизам)..

Прва работа - што читаш ако не ти одговара? Што се чудиш - на планетава не има 7 милијарди, сите сме различни. Што коментираш - сакаш нешто да кажеш, ама незнаеш како?

Сите проценувате дека 10.000+ ЕУР-о се мали пари. Во денешно време, во Македонија? Чекајте малку бе. Полека. Ја видов твојата кола, ти за возило во таа состојба си дал 4.500 евра? Прво, ставаш слики од други аута, демек овде незнаат луѓево како изгледа Астра Г - кола која е најчеста по Голфовите во МК!? После викаш "Фул опрема", па после те освестија дека твојата кола е далеку од фул, па дечкото кој ја продавал ја квалификувал како фул.. Nigga, please!

Зошто ти не купи ауто од 30.000 евра, ако не се проблем?

Да ти одговорам со ред - кога ќе лупнеш ти повеќе од двојно пари отколку што си дал пред 7-8 месеци, очекувај си правопропорционално што мислиш дека треба.

Штопната е заебана во Олимпиа моторс - инаку овластен дилер и сервисер за Опел во МК. Они ако незнаат колку треба да се стегне штопната и дека телото на картерот е од алуминиум, да одам сам да си правам сервис?

Јас сум купил нова кола, и очекувам минимални проблеми во рок од 7-10 години. Овие моите се далеку од минимални.

Дали се достојни или не за споменување овие проблеми, ти не си овде да пресудиш - си има администрација, ако има потреба, ќе ме опомене.

Каде сум рекол дека колата нечини? Или дека сега ти поседуваш слична, па се навреди? Не ми била таа намерата - јас само кажувам дека мојата не е баш погодена и си кажувам мене што не ми чини. Јас сум незадоволен корисник на Опел, и според тоа - веќе никогаш не би купил. Тоа е се.

А од психијатри како тебе, совети за оваа проблематика не ми требаат. Адвокатчиња со неколку кратно поефтини автомобили од мојот - колку сакаш.

Пошто го поседувам автомобилот повеќе време од тебе, ако ти треба некој совет - повели, тука сум да ти помогнам. Ако бистриш само што колку сум платил и што да очекувам за моите пари, не пишувај во темава.

Не патам од комплекси дека моето ауто е најтоп, најбрзо, најуправливо, најекономично и такви ми ти глупости. Многу јасно ми е што вложив и што добив, нема потреба да ми кажувате. Ако не ми е јасно, ќе прашам. Мојата Астра има многу добри страни, и малку лоши. Меѓутоа, лошите надвладеа во мојата психа.

Да се вратам на (не)квалитетот и вредноста за парите. Сите знаете дека ова е Фиат Линеа, така?



Ја земам колава во предвид, затоа што во 2008-ма беше приближно исто пари како и Астрата (беше 300-400 евра поскапа). Ја возев активно како службено возило 4-5 месеци. Колата има поминато двојно повеќе километража од мојата (86.000), купена е порано од мојата (почеток 2008-ма), и не е ни приближно пазена и одржувана како мојата. Еве слики како доказ - правена е хемиско во Перфект Гевгелија пред недела дена:

Пофалба за Перфект - чуда направија од колата.

Зборот ми е - истата вредност на кола, различен бренд, дупло повеќе километри, речиси иста старост, одржување - ни од далеку исто. Фиатов - освен масло и филтри, друго нема сменето. Не крцка ни 10 % колку мојата Астра. Возењето е далеку поудобно, а изолацијата е за нијанса подобра кај Фиатот. Нема никакви механички или електронски проблеми. Нема никакви чудни звуци од мотори, каиши, тресење при тргнување и сл. Не е купена истата кола, од причина што е поголема за разлика од Астрата - не ми одговара баш.

И немој да ми кажувате вредност за парите - како Фиат може да направи солидно ауто за истите пари, а Опел неможе? Оставете ги тие муабети.

На крајот од краиштата, не се жалам и не очекувам милост од никој на форумов, но понекој добар збор наместо безначајна критика, уште повеќе некаков предлог за решавање на овие проблеми, не е на одмет. djidji тука е на врвот - п.с. благодарност до него, огромна.

Додека, ова е Lexus GS450h. Цена на моделската изведба што ја возев - 78.000 евра. Врвно опремена, со неполни 1.500 поминати километри на "саатот".


