Во секоја продавница за акумулатори, вршат откуп на старите. Цената е во зависност од акумулаторот. За твојот би требало да добиеш 300 денари.
Воедно доколку купиш нов, и го оставиш стариот ке имаш попуст од 300 денари, односно околу 10%.
Цената на акумулатор како што бараш ти, се движи од 2500 до 4000 денари, во зависност што сакаш да купиш.
Изборот е твој, а јас го направив мојот. Купив две "Varta", и за едната и за другата кола.
Едниот силвер, другиот блу, па ке видиме како ке тераат. Сега за сега после година ипол се држат сосема одлично.
Гаранција две години.
Купени од дуќанот на Ленинова, одма карши Кармакс.
Досега задоволен од Бош и од Варта, а од Топла максимално незадоволен и не му го препорачувам на никого. Доколку морам да избирам помеѓу Топла и макеоднскиот САП, без никакво двоумење САП би избрал.