Dear diary..
Датум: 06.08.2014-та година
Километри: 49.616
Променети фабричките Dunlop SP Sport 2020 E, со димензии 195/60-R15, со Hankook Kinergy Eco K425 185/65-R15 88T, произведени 17-та недела од 2014-та.
Прво, се знае - хигиена. Исчистени бандажите од надворешната страна:
Предните и задните - пред и после...
Користено Falcon Automotive Wheel Clean..
Амбалажата е малку различна, неможев да најдам изворна.
Средството НЕ ЧИНИ, разјадува страшно.
Отидоа тркалата надвор, па и нив им се даде малку..
Пред..
После..
Додека беа тркалата надвор, искористив да ги исчистам шепите, дисковите, плочките и подкрилата.
Кочниците се поминати со Вурт средство за кочници..
.. Подкрилата со активна пена од Мафра, и вап.
Исчистени се добро и шрафовите од бандажите.
Променети се сите вентили.
Другарчево што ми ги менуваше гумиве, имаше повеќе мака да ги извади стариве гуми (кои се веќе пластични, btw), отколку да ги намести новиве. И тој искоментира дека гумиве се многу меки.
При балансирање, немаше големи отстапки, од 5 до 15 грама тегчиња ставени.
Старите гуми - во очајна состојба.
Монтирани..
Денес бев на проверка на предницата, односно ако имаше потреба од центрирање - да се поминам од ред.
Типот ме избрка од гаражата - ми вика "што ми идеш, пушка е колава, бегај ајде". Супер.
Се прибрав дома, па се земав со раткапните.
Импровизирав со многу средства, и на крај најзадоволен од Арис. Севкупно, не бев баш најзадоволен од тоа како ми испаднаа раткапните, ама моја е кривицата - ми скурчи веќе да се бавтам.
Финално монтирани - се комплет..
Overall дојам - воодушевен, во недостиг на друг израз. Колата ми се препороди.
Прво - не сум бил свесен колку бучни гуми биле Данлопот. Овие не испуштаат никаков звук, и за прв пат го слушам моторот да доминира. Извозени околу 80-тина километри со нив, комбинирано возење.
Второ - удобноста е на ново ниво. Дури неможам да се изначудам како толкава мала разлика, многу значи. Како да возам кола од повисока класа. И крцкањето на внатрешноста е сведена на безначаен минимум.
Во очекување сум само да видам како ќе се покажат на издржливост и на потрошувачката, уште тоа остана.
Негативности - сега колата ми изгледа малку геј од задната страна, со потенки гуми. Ама, ќе се навикнам - затоа во профил, подкрилата се подобро пополнети.
Километражата ми покажува 0.2 километри помалку - односно на 10 километри претходно - сега 9.8. Очекувано.
Есапот вика вака:
12.660 гумите
650 денари демонтажа, монтажа, нови вентили и балансирање
300 денари проверка на предницата
~500 денари за средства за чистење и сунѓери
___________
14.000 денари, се комплет.
Презадоволен, со оглед на вложено-добиено. Hankook rules.