И покрај оваа астрономска цена, слушав некое крцкање кое идеше некаде од касетата, до тапацирот од вратата.

Нека кажат оние што ја возеа новата А класа - конкретно моделот чинеше нешто помалку од 28000 евра, ако не се лажам. Дел од средишната конзола крцкаше.

Мој заклучок - денес нема ништо саглам, без разлика дали си спремен да го платиш и поскапо. Јес да има разлика, и тоа огромна, но во глобала тоа е. И не само со колите, туку и со се друго.
Полека малку.Досега ја следам темата без да кажам шо мислам и како мислам пред се,да не се разбереме погрешно.НО ако некој купил кола на старо или таа кола која ја поседува е поевтина од твојата незначи дека не смее да пише тоа што мисли.Дали тоа е добронамерно или злонамерно сам прецени,НО овај муабет не ме бендисува.Шо треба да почнеме да се фалиме кој како.
Ете јас ке се земам за пример,возам 3х поевтина кола од твојата,и ке реќам дека си го е***аш мозокот со небитни работи и немој да ми речиш дека јас немам лупнато 10К евра туку 3000 за кола(па затоа немам право да кажам),пошо сум лупнал дупло повеќе од тебе и никому ништо.
Едноставно кажано,дечкото тоа го мисли тоа го кажува.Те сваќам и тебе но да не се омаловажуваме на некој начин со бројки,пошо кај ке биди крајот. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #159 на: 10 Февруари 2013, 23:37:11 pm »
@ RikiRulz

Благодарам. Тоа си го сметам повеќе како недостаток, отколку позитивна страна. Гледаш (претпоставувам) и сам зошто.

п.с. Леонот е фантастичен, со здравје да го возиш.

@ MecheTo

Вака, неколку работи:

1. Никој не рече дека не смее да напише ништо. Можеше истата работа да ја каже, само покултурно. Дечкото "читал, читал и читал, и неможел да ми се изначуди".. На што ми се чуди, на паметот? Чуди се, ако нешто не ти е јасно, прашај ме, има ПП, немој да ми загадуваш тема.
2. Во проценката е муабетот - ако не ти е мака, прелистај ја темата, ќе видиш дека спрема културни постови, и јас сум културен. Проценувам, повеќе од доволно.
3. Никогаш не сум се фалел. Си ме приметил во некој пост да се фалам? Знаеш кога би се фалел? Кога ќе возам BMW 5, некоја мрсна, Ламбо некое и сл. И самиот сум свесен дека не возам ништо посебно - Опел Астра, модел од пред 15-тина години, грубо.
4. Пак ќе ти кажам - слободно можеш да коментираш, и не само ти - било кој. Муабетот "си купил евтина кола, што очекуваш?" ми го направија само двајца досега - како што кажав, со неколку пати поевтини возила од моето. Има и колеги со по 100х поскапи возила од моето (едонос, на пример), кој не искоментира "евтина е" или незнам што.

Тој муабет не ме фрустрира, ама едноставно ми смета. Од кај знаат луѓето како јас сум ги обезбедил тие 10.000 евра? Ќе ми кажува евтина е, а само јас си знам дали ми е евтина. Муабетот - а бе, 10.000 евра, исто како 1000 денари.

Сега, јас да те прашам нешто - тоа пак што јас возам поскапо ауто од твоето или неговото (како пример ве ставам), автоматски ми го ускратува правото да коментирам на постови кои пред се, мислам дека не се во ред, во моја тема? Или ми го искратува правото да коментирам воопшто, само затоа што возам поскап автомобил од некого?

Омаловажувањето го трпам воглавно јас - сум купил "евтина" кола. А кој ми укажува на тоа? Човек што има кола поевтина и од мојата. И секогаш некој друг започнува со омаловажување прв.
« Последно менување: 10 Февруари 2013, 23:48:02 pm Diesel »

