Гласање

Која марка на акумулатори се најдобри според вас?

Exide
141 (42.6%)
Black Horse
32 (9.7%)
Vesna
22 (6.6%)
Topla
63 (19%)
било кој...
73 (22.1%)

Вкупно гласови: 330

Автор Тема: Предлог за акумулатор  (Прочитано 763269 пати)

Отсутен Godspeed84

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1335 на: 02 Декември 2017, 08:29:36 am »
Уффф @kamarad јас до сега ја пратев темата без да се вклучам во комуникација но мислам дека по оваа информација тој анџело од ексиде ќе те мрзи многу, ти со ова ги демистицифираше,  сега сите ќе си гледаат што купуваат хехе ко од инсајдер серијана си 🙂🙂

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1336 на: 02 Декември 2017, 08:43:42 am »
Не одговори @nidzzo колку гаранција дава


Sent from my iPhone X using Tapatalk

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1337 на: 02 Декември 2017, 09:51:13 am »
- Датумот на производство е втиснат/изгравиран на горната десна страна на акумулаторот и може да се интерпретира преку следнава формула YMMDDPS

Останав должен да ја доразјасниме постапката за дешифрирање на кодот во кој е содржан и податокот за производство на EXIDE акумулаторот.

Вака изгледаат гравираните/втиснати кодови на пластиката од EXIDE акумулаторите кои се увезуваат во Македонија 3BC09A2

Првата бројка ја означува годината на производство:

0=2010
1=2011
2=2012
3=2013
4=2014
5=2015
6=2016
7=2017 итн.

Втората буква, веднаш до годината го означува месецот на производство:

A=Jan
B=Feb
C=Mar
D=Apr
E=May
F=Jun
G=Jul
H=Aug
I=Sep
J=Oct
K=Nov
M=DEC

L не се користи за да се избегне конфузија со буквата I

Остатокот од кодот ќе чекаме да го доразјасни анџело или ќе бараме прецизирање дирекно од EXIDE.

Еве директно од Ексајд: http://www.exidebatteries.com.au/battery-faq/
Некаде во вотриот дел на страницата. Би претпоставил дека за сите европски е исто - 7 цифри код, како од португалската фабрика.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andzelo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1338 на: 02 Декември 2017, 10:02:53 am »
- Датумот на производство е втиснат/изгравиран на горната десна страна на акумулаторот и може да се интерпретира преку следнава формула YMMDDPS

Останав должен да ја доразјасниме постапката за дешифрирање на кодот во кој е содржан и податокот за производство на EXIDE акумулаторот.

Вака изгледаат гравираните/втиснати кодови на пластиката од EXIDE акумулаторите кои се увезуваат во Македонија 3BC09A2

Првата бројка ја означува годината на производство:

0=2010
1=2011
2=2012
3=2013
4=2014
5=2015
6=2016
7=2017 итн.

Втората буква, веднаш до годината го означува месецот на производство:

A=Jan
B=Feb
C=Mar
D=Apr
E=May
F=Jun
G=Jul
H=Aug
I=Sep
J=Oct
K=Nov
M=DEC

L не се користи за да се избегне конфузија со буквата I

Остатокот од кодот ќе чекаме да го доразјасни анџело или ќе бараме прецизирање дирекно од EXIDE.

Дечки во Странство сум со Exide, се враќам Сабота и до Понеделник ќе пишам опширно точно и СЕ за производство, складирање, време на стоење во магацин, ФИФО и ЛИФО методите на излез на акумулатори од магацин, дозволени одстапки од почетна и продажна волтажа......

инаку СУПЕР отворена дискусија !!!!!

Отсутен andzelo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 155
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1339 на: 02 Декември 2017, 10:43:18 am »
Едно прашање за Andzelo или некој друг што може да помогне:
Како се читаат (дешифрираат) кодовите за датум на производство на EXIDE акумулаторите?
Еве два примери: EX2FP401, EX2FF308
Пробав со гуглање, ама најдов повеќе различни пристапи, зависно од државата на производство.

@andzelo, не ми одговори на прашањево... скоро во сите дискусии по форумите преовладува проблемот со староста на акумулаторот... фабриката намерно ги шифрира датумите на производство, за да може полесно да манипулира(те) со купувачите... а вие увозниците во соработка со продавачите/дистрибутери успешно си го користите тоа за личен интерес. Избегнувањето на одговорот на ова прашање од твоја страна, само ја потврдува оваа констатација...

