ок... друштво, на прашањето на кое
@andzelo не ни одговори ни после 14 дена, еве што велат од Exide.
Наш интерес беше да дознаеме: како да ја прочитаме/дешифрираме датата на производство на акумулаторот, дали акумулаторот има рок на траење, односно колку може да е стар во моментот на продажба, што треба да знае купувачот, пред да се одлучи да купи Exide акумулатор?
Информациите мислам дека ќе им користат на повеќето членови - еве ги накратко:
---------------------------------------------------------------------------
- Датумот на производство е втиснат/изгравиран на горната десна страна на акумулаторот и може да се интерпретира преку следнава формула YMMDDPS
- Дилерите имаат точно пропишани услови за складирање (пред продажба) и ракување со акумулаторите, кои мора да ги почитуваат и да водат евиденција.
- Акумулаторите имаат ограничен век на траење и кога се ускладиштени (нови) постепено губат од нивната моќ за извршување.
- Во просек, на целосно (фабрички) наполнет акумулатор, му треба околу 13 недели постепено да се испразни и да биде испод дозволеното ниво за негово оптимално оперативно работење.
- Брзината на празнење на акумулаторот зависи од типот на акумулаторот и температурните услови во складиштето, каде што е складиран.
- Празнењето на акумулаторот драстично се забрзува на повисоки температури. Високата влажност во просторијата исто така го забрзува празнењето на акумулаторот.
- На температура од 20°C во складиштето/просторијата, акумулаторот секој ден (дневно) губи околу половина процент од својата моќ или 30% за 60 дена.
- На температура од 30°C во складиштето/просторијата, нивото на празнење на акумулаторот е дупло побрзо од она на 20°C (значи за 30 дена акумулаторот ќе се испразни околу 30%)
- Акумулаторите кои се складирани (пред продажба), доколку благовремено не се дополнуваат, можат трајно да бидат оштетени и неупотребливи.
- Дополнувањето на акумулаторите во складиште мора да се врши на секои 4 до 8 недели, зависно од условите на чување.
- Складирањето на акумулаторите без пропишаното редовно дополнување може да резултира со нивна претерана сулфатизација и многу штетно да се одрази на перформансите и векот на траење на акумулаторот, односно истиот да биде трајно неупотреблив.
- Дополнувањето на акумулаторите (пред продажба) мора да се направи од стручно лице во овластен сервис, на опрема која е одобрена од Exide.
- Во моментот на продажба, пред употреба, акумулаторот мора целосно да биде наполнет 12,7V (12,66V)
- Ве советуваме да се обратите до нашиот локален дилер. Доколку имате конкретен проблем кој не можете да го решите со вашиот локален дилер, ве молиме испратете ни званична поплака/жалба со детален опис на случајот. Ние ве уверуваме дека темелно ќе го истражиме случајот и ќе преземеме соодветни мерки, кои за посериозни отстапувања можат да резултираат и со одземање на лиценцата на дилерот.
--------------------------------------------------------------------------------------------------