Гласање

Која марка на акумулатори се најдобри според вас?

Exide
141 (42.6%)
Black Horse
32 (9.7%)
Vesna
22 (6.6%)
Topla
63 (19%)
било кој...
73 (22.1%)

Вкупно гласови: 330

Автор Тема: Предлог за акумулатор  (Прочитано 762869 пати)

Отсутен kamarad

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1470 на: 07 Декември 2017, 15:22:21 pm »
ОК... да продолжиме кај што застанавме.

да потсетам - бидејќи по заслуга на одговорните на форумов и машинеријата која ја создале за промовирање на EXIDE акумулаторите бевме навлечени на купиме акумулатори, за кои многу касно (сосема случајно) дознаваме дека увозникот и неговите продавачи не смееле во никој случај да ни ги продадат, затоа што биле неисправни во моментот на продажбата (и како такви ниеден производител не стои зад гаранцијата, дури и да му е дадена од продавачот на купувачот), ред е увозникот овде, да ни даде одговор на прашањата и дилемите кои се наметнаа... но, тој одби тоа да го направи, навредувајќи ги со тоа сите што му ја дале довербата (и парите).

таквиот однос на увозникот на EXIDE не му оди во прилог... дури и сите изиграни/незадоволни купувачи на EXIDE да преќутиме... да избегаме од форумов...да се помириме со судбината и да си купиме нови акумулатори од друг бренд... тоа долгорочно, како што вели и самиот увозник на EXIDE на овој форум - ќе му се врати како бумеранг и еден ден ќе треба да се крие под друга фирма и друг бренд, затоа што овој бизнис со EXIDE , вака како што работи, долгорочно е неодржлив.

но, да не должам...одиме конкретно со поводот... причините за стартувањето на оваа дискусија од моја страна и со одговори/податоци до кои сме дошле самите, поради одбивањето на увозникот да ни ги даде потребните информации, за да можеме сите да процениме што се случува со EXIDE акумулаторите во македонија.

на крај ќе следат заклучоци и препораки на што треба да внимаваме во иднина и како да се заштитиме од подметнувања, при купувањето на нов акумулатор.

да нагласам, како што рече и некој од членовите, не се работи за 100.. 200....500 евра....туку за воочена појава за која сметаме дека увозникот е должен да даде одговори на истово место каде што не убеди да ги купиме акумулаторите.

За да не го прераскажувам, го замолив колегата на татко ми накратко да го опише неговиот проблем... текстот малку технички го средив за да не биде предолг, а сепак да не изгуби од битните моменти и да се вклопи во дискусијата.

Отсутен kamarad

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1471 на: 07 Декември 2017, 15:23:19 pm »
Здраво на сите,

Сите детали за мене, идентитет, вклучувајќи и број на телефон, познати му се на Анџело од EXIDE, исто така и на Александар, Сашо и Кире од Рели Рејсинг продавницата (лоцирана во близина на првиот млечен ресторан во Скопје).

За дискусијата која се развила на форумот ме извести камарад и бидејќи всушност испаѓа дека јас сум ПОВОД-от (иницијалната каписла) за отпочнување истата, чувствувам лична, морална и професионална одговорност, подетално да го опишам случајот, кој верувам дека е предмет на интерес за повеќето сегашни, па и идни членови на форумов. За да не ме прераскажува камарад, се сложив јас да го опишам случајот.

Да одиме по хронолошки ред (се извинувам ако бидам преопширен):

- 24 март 2015 год., благодарение на претходна препорака на камарад (кој ги слушнал фалбите за EXIDE на форумов и со татко му купиле два акумулатори за себе, а покасно и јас еден за мене), се најавувам и одам кај Анџело во просториите на Раде Кончар, да го купам вториот EXIDE акумулатор. Разговорот го водевме во дворот, покрај возилото:

    ЈАС: (се обраќам кон Анџело) Ми треба квалитетен акумулатор, по можност со лев плус, не е битна цената, само несакам да мислам на него, заради тоа што заминувам на пат и подолго време ќе бидам отсутен од државава. Со цел да наметнам сериозност на разговорот, попатно (во спонтаниот разговор) му нафрлам на Анџело, со што се занимавам (спречување, откривање и гонење на криминал и корупција од меѓународни размери), со надеж дека ќе влијаам, ни случајно да не се дрзне да ме изигра и со тоа взаемно да си ги скратиме маките.

