Вечерта, бев убеден дека мојата смиреност пред Анџело и мојата несоодветна (несразмерно блага) реакција, која не парира на тежината на она што ми го направил, може погрешно да ја протолкува и да го охрабри, при консултацијата со "газдите", да донесе погрешна одлука. Ако тоа се случеше, заради своето достоинство и тоа што дозволив да ме изигра, ќе морав да одам до крај во докажувањето, ќе губев непотребно време и ќе си создадев дополнителни нервози.
Затоа, на 24 ноември о.г. (петок) околу 11,00 часот одлучив (да не ја чекам саботата) и преку Вибер да го контактирам Анџело за да се обидам да го превенирам, односно да го избегнам можното комплицирање на ситуацијата. Скратено: Му велам на Анџело - да не ме разбереш погрешно, како што знаеш, јас не дојдов кај тебе ниту да рекламирам, ниту за да ми продадеш нов акумулатор, а јас да заштедам 50 евра. Бидејќи не рекламирам ништо, треба да кажеш дали ја прифаќаш целосно вината за она што ми го направи и да се обидеш да се искупиш (како што е редот) или не ја прифаќаш вината. Ако не ја прифаќаш целосно вината, не ми требаат никакви отстапки од тебе, ниту помошта што ја нудиш за набавка на нов акумулатор.
Анџело, истата минута експресно ми одговара, во стилот, демек, сам си го бараше: "ОК, штом е така, еве ви записник." Следната минута ми го испраќа записникот, кој веќе го припремил и заверил претходниот ден на 23.11.2017 год. Во записникот стои дека немам основ за рекламација, бидејќи е истечен гарантниот рок од 24 месеци. Потоа имавме кратка преписка, од која закчучив дека му се вратила храброста за мајтапење со купувачите и затоа го замолив да ми закаже состанок со газдарицата на фирмата. Тој ми возврати дека одлуката е донесена од газдите, дека е законска и дека нема што повеќе да барам од нив, односно дека тие (газдите) немаат обврска да разговараат со мене поради истечена гаранција. Во исто време се огради со зборовите (цитирам): "Jas ne sum vi prodal i akumulatorot ne e kupen od Bateri Evolusn uvoznikot na Exide".
Истиот ден поладне, на телефон ми се јавува газдарицата и ме замолува да се сретнеме "на кафе" за да дознаела што точно ми се случило, бидејќи ова не било прв ваков случај, туку имало и други случаи, алудирајќи на тоа дека Анџело незнае што му подметнуваат продавачите на купувачот. Договоривме средба во понеделникот на 27 ноември, после работа, таа да ми се јави за местото каде да се видиме.
На 27 ноември о.г. околу 15,00 часот поминувам во продавницата Рели Рејсинг, за да дознам каков е нивниот удел во измамата што ми ја направија, за да одам подготвен на средбата со газдарицата. Ги затекнав сите тројца. Се сетија на купувањето на акумулаторот, но изричито одбија да прифатат било каква вина, затоа што наводно акумулаторите такви ги добиваат од увозникот, дека кај нив не стојат и дека немаат никаква потреба да држат акумулатори непродадени цела година, бидејќи во секое време можат да си подигаат еден по еден од увозникот. На моето прашање - зошто тогаш дозволуваат Анџело да им испорачува заостанати/сулфатизирани акумулатори стари по 12 месеци, тие одговорија дека незнаат да го читаат кодот и дека во најдобар случај ја гледаат само првата бројка, која означува година на производство, како и дека му веруваат на увозникот, кој со гаранција стои зад акумулаторите и е одговорен за истите. Јас им укажав дека тие се посебна фирма и ништо не ги оправдува за соучесништвото и овозможувањето на Анџело да продава неисправни акумулатори. Дополнително, сомнежот дека и тие се вклучени во играта, го појача сознанието дека во истиот момент, кај нив во продавница (после поминати 2,5 год од мојот случај) си продолжиле континуирано да продаваат сулфатизирани акумулатори. Имено, двата акумулатори што набрзина ги проверив од 85Ah и 100Ah, беа стари скоро цела година (акумулаторите и кодовите се фотографирани). Им кажав да се договорат со Анџело како ќе ја споделат одговорноста, а јас ќе се вратам после средбата со газдарицата за да го решиме проблемот.
