Пред 31 месец купен од МакБат 75 Ah со CCA 720 (зашо нели дизел) Монбат Премиум со 30 месеци гаранција. Цркна вчера, 1 месец од истек на гаранција. Проверено кај електричар, се е во ред со стартер, алтернатор. Чувана строго во гаража лете и зимо. Проверено кај нив на тестер, акумулаторот за замена.
Денес повторно монтиран Монбат Формула со 24 месеци гаранција, наплатено стандард.
Муабетов ми беше врска нема премиум ау и остали глупости. Чувана по пропис, колата е во одлична техничка состојба, и ко на тајмер.