Начекав убаво време и чиста кола, за да ја сликам и конечно да ја претставам на форумов.
Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport Z14XEP мотор со 90 КС, купена нова во
август 2008-ма година од Олимпиа Моторс. Поминати, до денес, нешто над
38.200 километри.
Еве неколку фотки - екстериер:
Ентериер:
Мотор - пред перење, и после перење. Благодарност до Perfect Car Wash Гевгелија.
Моторот е испран по направен редовен сервис, во август.
Кога сме веќе кај сервисите, мала ретроспектива до сега - направени четири редовни сервиси.
Првиот, на
7118 километри, на 16.07.2009-та година, правен во Олимпиа Моторс. Променето:
- Масло (GM 5W30), 4 литри, цена 2457 денари;
- Филтер за масло, цена 600 денари;
- Дихтунг на штопна, цена 35 денари;
- Работна рака, цена 300 денари.
Вкупно - 3351 денари.
Втор сервис, на
14962 километри, на 31.07.2010-та година, правен во Олимпиа Моторс. Променето:
- Масло (GM 5W30), 4 литри, цена 2098 денари;
- Филтер за масло, цена 631 денари;
- Филтер за полен, цена 1279 денари;
- Дихтунг на штопна, цена 29 денари;
- Работна рака, цена 600 денари.
Вкупно - 4637 денари.
Трет сервис, на
25554 километри, на 09.09.2011-та година, правен во Олимпиа Моторс. Променето:
- Масло (GM 5W30), 4 литри, цена 2360 денари;
- Филтер за масло, цена 620 денари;
- Дихтунг на штопна, цена 30 денари;
- Работна рака, цена 300 денари.
Вкупно - 3310 денари.
Четврт сервис, на
34222 километри, на 22.08.2012-та година, НЕ Е правен во Олимпиа Моторс. Променето:
- Масло (Liqui Moly 5W40), 5 литри, цена 2490 денари;
- Филтер за масло, цена 250 денари;
- Филтер за воздух, цена 300 денари
- Филтер за полен, цена 500 денари;
- Свеќички GM34 x4, цена 1476 денари;
- Работна рака, цена 600 денари.
Вкупно - 5616 денари.
Ротирани гумите на 26.624 километри. Планирам уште 10-тина илјади да поминам со овие, па да ги сменам.
Во план за промена наскоро, се глицеринот и антифризот, како и филтерот за гориво.Проблеми, од купување, до денес (пречкртаните се санирани):
- Неколку ситни гребнатинки, кои ќе се санираат, се надевам што побрзо;
- Еднаш префарбан предниот браник, поради инцидент со камионче;- Незнам колку пара бришачи сменив, неможам да погодам. Овие последниве ги погодив, веќе година дена ги возам, и бришат како и првиот ден. Се работи за Cartech ZMA X New Generation, купени од Perfect Car Wash.- Санирана мала гребнатинка на заднито крило и стоп светло;- Удрен лев ретровизор, заменето само стаклото, останато е оригиналниот;- Проблем со моторчето за рециркулација на воздухот во колата;- Во последно време, слушам некакво зуење и "цвилење" од моторот за парното, најмногу во втор степен на брзина;- Кога е влажно надвор, при првото тргнување колата тресе, како почетник да вози, во првите 50-100 метри;
- Исто, на влажно време, каишот од алтернаторот ш'шти и свири, првите 50-100 метри;
- Пластиките во внатрешноста крцкаат ненормалнo, сите, од сите страни;
- Еднаш ми се запали Check Engine, исклучен со компјутерска дијагностика. Наводно, проблем со системот за гориво, односно вода во горивото;
- При последниот сервис, променета е штопната на картерот, затоа што оригиналната се заеба, а од тоа страдаше лежиштето во картерот. Заменета со, за нијанса, поширока штопна;Потрошувачка - најниско што имам постигнато,
5.2 l/100 km 5 l/100 km, ама со
најеврејското најрелаксираното возење на свет. Нормално, просечната потрошувачка се движи од 6.5 до 7 литри, а најмногу што ми троши градска е 8 литри. На отворено, со нормално возење, нешто помалку од 6 литри.
Генерално, задоволен до сега. Ме нервираат овие ситниве проблеми, за кои не сум јас виновен, пошто се скапи и комплицирани за поправка. Барем немам механички проблеми, до сега.
Задоволен, но не би купил Opel никогаш повеќе. Едино, ако ги даваат без пари, тогаш би земал.
ЕДИТ, 23.08.2013-та:
Петти сервис, на
43.040 километри, направен на
19.08.2013-та година. Променето:
- Масло OMV BIXXOL Special C3 5W30 dexos2 (4x1л), цена 2.200 денари
- Филтер за масло (Hengst Е611H D122), цена 393 денари
- Филтер за воздух (Hengst Е352L), цена 489 денари
- Филтер за полен (обичен, Hengst Е910LI), цена 619 денари
- Филтер за гориво (Hengst H110WK), цена 459 денари
- Антифриз OMV Coolant SF (4x1л), цена 980 денари
- Глицерин OMV DOT 5.1 (4x0.25л), цена 1.200 денари
- Батерија (далечински управувач), цена 70 денари
- Работна рака, цена 1.200 денари
Вкупно: 7.610 денари