Газдарицата не се јави на од неа закажаниот термин, поради што јас после два/три дена воздржување, повторно отидов во Рели Рејсинг. Присутни беа сите тројца. Им кажав дека газдарицата го одбегна состанокот и дека со Анџело ја префрлаат вината на нив. Бидејќи акумулаторот навистина го купив од кај нив, бидејќи е очигледно дека истата пракса на продавање сулфатизирани неисправни акумулатори ја применуваат со години, што никако неможе да биде случајно - очекувам од нив да го решат проблемот, а со Анџело нека си се договараат, кој со каков удел ќе учествува во покривањето на нивниот реален трошок - фабричката цена од околу 3000 денари (како што првично ми беше понудено од Анџело).
За да не мислат дека сакам нешто да добијам што не заслужувам им реков дека веднаш, кога ќе се "искупат" за она што ми го направија, јас ќе ги носам во ресторан на ручек во вредност на целиот акумулатор и ќе потрошам 5000 ден. ---- единствено ја свати сериозноста на ситуацијата и понуди нов ист акумулатор, газдата немаше капацитет или не сакаше да разбере што е поентата, а ---- му се додворуваше, појачувајќи ја тензијата. На крај сепак тројцата се усогласија и ми рекоа дека ќе ми се јават, кога да дојдам по акумулаторот во сабота на 2 декември, за да си го подигнам од кај нив.
Поради тензијата која се создаде во докажувањето кој е во право, јас им реков задолжително со акумулаторот да подготват и писмено извинување, за да не излезе дека сум изнудувал нешто од нив и дека во спротивно нема да го подигнам акумулаторот. При убедувањето, кој е во право, а со цел да им докажам колку е опасно тоа што го прават, им ја дадов картичката и барав да ми го продадат акумулаторот EXIDE 85Ah 800A(EN) стар скоро една година, кој во тој момент им беше во продавница, но тие насетувајќи што ги чека, го одбија тоа. Намерата ми беше, веднаш по купувањето, да ги повикам сите надлежни да направат записник, да барам вештачење и стручна експертиза за акумулаторот (вклучувајќи ги и акумулаторите претходно купените од мене и семејството на камарад), да барам мислење дирекно од производителот Exide и со сите докази, да одам до крај во расчистувањето на одговорноста и да барам одштета по сите основи.
До понеделникот на 4 декември о.г. Рели Рејсинг во координација со Анџело и газдарицата, продолжија со манипулирање, со изговор дека немале тазе акумулатор на лагер и дека мора да сочекам. Се сложив и со тоа, но под услов да ми дадат писмено известување, со извинување и рок на испорака на новиот акумулатор. Наместо тоа, истиот ден (4 декември о.г.) попладнето во 15,11 часот ми се јави газдарицата со обвинувањата дека водам хајка против неа, веројатно алудирајќи на дискусијата која во меѓувреме се развила на интернет.
Искрено, ни на крај памет не ми беше да се симнувам на ова ниво на дискусија, кое за жал сте го "постигнале" на форумов, но на молба на камарад се сложив да го опишам случајот.
Дополнително и бидејќи скоро истовремено "чашата ја прелеа" и газдарицата на фирмата, која ги увезува и продава EXIDE акумулаторите во Македонија - . Госпоѓата, ми се јави на мобилниот телефон пред два дена и ме обвини дека (парафразирам) "некој ме пратил/инструирал да и правам проблеми и да и го загрозувам бизнисот на семејството", да поттикнувам неосновани напади на форумов против нејзината фирма, со алудирање дека знаела дури и кој (политичар) стои зад сето ова.
Како што гледате, вистината е сосема поинаква и се чувствував повикан и одговорен (на барање на камарад) да ја споделам со вас.
Ве поздравувам сите и ви посакувам продуктивна дебата, добро здравје и се најубаво во годината што следи.