Во последно време се појавија многу ''експерти'' кои што слепо препорачуваа и одговараа рафално одма кога ќе ги прашаш за некаков производ во врска со одржување на колите. Mobil најдобро масло, друго ништо не вреди, Exide најдобри акумулатори, Michelin најдобри гуми, Osram најдобри сијалици, Bosch најдобри брисачи, Sachs најдобар сет за ламела,потисна,друк лагер итн. Не се фаќајте ко слепец за стап за овие брендови. Продавачите ќе ви продадат разно разни прикаски за да земат повеќе провизија, а вие ќе бидете среќни дека сте купиле најдобро нешто за вашиот автомобил. Поскапите работи помалку се продаваат - поголеми шанси да се заостанати, поскапите работи повеќе се фалсификуваат - поголема заработка зашто никој не фалсификува Black Horse да бидеме искрени. Јас скоро секогаш одам на некаква средина (на претходната кола купив Exide 74 ампера, ама не лежеше убаво и беше неколку ампера повеќе од препорачано, значи и јас дозволив да ми продадат прикаска. Немав проблеми со акумулаторот ама не беше 100 посто пасент), Од сега сум решен да одам на некоја си средна класа, гуми Hankook, акумулатор Hagen, Energizer, Topla сијалици Lucas, брисачи Praxis, масло Aral или Fuchs итн. Ако нешто отиде јабана порано него што треба ќе се тешам дека ете не сум дал повеќе пари, ако нешто ги надмине очекувањата ќе бидам ептен позитивно изненаден и ќе го поштувам брендот.
Да не заборавиме, ние сме во Македонија а плаќаме поскапо за ''премиум'' производи кои што реално коштаат поевтино на запад, кога ќе платиме поскапо добиваме лоша македонска услуга и ако не дај боже дојде до оваков случај нас не штитат македонски институции (исто како да ги нема).
Камарад има право да се лути најмногу на себе си затоа што дозволил да му продадат прикаска, а Анџело треба да се преиспита малку како менаџира со залихите, затоа што не продава нешто што кошта 100 денари па да не му се замара. 99 нспрема 1 посто не е оправдување него треба да се стреми према 100 посто, затоа што ете колку малку фали да се оцрни брендот што го гради 10 години.