- Во просек, на целосно (фабрички) наполнет акумулатор, му треба околу 13 недели постепено да се испразни и да биде испод дозволеното ниво за негово оптимално оперативно работење.
А колку време би му требало на возило да стои, воопшто непален, притоа на ладна температура надвор за да се испразни ?
Јас сегашниот акумулатор што го користам, купен е декември 2013 година, возен на претходното возило до септември 2015 година, потоа на тоа возило стоен наредни 4 месеци без воопшто да се запали, и потоа од јануари 2016 година си го префрлив на сегашното, ниту го проверив, наполнив или слично, само го ставив, од тој ден наваму еве го сеуште ме служи.
Ниту еднаш го имам дополнето, ниту пак имам проверено состојба на дестилирана вода.
Значи еве го точно 4 години е стар, во мегувреме бил стоен и незапален 4 месеци.
Иначе практикувам (најчесто дење само), откако ке ја запалам колата, веднаш не пуштам никакви потрошачи.
Тамам додека да излезам од двор, затворам порта и излезам на главна улица, ке поминат некаде 3 минути. Па потоа пуштам потрошачи.
Исто и кога си доагам дома, штом ја напуштам главната улица и навлезам по споредни, ако е дење, исто така се гасам од потрошачи.