друштво... должен сум извинување. додека ги чекав(ме) одговорите од анџело, најдов малку време да се вратам наназад и да ја прегледам набрзина целава тема.
знам, како нов член, требаше тоа да го направам веднаш по зачленувањето, но притиснат од некои обврски...ми се виде многу 90 страни да ги исчитувам.
Бидејќи некои работи веќе биле предмет на дискусија, па и одговорени, ќе ги ревидирам моите прашања покасно, ако најдам време.
За да не се измачуваат повеќе
@nidzzo и останатите загрижени,
дали сум еден од увозниците на акумулатори или нивни човек, дојден на форумов за да направам "тотална забуна" заради некои скриени интереси, отворено и дирекно ќе ви кажам (а тоа ќе ви се потврди и покасно):
НИКОГАШ, апсолутно НИКОГАШ, не би влегол, ниту би поддржал, било каков бизнис (како акумулаторскиов) за кој однапред можам да претпоставам дека ќе морам да работам прљаво, да ги лажам сите редум, за да им ги земам парите, да организирам банда неранимајковци за намамување на презафатени, неинформирани и наивни потенцијални купци и.... полнејќи ги џебовите, да се занесам до тој степен, да си го загрозам семејството и себе си, да се плашам дали некој од изиграните (тетовирани дечки, алфи-сти и сл.) еден ден, ќе ме укокаат пред мојата зграда, без да ме прашаат зошто (гледајќи ги во очи и злоупотребувајќи ја нивната доверба) сум ги заебал.