Биднаа и зимски гуми, 25.11.2017 година, 92.822 километри. Laufenn I Fit Ice, 185-65-15.
Извозени плус-минус 300 километри, јас - супер задоволен од вложено-добиено.
Се чувствува нова гума на кола, али покрај тоа - драстична разлика нема. Меки, и пред се, тивки гуми.
Процедурата истерана - балансирање, испрано подвозје, поткрила, бандажи (внатре, надвор) и раткапни.
Наредно - извршена проверка (центрирање) на предница, уште одма по монтажата. Направена мала корекција на предна лева страна, изразена во 0.3 степени. Задна оска одлична.
Испрани летните, и пакувани, во очекување на пролет / лето.
Извозени 45.903 километри со летните. Имајќи ги во предвид фабричките Dunlop SPSport, кои се изронија после шест години и 50.000 километри, овие се во одлична состојба. Нема знаци на оштетување, ниту пукнатини. Со оглед на преостанатата длабочина на шарата, очекувам да поминам уште 20.000-25.000 со нив, со навремена ротација, се разбира. До сега се буквално еднакво потрошени сите четири. Ротации правев на 10.000 километри.
И така.