Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178828 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #570 на: 18 Ноември 2017, 22:47:37 pm »
@ зоки-златен

Фала лепо, се најдобро да се враќа.

@ NeVeNR

Па, да. Мислам дека ќе извлечам максимум од вложено-добиено.

Овие да имаат само Хан од Ханкук во себе, јас ќе бидам задоволен, пошто летните Ханкук ми се ептен-ептен погодени во се. Ми ги задоволија сите барања кои ги имам од една гума - ниска бучава, подобрена потрошувачка и нормално абење.

@ Миле

Ха, овер-андерстир да тестирам? Јас? Поготово сега, со бебе на задно седиште?

Тешко.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #571 на: 27 Ноември 2017, 20:58:22 pm »
Биднаа и зимски гуми, 25.11.2017 година, 92.822 километри. Laufenn I Fit Ice, 185-65-15.





Извозени плус-минус 300 километри, јас - супер задоволен од вложено-добиено.

Се чувствува нова гума на кола, али покрај тоа - драстична разлика нема. Меки, и пред се, тивки гуми.

Процедурата истерана - балансирање, испрано подвозје, поткрила, бандажи (внатре, надвор) и раткапни.

Наредно - извршена проверка (центрирање) на предница, уште одма по монтажата. Направена мала корекција на предна лева страна, изразена во 0.3 степени. Задна оска одлична.

Испрани летните, и пакувани, во очекување на пролет / лето.







Извозени 45.903 километри со летните. Имајќи ги во предвид фабричките Dunlop SPSport, кои се изронија после шест години и 50.000 километри, овие се во одлична состојба. Нема знаци на оштетување, ниту пукнатини. Со оглед на преостанатата длабочина на шарата, очекувам да поминам уште 20.000-25.000 со нив, со навремена ротација, се разбира. До сега се буквално еднакво потрошени сите четири. Ротации правев на 10.000 километри.

И така.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #572 на: 28 Ноември 2017, 01:43:38 am »
@ Миле

Ха, овер-андерстир да тестирам? Јас? Поготово сега, со бебе на задно седиште?

Тешко.

Е да, бебе во седиште позади знае да ја наруши weight distribution па да не можеш да истестираш саглам. Затоа ќе го остаиш бебето кај баба му и на раат ќе ја испукаш колата за да ја научиш, табиетот да и го вкусиш.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #573 на: 28 Ноември 2017, 05:27:13 am »
Тешко дека оваа кола има видено испукување некогаш :)


Sent from my iPhone X using Tapatalk

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #574 на: 28 Ноември 2017, 06:36:40 am »
Ете, @МАРЈАН знае дека не сум тој тестер-тип.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #575 на: 21 Февруари 2018, 18:04:30 pm »
20.02.2018 година, 95.490 километри.

Променет внатрешен зглоб од левата страна, цел комплет - зглоб, манжетна, стеги и лубрикант.

Релативно мала километража, а имајќи го во предвид мојот начин на возење, изненаден сум од дефектот. Истиот се должи на нашите прекрасни патишта, најверојатно.

Цена - 1.300 денари + 500,00 денари работна рака. Брендот не го запазив, пошто брзав да се вратам на работа.

Пу, пу - далеку биле вакви дефекти веќе. :D

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3779
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #576 на: 21 Февруари 2018, 19:08:11 pm »
Јас мислев ќе прочитам 7-8 илјади кошташе поправката тоа 1800 денари.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #577 на: 21 Февруари 2018, 19:12:47 pm »
Опел е,џабе возење 😊

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #578 на: 21 Февруари 2018, 19:44:59 pm »
Јас мислев ќе прочитам 7-8 илјади кошташе поправката тоа 1800 денари.

Хехе, за среќа - не си мислел точно.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #579 на: 22 Февруари 2018, 09:57:42 am »
Јас мислев ќе прочитам 7-8 илјади кошташе поправката тоа 1800 денари.

Толку јас  го платив кај мене левиот...околу 9000 ки.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13937
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #580 на: 22 Февруари 2018, 15:22:34 pm »
20.02.2018 година, 95.490 километри.

Променет внатрешен зглоб од левата страна, цел комплет - зглоб, манжетна, стеги и лубрикант.

Релативно мала километража, а имајќи го во предвид мојот начин на возење, изненаден сум од дефектот. Истиот се должи на нашите прекрасни патишта, најверојатно.

Цена - 1.300 денари + 500,00 денари работна рака. Брендот не го запазив, пошто брзав да се вратам на работа.

Пу, пу - далеку биле вакви дефекти веќе. :D

Друже ова не е дефект, ова ти е редовно одржување

;D

1800 факин денари.

Мене за BMW-то ми бараа 2000 денари работна рака да ми сменат факин масло во мотор.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #581 на: 22 Февруари 2018, 16:01:37 pm »
Сам неможиш?Или не е со штопна треба машински?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #582 на: 22 Февруари 2018, 22:39:48 pm »
20.02.2018 година, 95.490 километри.

Променет внатрешен зглоб од левата страна, цел комплет - зглоб, манжетна, стеги и лубрикант.

Релативно мала километража, а имајќи го во предвид мојот начин на возење, изненаден сум од дефектот. Истиот се должи на нашите прекрасни патишта, најверојатно.

Цена - 1.300 денари + 500,00 денари работна рака. Брендот не го запазив, пошто брзав да се вратам на работа.

Пу, пу - далеку биле вакви дефекти веќе. :D

Внатрешна (долга) спона , или зглоб на полуосовината?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #583 на: 23 Февруари 2018, 19:30:47 pm »
20.02.2018 година, 95.490 километри.

Променет внатрешен зглоб од левата страна, цел комплет - зглоб, манжетна, стеги и лубрикант.

Релативно мала километража, а имајќи го во предвид мојот начин на возење, изненаден сум од дефектот. Истиот се должи на нашите прекрасни патишта, најверојатно.

Цена - 1.300 денари + 500,00 денари работна рака. Брендот не го запазив, пошто брзав да се вратам на работа.

Пу, пу - далеку биле вакви дефекти веќе. :D

Друже ова не е дефект, ова ти е редовно одржување

;D

1800 факин денари.

Мене за BMW-то ми бараа 2000 денари работна рака да ми сменат факин масло во мотор.

Тоа е. Затоа BMW можам само да имам на позадина од лаптопот. Астричката ми е душа за одржување.

20.02.2018 година, 95.490 километри.

Променет внатрешен зглоб од левата страна, цел комплет - зглоб, манжетна, стеги и лубрикант.

Релативно мала километража, а имајќи го во предвид мојот начин на возење, изненаден сум од дефектот. Истиот се должи на нашите прекрасни патишта, најверојатно.

Цена - 1.300 денари + 500,00 денари работна рака. Брендот не го запазив, пошто брзав да се вратам на работа.

Пу, пу - далеку биле вакви дефекти веќе. :D

Внатрешна (долга) спона , или зглоб на полуосовината?

Надворешен зглоб на полуосовина.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13937
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #584 на: 24 Февруари 2018, 17:02:48 pm »
Сам неможиш?Или не е со штопна треба машински?

Во основа официјалните сервиси ти нудат и комплет промена на филтри и масла, без да плаќаш работна рака.

Еуроимпекс така ми сменаа.

Иначе не дека е проблем некој. Малку воздушниот бара повеќе растурање ама не е болка за умирање.

Кога даваат нешто гратис, шо да ја јадам маката.