    АНЏЕЛО: (Ме одмери од глава до пети, го загледа возилото, гледа дека веќе сум купил (сулфатизиран) EXIDE од 100Ah 900А(EN) за друго возило, кое не го употребувам и кој поради габарит неможам да го користам во ова возило и ми се обраќа со зборовите): Немаме со лев плус во моментов, но имаме супер акумулатор за вас 85Ah 800A(EN), кој ќе ви одговара и по габарит. Ќе ви кажам од каде да го подигнете (во меѓувреме врти на телефон и откако му потврдија дека акумулаторот не е продаден, ми вели): Појдете во Рели Рејсинг продавницата, таму ве чекаат. Кажете им дека јас сум ве пратил.

    ЈАС: (кон Анџело) За моето возило фабрички е предвидено 70-72Ah, може ли да има некој проблем што е појак овој што го предлагаш.

    АНЏЕЛО: Не не, јас ви гарантирам, слободно земете си го овој, доколку не ви е проблем цената.

---------------------

Половнина час покасно.

    ЈАС: (кон вработените во Рели Рејсинг). Јас сум тој и тој, ме испрати Анџело кај вас да земам EXIDE 85Ah 800A(EN).

    РЕЛИ РЕЈИСИНГ: Да, повелете, еве го акумулаторот.

    ЈАС: (во шала, се обраќам кон вработените во продавницата) Да не е заостанат акумулаторов, тазе ли е?

    РЕЛИ РЕЈИСИНГ: Да, да, немајте гајле, ептен тазе, нема ни две недели, откако ни го донесе Анџело.

    ЈАС: Им го оставам стариот BANNER, доплаќам 5800 денари и го купувам акумулаторот.

-----------------------------

Веднаш потоа, заминав надвор од државата. Бидејќи претходно купениот EXIDE од 100Ah 900А(EN) никој од семејството неможеше да го искористи, за секој случај, го ставив во багажникот и го понесов со мене.

Веќе првата зима (после 8 месеци), акумулаторов почна да покажува дека нешто не е во ред со него. Го наполнив неколку пати со 7-фазен полнач, кој автоматски врши и десулфатизација, и некако ја истуркав зимата. Летниот период, морав да го дополнувам уште неколку пати, затоа што не ја држеше струјата. На почетокот на втората зима (при крај на гарантен рок), се виде дека ништо не бива од него. Го заменувам со резервниот EXIDE од 100Ah 900А(EN) од багажникот, кој во меѓувреме на неколку пати го освежував со полначот и продолжувам со обврските.

2017 се враќам во државата (гаранцијата на EXIDE 85Ah 800A(EN) беше истечена) и јас почнувам да барам соодветен акумулатор со лев плус.

При трагањето по нов акумулатор, еден од продавачите ми понуди да го провери стариот EXIDE 85Ah 800A(EN), кој го купив од Анџело и го носев со мене за замена со нов. Кога го виде кодот, и ме праша кога сум го купил, ми вели: Ти продале стар сулфатизиран акумулатор, нема спас за него. Кога си го купил, бил лежен по магацини цели 13 месеци. Добро и толку што ти издржал.

Иако со години трениран и искусен во справување со најсложени ситуации, во моментот на осознавање на информацијата, се потресов и препотив од нервоза. Не му реков ништо на него, но во себе цело време си го поставував прашањето: Зарем е можно, Анџело и екипата од Рели Рејсинг, свесно тоа да ми го направија.

На 21 ноември о.г., му се најавувам на Анџело и закажувам проверка на акумулаторот, кој ми го продаде.

