Дали повремено „проблематично“ палење е прв индикатор за ослабен акумулатор?
Со волтметар ќе покаже на изгасена кола 12,1-3 ако е ослабен. 12,8 ако е добар. Ама може и да не е оштетен туку само испразнет.
Баш ќе проверам што волтажа ми дава... Ќелиите не се испразнети, сеуште си имаат водичка на потребно ниво (ако мислеше на тоа, мада мислам дека не мислеше
).
Дали повремено „проблематично“ палење е прв индикатор за ослабен акумулатор?
Дефинирај „проблематично“
А бе купи си EXIDE, Господ да те види
Кога ќе дојде време, ваљда ќе земам EXIDЕ, вака на ќоро зашто да фрлам пари?
Ениху „проблематично“:
При „процедурата“ на давање контакт па палење, кај мене си ги пали нормалните сијалички т.е. тие што стално си светнуваат. На крај остануваат да светат чек енџин и акумулаторот (и евентуално појас или рачна ако е дигната), додека да запалам, после сите си се гасат.
У саботата неколку пати ми се деси да вергла некако безвезе, па да треба гас да му даам за да запали. Не зборам за споро верглање, ко пред умирање, него малтене како до некој лимитер да достига. Не знам како да го објаснам... Као верглање на високи обртаи
И два пати ми се десило да запалам, па да си угаси, а неколку пати се десило да треба после тоа чудното верглање, да му дадам гас и да си запали. После тоа си одржава стабилни обртаи.