Првин да се ИЗВИНАМ што не сум го видел прашањето, почнува сезона и се спремаме да бидеме сеопфатни во понудата на Еxide и Hagen Germany.

Камарад - гледам дека си почетник на страната, сега го гледам прашањево, а нема што да се крие, така да ќе ти пишам на тебе на кратко од Странство, а како што реков во Понеделник имаме многу опширно образложение.Сите од форумот знаат дека од 2012 секојдневно сум тука и служам и имаме соработка со преку 300 задоволни членови.
Сите што биле кај нас во магацин знаат дека на лагер држиме многу многу мала коичина на акумулатор, БАШ ЗА ДА не стојат во магацин и да не губат од својата трајност, бидејки тоа ако е така пак на крај ќе се врати по наша глава !

Прва работа : Инаку дел од мојата фамилија беше 20 години во генерален менаџмент на фабрика за ПРОИЗВОДСТВО на акумулатори и прво што ми даде совет пред да отидам во EXIDE беше : Никогаш не нарачувај повеќе од оптимално потребен лагер за 1 месец продажба, иако ќе имаме поголеми трошоци, ќе видиш тоа ќе го зголеми векот на трајност на акумулаторите и со тоа задоволството кај купувачите кон тебе како увозник.

Втора работа :
EXIDE, Bosch..(големите брендови) има принцип на работа да : Секој месец набавната цената на акумуторите се менува зависно LME.com(берзата на олово) и заради тоа секогаш се нарачува на месечно ниво ВРЗАНО со датум на производство на акумулаторот и оловото, попросто кажано, јас плаќам по цена на производство 1 месец порано, значи акумулаторот може да е стар не повеќе од 2 месеци кога стигнува во Македонија, не е можно да платам акумулатор што е произведен пред 6 месеци.

Трета работа за да скратам сега, СЕКОГАШ ќе има и незадовоства( и мерцедес не го сакаат сите, и Golf за некој не чини) и секогаш може да се случи да некој акумулатор остане во некоја продавница и после 6 месеци.
Се трудиме да го контролираме тоа и за сега е супер, но да бидеме реални, секогаш ќе има некои одстапки, но се додека тоа е случаеви а не пракса ќе има многу задоволни купувачи тука на форумот и низ цела Македонија, тоа е факт не констатација субјективна.

ВАЖНО : За да ги заштитиме купувачите во Гарантниот лист на EXIDE пишува гаранцијата важи 24 месеци од денот на продажба ИЛИ 30 месеци(а пуштаме и 32, може да потврдат случаеви) од датумот на производство.

погоре наведеното шифрирање што си го ставил, да си ми се јавил мене дека си пишал на форумот ќе сум видел и одговорил одма,а сите што се тука ако ме нема 2 дена знаат дека може да ми се јават во секое време и да завршиме работа.

Поздрав !

Отсутен kamarad

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1340 на: 02 Декември 2017, 12:00:15 pm »
одлично друже анџело... добро е што конечно се јави... додека си со менаџерите на EXIDE, не е лошо да ги замолиш да ти кажат:

- како да ги дешифрираме останатите 5 ознаки од кодот,
- зошто воопшто мора тие податоци (дата, држава на производство итн) да бидат кодирани и неразбирливи за купувачот,
- дали EXIDE како производител стои зад гаранцијата на акумулаторите, кои се продаваат во македонија (односно во случај ако увозникот престане да работи со EXIDE, кој ја презема гаранцијата и кој ќе ги обештети купувачите, ако е потребно),
- зошто не се води евиденција (историја за секој акумулатор) и не му се презентира на купувачот што купува,
- дали и кој го мери степенот на сулфатизираност, односно исправноста на акумулаторот пред да биде продаден,
- колку пати е дозволено дополнување на акумулаторот, пред да биде продаден на купувачот, односно колку месеци максимум може да биде стар акумулаторот во моментот на продажба,
- кој (треба да) ги контролира во каква состојба се акумулаторите дистрибуирани од ваша страна кај продавачите,
- кој ја сноси одговорноста ако продавачот му продаде на купувачот акумулатор стар 12 месеци (чуван во продавница на несоодветни температурни услови, недополнуван итн) и дали воопшто смее да се пушти во продажба таков акумулатор... дали смее да се издава гаранција на ваков акумулатор, за кој однапред се знае дека е неисправен.