На 23 ноември о.г. (четврток), Анџело го проверува акумулаторот EXIDE 85Ah 800A(EN) во просториите кај Раде Кончар и констатира дека акумулаторот е неисправен и дека нема да му помогне ниту дополнување. Веднаш ми нуди погодности во вид на попусти, за новиот акумулатор што треба да го купам од кај него. Го задржува акумулаторот кај него во магацин и на крај попатно ми нагласува дека (според трансакцијата која му ја приложив и од која се гледа датумот, кога сум го купил) гаранцијата не ми важи, но во случајов тоа не е битно и тој "ќе сторел се за да ми помогне". Иако не ми се допадна тоа што продолжува да се обидува да манипулира со мене, на негово барање, се сложив да му оставам време до сабота 25 ноември 2017, за да се консултира со "газдите". Забележав дека е потполно свесен што ми направил, но ми се пристори дека сака "да се испере", без да си правиме дополнителни проблеми и да се докажуваме, кој е во право, за тоа што ми продал сулфатизиран акумулатор стар 13 месеци, кој дури ни со гаранција, несемеел да ми го продава. Во разговорот Анџело ми напоменува колку се добри EXIDE и дека во Србија и некои други држави давале 40 месеци гаранција, но тој морал за МК да оди со 24 месеци.

Отсутен kamarad

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1472 на: 07 Декември 2017, 15:24:36 pm »
Вечерта, бев убеден дека мојата смиреност пред Анџело и мојата несоодветна (несразмерно блага) реакција, која не парира на тежината на она што ми го направил, може погрешно да ја протолкува и да го охрабри, при консултацијата со "газдите", да донесе погрешна одлука. Ако тоа се случеше, заради своето достоинство и тоа што дозволив да ме изигра, ќе морав да одам до крај во докажувањето, ќе губев непотребно време и ќе си создадев дополнителни нервози.

Затоа, на 24 ноември о.г. (петок) околу 11,00 часот одлучив (да не ја чекам саботата) и преку Вибер да го контактирам Анџело за да се обидам да го превенирам, односно да го избегнам можното комплицирање на ситуацијата. Скратено: Му велам на Анџело - да не ме разбереш погрешно, како што знаеш, јас не дојдов кај тебе ниту да рекламирам, ниту за да ми продадеш нов акумулатор, а јас да заштедам 50 евра. Бидејќи не рекламирам ништо, треба да кажеш дали ја прифаќаш целосно вината за она што ми го направи и да се обидеш да се искупиш (како што е редот) или не ја прифаќаш вината. Ако не ја прифаќаш целосно вината, не ми требаат никакви отстапки од тебе, ниту помошта што ја нудиш за набавка на нов акумулатор.

Анџело, истата минута експресно ми одговара, во стилот, демек, сам си го бараше: "ОК, штом е така, еве ви записник." Следната минута ми го испраќа записникот, кој веќе го припремил и заверил претходниот ден на 23.11.2017 год. Во записникот стои дека немам основ за рекламација, бидејќи е истечен гарантниот рок од 24 месеци. Потоа имавме кратка преписка, од која закчучив дека му се вратила храброста за мајтапење со купувачите и затоа го замолив да ми закаже состанок со газдарицата на фирмата. Тој ми возврати дека одлуката е донесена од газдите, дека е законска и дека нема што повеќе да барам од нив, односно дека тие (газдите) немаат обврска да разговараат со мене поради истечена гаранција. Во исто време се огради со зборовите (цитирам): "Jas ne sum vi prodal i akumulatorot ne e kupen od Bateri Evolusn uvoznikot na Exide".


Истиот ден поладне, на телефон ми се јавува газдарицата и ме замолува да се сретнеме "на кафе" за да дознаела што точно ми се случило, бидејќи ова не било прв ваков случај, туку имало и други случаи, алудирајќи на тоа дека Анџело незнае што му подметнуваат продавачите на купувачот. Договоривме средба во понеделникот на 27 ноември, после работа, таа да ми се јави за местото каде да се видиме.