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #160 на: 10 Февруари 2013, 23:43:49 pm »
Не е омаловажување ако некој ти рекол дека си купил евтина кола(според мене нискобуџетно возило наменото за транзициски пазари).Преку  текст неможеш да се изјасниш како во живо.Но ете пак ке речам,можеби тие не се изјасниле убаво,па затоа и ти кон нив си одговорил неубаво,па јас сум сватил неубаво итн.итн.
Никој никого не ускратува ништо,но баш ми смета делот каде го укажуваш дека некој купил кола поевтина од твојата и демек тој не смее да ти укажува на тоа.
Шо ке беше ако и јас сум купил (свесно) нискобуџетно возило како тебе и да ти речев е јбг колку пари толку музика.Или тогаш пак ке мереше поевтино поскапо?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #161 на: 10 Февруари 2013, 23:58:41 pm »
Како не е? Толку сум можел, толку сум имал, па сум купил такво ауто. Ако сум можел, ако сум имал повеќе, знаеме сите што треба, нели? Одиш, ти кажав - најмрсната BMW 5-ка ја трескаш, и до нареден сервис ја продаваш, и купуваш друга.

И тоа како може преку текст да се изразиш добро - само треба внимателно да се изразуваш, и внимателно да читаш што другите пишуваат. А не да филтрираш само што ти се допаѓа или не.

Зошто би ми укажувал на тоа дека возам евтино, нискобуџетно ауто? Буквално, тоа е триење од нос. Ти кажав, да сум имал повеќе, ќе сум купел и поскапо, и поопремено и подоверливо ауто. Ти, ако си имал, наместо Алфа 156 од 3000 евра, си можел да лупнеш 30.000+ евра за нова 159-ка, така? Или било што и да ти се допаѓа.

И мене ми смета да ми укажуваат на тоа дека возам нискобуџетно возило, па си кажувам. Исто како и ти што кажуваш дека тоа што јас си кажувам, тебе ти смета.

И тој, наместо да дал 4500 евра за половна Астра, ако можел ќе си купел нова од 16-17000 евра. Јас тоа не му го тријам од нос - ехее, немаш да си купиш нова кола, геј си.

Ако свесно си купел такво ауто, сигурен сум дека ќе ти се погодело повеќе отколку мене. И друга работа - ретко кој е искрен за автомобилот што го поседува, знаеш нели? Повеќето возиме по 90-100 коњчиња, а се понашаме како да возиме по 400-500. Според тоа, нема да си ми кажал така, најверојатно.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #162 на: 11 Февруари 2013, 00:06:22 am »
-И БМВ 5 не е тоа што беше...
-Никогаш (повеќе)нема да купам нова кола...
-Мене не ми смета твојот проблем со колата,туку ете да речам понижувањето на некој член демек нема право да кажи заради тоа што вози поевтино возило...
-Неможеш(незнаеш) дали има или нема да купи нова кола...
-Незнам за другите,ама немам причина да НЕ бидам искрен за колата која ја возам.Посебно ни на крај памет не ми текнува да ја правам она што не е,или никогаш нема да биди...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #164 на: 19 Март 2013, 23:19:53 pm »
Денес чепкав малку по колата, односно крцкањето на пластиките.

Одиме со ред:

1.   Прво го извадив горниот дел од шалт-таблата, односно капакот кој го покрива отворот за вентилација на предното стакло.



На четири места од долната страна залепив од овие..



..ги купив од Џамбо, обично се ставаат на фиоки или вратничиња, за да не се чукаат од други елементи. Меки се, нешто како платно од горниот дел, а лепак од долниот. 50-60 денари беа.



Се слушаше слабо крцкање од таму, а стои на жлебови, не е тешко да се извади.

2.   Понатаму, овој дел крцкаше доста – совозачка страна, завршетокот на прагот.





Сунѓерот на втората слика го ставив јас, за секој случај. А од оние малите кругчиња, ставив на пукнатината каде се спојуваат двата дела од прагот.





3.   Следната постапка е повторена на сите врати, затоа има само две слики:





Прво изолирав со книжна трака, за да не ја гребам бојата после, кога ќе ги отстранувам вишоците.
Со мал штрафцигер, само малку ги раздвоив пластиките од металот, и ги прилепив кругчињата. Потоа, со скалпел ги исеков вишоците, и ги одлепив.

Кога ќе се потпреш со раката на тапацирот, на наслонувачот, страшно крцкаа тапацирите. И при притисок сега, кога проверував каде е најинтензивно крцкањето – за да знам каде да ги ставам кругчињата, крцкаше премногу.

Вака пробно денес, можам да кажам дека сум задоволен, 80-тина насто од крцкањето го нема. Ептен крцкаат кога возам по калдрма или ако погодам некоја дупка.