...остатокот кога ќе се вратиш...

поздрав...
« Последно менување: 02 Декември 2017, 12:11:49 pm kamarad »

Отсутен kamarad

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1341 на: 02 Декември 2017, 13:47:35 pm »
Уффф @kamarad јас до сега ја пратев темата без да се вклучам во комуникација но мислам дека по оваа информација тој анџело од ексиде ќе те мрзи многу, ти со ова ги демистицифираше,  сега сите ќе си гледаат што купуваат хехе ко од инсајдер серијана си 🙂🙂

@Godspeed84

Во еден познат американски филм, главниот актер на шегртот му го даде овој совет: Подобро е да те мразат и да се плашат од тебе, отколку да дозволиш сите да те заебаваат.

...а тек сме на првиот чин...полека одиме кон заплет-от   :)

1. експозиција
2. заплет
3. кулминација
4. перипетија
5. расплет

Отсутен kamarad

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1342 на: 02 Декември 2017, 14:23:48 pm »
во меѓувреме додека го чекаме анџело да се врати, едно протоколарно прашање за модераторите/администраторите:

Како да гласам за VARTA, BOSCH, BANNER, DURACELL, MONBAT etc... кој ви ја даде идејата сите нив да ги сместите во категоријата "било кој..."

Која е смислата и што сакате да постигнете со ваква анкета?

Сигурен сум дека одговорот на ова прашање ги интересира и другите членови.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1343 на: 02 Декември 2017, 14:28:45 pm »
Земи воздух.

Добредојде на форумот, фино е што си тука. Очигледно имаш некакви афинитети кон драматичност.

Ниту темата, ниту гласањето сме го отвориле ние. Не сакаме да постигнеме ништо. Тој што го отворил гласањето, тој ги ставил тие брендови во анкетата бидејќи - и самиот си кажува - тие му текнале во тој момент.

Диши.

Отсутен kamarad

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1344 на: 02 Декември 2017, 14:41:10 pm »
Земи воздух.

Добредојде на форумот, фино е што си тука. Очигледно имаш некакви афинитети кон драматичност.

Ниту темата, ниту гласањето сме го отвориле ние. Не сакаме да постигнеме ништо. Тој што го отворил гласањето, тој ги ставил тие брендови во анкетата бидејќи - и самиот си кажува - тие му текнале во тој момент.

Диши.

Генерале... фала ти за добредојдето - добро те најдов... и не се секирај толку многу... далеку сум и немам амбиции да ти ја загрозувам генералската позиција  :)

Сакаш да кажеш дека форумов секој може да си го стави во функција на остварување личен интерес!?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1345 на: 02 Декември 2017, 14:42:27 pm »
Некој сакал да си купи акумулатор, поставил анкета каков акумулатор. Како е тоа ставање во функција на личен интерес?

Отсутен kamarad

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1346 на: 02 Декември 2017, 14:52:25 pm »
Некој сакал да си купи акумулатор, поставил анкета каков акумулатор. Како е тоа ставање во функција на личен интерес?

Сигурен сум дека ме разбираш што сакам да кажам...и дека ти е јасно и на тебе и на мене што се случува.
За жал... од тие причини (покрај другото) дојдовме до ова дереџе...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1347 на: 02 Декември 2017, 14:55:30 pm »
Не, не баш. Почитувам директно зборување, а не кружење као киша око Крагујевца. Ако имаш нешто да кажеш и некого да го обвиниш, кажи си, ќе се разбереме.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1348 на: 02 Декември 2017, 15:03:52 pm »
Оооо експертската фела се зголемува на форумов.

Ќе биде интересно да се читаат линкови од интернет во жарот на докажувањето на ставовите и експертската поткованост како дел од способноста да се користи google на напреден начин.


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3929
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1349 на: 02 Декември 2017, 15:04:33 pm »
@kamarad ти бе брат или немаш што да правиш во животот.Или си увезол некој чкарт акумулатори и сеа ке убедуваш луѓе дека ни еден акомулатор не чини и дека е стар,за да купат од твоите.Колку ке издржи акомулаторот е прашање на срека,може да е 3 месеци стар и да цркне а може и 3 години па да тера....Имам купено акомулатор од рафт(надвор стоен од прашина не ни се гледаше што марка е само знам дека имаше коњ на слика)истера 4 и кусур години.
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)