На 27 ноември о.г. околу 15,00 часот поминувам во продавницата Рели Рејсинг, за да дознам каков е нивниот удел во измамата што ми ја направија, за да одам подготвен на средбата со газдарицата. Ги затекнав сите тројца. Се сетија на купувањето на акумулаторот, но изричито одбија да прифатат било каква вина, затоа што наводно акумулаторите такви ги добиваат од увозникот, дека кај нив не стојат и дека немаат никаква потреба да држат акумулатори непродадени цела година, бидејќи во секое време можат да си подигаат еден по еден од увозникот. На моето прашање - зошто тогаш дозволуваат Анџело да им испорачува заостанати/сулфатизирани акумулатори стари по 12 месеци, тие одговорија дека незнаат да го читаат кодот и дека во најдобар случај ја гледаат само првата бројка, која означува година на производство, како и дека му веруваат на увозникот, кој со гаранција стои зад акумулаторите и е одговорен за истите. Јас им укажав дека тие се посебна фирма и ништо не ги оправдува за соучесништвото и овозможувањето на Анџело да продава неисправни акумулатори. Дополнително, сомнежот дека и тие се вклучени во играта, го појача сознанието дека во истиот момент, кај нив во продавница (после поминати 2,5 год од мојот случај) си продолжиле континуирано да продаваат сулфатизирани акумулатори. Имено, двата акумулатори што набрзина ги проверив од 85Ah и 100Ah, беа стари скоро цела година (акумулаторите и кодовите се фотографирани). Им кажав да се договорат со Анџело како ќе ја споделат одговорноста, а јас ќе се вратам после средбата со газдарицата за да го решиме проблемот.

Газдарицата не се јави на од неа закажаниот термин, поради што јас после два/три дена воздржување, повторно отидов во Рели Рејсинг. Присутни беа сите тројца. Им кажав дека газдарицата го одбегна состанокот и дека со Анџело ја префрлаат вината на нив. Бидејќи акумулаторот навистина го купив од кај нив, бидејќи е очигледно дека истата пракса на продавање сулфатизирани неисправни акумулатори ја применуваат со години, што никако неможе да биде случајно - очекувам од нив да го решат проблемот, а со Анџело нека си се договараат, кој со каков удел ќе учествува во покривањето на нивниот реален трошок - фабричката цена од околу 3000 денари (како што првично ми беше понудено од Анџело).

За да не мислат дека сакам нешто да добијам што не заслужувам им реков дека веднаш, кога ќе се "искупат" за она што ми го направија, јас ќе ги носам во ресторан на ручек во вредност на целиот акумулатор и ќе потрошам 5000 ден. ---- единствено ја свати сериозноста на ситуацијата и понуди нов ист акумулатор, газдата немаше капацитет или не сакаше да разбере што е поентата, а ---- му се додворуваше, појачувајќи ја тензијата. На крај сепак тројцата се усогласија и ми рекоа дека ќе ми се јават, кога да дојдам по акумулаторот во сабота на 2 декември, за да си го подигнам од кај нив.

Поради тензијата која се создаде во докажувањето кој е во право, јас им реков задолжително со акумулаторот да подготват и писмено извинување, за да не излезе дека сум изнудувал нешто од нив и дека во спротивно нема да го подигнам акумулаторот. При убедувањето, кој е во право, а со цел да им докажам колку е опасно тоа што го прават, им ја дадов картичката и барав да ми го продадат акумулаторот EXIDE 85Ah 800A(EN) стар скоро една година, кој во тој момент им беше во продавница, но тие насетувајќи што ги чека, го одбија тоа. Намерата ми беше, веднаш по купувањето, да ги повикам сите надлежни да направат записник, да барам вештачење и стручна експертиза за акумулаторот (вклучувајќи ги и акумулаторите претходно купените од мене и семејството на камарад), да барам мислење дирекно од производителот Exide и со сите докази, да одам до крај во расчистувањето на одговорноста и да барам одштета по сите основи.

До понеделникот на 4 декември о.г. Рели Рејсинг во координација со Анџело и газдарицата, продолжија со манипулирање, со изговор дека немале тазе акумулатор на лагер и дека мора да сочекам. Се сложив и со тоа, но под услов да ми дадат писмено известување, со извинување и рок на испорака на новиот акумулатор. Наместо тоа, истиот ден (4 декември о.г.) попладнето во 15,11 часот ми се јави газдарицата со обвинувањата дека водам хајка против неа, веројатно алудирајќи на дискусијата која во меѓувреме се развила на интернет.

