Набавив патосници од
@Samco ...
Севкупно, не сум задоволен ни од изгледот, ни од квалитетот, ни од услугата, ни од целокупното искуство. Доста се фалевме, да критикуваме малку...
Бев на лице место на 23.04., си ги нарачав, си ги платив унапред - 1.850,00, демек од поскапите, 850 грама или густина, whatever.
Ни трага ни глас до вчера, 29.04. - додека не се јавив да прашам што се случува.
Се јавив на 28.04., дечкото велеше дека не е баш во тек, утре од сабајле ќе ме побарале (за вчера). Се јавија сабајлето, требаше пак да образлагам за што се работи, пошто човекот што се јави, ми правеше муабет за навлаки.
По разговорот, пола саат, ми пишат на Вибер, демек пратени, и ми даваат број од доставната, јас да сум ги барал. Одговорив дека подобро ќе биде да си регулираат они тоа, па да ме информираат, пошто стварно не сакав тензии и расправии. Ни информација, ни бутур.
Ми се јавуваат и доставната, демек стигнати, вчера. Одам, дечкото ми бара откуп, пак да ги платам. Ајде, уште натегање... Како да сум осеќал нешто, и за секој случај ми беше сликана фискалната од саботата. Ќе ме тераше да одам до дома да ја земам.
Стигнам дома, отварам да ги видам... Траката розевкаста нијанса (баш како на сликите), крути патосници, тенки... И како шлаг, совозачката оштетена на три места, точно на средина, како подизгорено, дупчиња...
Се јавив, кажав за дефектот, ќе ми прателе нова.
Одам да ги наместам, чисто да видам како изгледаат на кола, пошто секако рано е за платнени, има уште дождови... Возачката и совозачката воопшто не легнуваат на подлогата, како подуени се на средина, не покриваат доволно површина, задните се мали некако...
That's 30 euros well spent.