Искрено, ни на крај памет не ми беше да се симнувам на ова ниво на дискусија, кое за жал сте го "постигнале" на форумов, но на молба на камарад се сложив да го опишам случајот.

Дополнително и бидејќи скоро истовремено "чашата ја прелеа" и газдарицата на фирмата, која ги увезува и продава EXIDE акумулаторите во Македонија - . Госпоѓата, ми се јави на мобилниот телефон пред два дена и ме обвини дека (парафразирам) "некој ме пратил/инструирал да и правам проблеми и да и го загрозувам бизнисот на семејството", да поттикнувам неосновани напади на форумов против нејзината фирма, со алудирање дека знаела дури и кој (политичар) стои зад сето ова.
Како што гледате, вистината е сосема поинаква и се чувствував повикан и одговорен (на барање на камарад) да ја споделам со вас.

Ве поздравувам сите и ви посакувам продуктивна дебата, добро здравје и се најубаво во годината што следи.
« Последно менување: 08 Декември 2017, 15:02:47 pm zeroSignal »

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1473 на: 07 Декември 2017, 15:31:36 pm »
Treba nekoj dokumentarec da se snimi za ova ... :D

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1474 на: 07 Декември 2017, 15:46:52 pm »
И @kamarad што планирате да направите понатаму ?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1475 на: 07 Декември 2017, 15:55:55 pm »
Ве гледам сите се смеете а не ја сфаќате очигледно поентата на погоре пишаното, добро е ова за сите нас комплетно како општество да се реши дека и тука луѓето што плаќаат имаат право да добијат 100% исправно нешто како и што е платено а не да плачете сите како пичиња и да трчате од странство све да купувате со изговорот во странство е поквалитетно. Епа ќе биде пошто таму вакви работи не ги тера до крај единец купувач туку има институција што се грижи за сите да добијат тоа што го платиле. И сфатете го ова како мрдање од мртва точка, без разлика дали се работи за акумулатори, коли, техники или било што, едноставно дека треба да почне да има ред на работите.

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!


Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1476 на: 07 Декември 2017, 16:22:06 pm »
Kako se mavate u grudi da stranskive brendovi..... vaka i domasnite da gi branite i kupuvate.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1477 на: 07 Декември 2017, 16:56:32 pm »
@kamarad другарче, објективно пристапот со приказната ти беше некако многу "негативен", не знам ни дали е тоа соодветниот збор. Можеше да бидеш политички покоректен на почетокот и на крајот да поентираше, како што и поентираше, со давање гол у аголче од средина на терен.

Корисно за секого од нас е да се знае твоето односно искуството на пријателот а секој е доволно паметен да донесува одлуки од каде би го набавил својот следен акумулатор. Ферски би било да се слушне и верзијата на Анџело доколку сака да ја сподели за да се има комплетна слика.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1478 на: 07 Декември 2017, 17:15:41 pm »
Дали може да дознаеме од членот камарад дали неговиот, и акумулаторот на татко му уште функционираат? Имам впечаток дека само акумулаторот на пријателот рикнал, па камарад и татко му само се осеќаат измамени поради датумот на производство, додека акумулаторите и денес им фукнционираат. Можда грешам.

Дисклејмер: не ги бранам Ексајд, напротив, поради луѓе со искуства каде акумулаторите им траеле месец/два/година по истек на гаранција, не им ја оправдувам цената и репутацијата која ја држат.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1479 на: 07 Декември 2017, 17:16:54 pm »
@kamarad

Другар, имаш фискална со датум и код на акумулаторот кој докажува дека ти е продаден стар сулфатизиран (како што го нарекувате) акумулатор. Значи според мене имаш се за на суд и инспекција.

Ни кажуваш дека вакви работи не смее да им се случуваат на потрошувачите.

Според мене, ако со доказите не отидеш во инспекција и на суд и саглам не го потераш импортерот на Exide, јас ќе сметам дека само сакаш да плукаш и неправедно да го оцрниш членот Анџело а не и да придонесеш за правата на потрошувачите и самиот ти да си ја задоволиш правдата.

Навивам за тебе и се надевам ќе потераш работа поасално пред надлежни органи наместо да се полниш нервоза тука.
Секако, ќе чекам исход од твојата иницијатива и стварно ќе ме интересира како ќе заврши овој случај.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1480 на: 07 Декември 2017, 17:57:04 pm »
Ако камарад, поточно неговиот пријател не го напишеше сето ова како ние ќе дознаевме за практиката на продавачите,
пошто судски одлуки тешко дека некој прати.

Треба и ние да знаеме дека не е се розево како на рекламите, дека и најверојатно повеќето увозници на акумулатори го практикуваат истото. Поточно производителот е нултиот пациент со тоа што го „кодира“ датумот на производство за да можат понатаму другите да ги продаваат истите после препорачаниот рок, затоа што се сомневам дека непродадените „истечените“ акумулатори има политика да им ги откупува за истата цена, па затоа да не се во загуба ги продаваат и нив.
Ако грешам нека се изјаснат увозниците...

А не е тешко да се напиши датата на производство во читлив формат, меѓутоа не го прават тоа од очигледните причини (максимален профит).

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1481 на: 07 Декември 2017, 18:07:08 pm »
Што пуканки се изедоа ....

Имаме една многу убава поговорка "се што лета не се јаде"

Драги клабери, некои работи треба да се имаат во предвид, добра кои се често барани се и најтазе :) во случајов би биле акумулатори од 45-70 ампери. Сите вие што имате понесекојдневни, атипични и сл. или искеширајте повеќе пари или порачајте со време. Продавачи како продавачи, секој го фали своето и секој гледа да го продаде своето. Кога се работи за пари, не барајте другарство, зошто на крај и без другарство и без пари ќе останете.
Кога се работи за гаранции, продавачот гледа да го "преживее" почетокот а купувачот да го надживее работниот век. Шо би рекол Н.Младенов, тука нема компромис клабери. Жал ми е за дечкото што му се поебал акумулаторот ама ако е во рокот, џабе се замарал со докторски дисертации. Разбирам го боли моментот што испаднал наивен и неинформиран, ако е така не навлегувам, ама клабери тоа е животот....школо. Едноставно, требал да се насмее, момно и некоја клетва да фрли (популарно деновиве) да си рече, добро е 100е беа само памет за други работи. И оди и купи си некој друг бренд.

На форумов е најтешко да се разбере дека не може споредби да се прават. Не живееме во паралелни универзуми. Претходниот акумулатор ти бил подобар, мислиш? Можеби да, можеби не ама не заборавај дека и колата ти била помлада.




Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1482 на: 07 Декември 2017, 18:28:44 pm »
Не сфатив сеа, ова све се дешава по истек на гаранцијата на акумулаторот?
Што е причата со двата акумулатори? Зошто едниот стои во гепек?

Барам уште епизоди! Продолжен викенд е!!!


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7220
  • French diamond
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1483 на: 07 Декември 2017, 19:05:31 pm »
Македонска работа, кај не/ве прават будали продавачите и човекот фино лепо ви го разџвака тоа за да не не дупат повеќе на здрав мозок... вие на форумот уште сеир играте( неколку члена). Значи малце ви е дупење, крепите вие уште, ако нека ве дупат слободно и понатаму, а вие играјте си мајтап и тргајте сеир со членот.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #1484 на: 07 Декември 2017, 19:15:00 pm »
Види, едно е јасно:
Ако е поминат гарантниот рок, ни продавачот, ни увозникот а ни производителот веќе немаат обврски спрема купувачот (има некои исклучоци, како на пример производителите на автомобили за некои животно загрозувачки дефекти, како таката перничињата).
Све после гарантен период е на добра волја на продавач/увозник/производител.
Нема што тука многу за драмење 5 страници.
Убаво е да дознаеме некои работи за акумулаторите, и убаво е да знаеме да се пазиме од стоени продукти. Ама сеа да не праиме шпански серии тука.
Ни имам искуство со ексајд ниту па бранам некого. Ама треба малце да се намали со драмата. Јас не знам дали постои закон според кој не смее да ти продаде некој бајат акумулатор? Ако постои - бап тужба. Ако не постои, твоите права како купувач, завршуваат со истекот на гаранцијата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.