Дали некој има li-ion jump starter за акумулатор, да каже што да земам?
Ги меркам:
1. Noco GB40
2. Lokithor J1000
3. Последна опција некој од Алиекспрес што не ми прави ќејф.
Ги разгледав двата, овај локитор ти е многу попаметна опција заради батеријата во него. Noco li ion батерија, шо не е баш безбедна за чување, а и уште поважно животниот рок му е мн мн пократок. Овај другиот има LiFePO4 батерија шо е понова технологија и е побсзбедна и трајноста м,у е x5 од другите, затоа се и прилично скапи ако изгуглашш за соларно и слично. гарантирани 10-12 години има без да деградира во капацитет. и после тие 12 ќе падни на 80%.
Подобра опција ти е вториот ,за бркање сите стартери ќе ти збркаат работа, побитно е да ти трај, оти ќе го купиш, ќе ти притреба по 3 години, и место да завршиш работа ќе ти заврши во канта стартерот оти си плакала мајката батеријата внатре. Остај шо можи и да се спали самата, со тоа и колата да ти оди јабана.
Јас земав за 39.99 од Лидл со LiFePO4, 12000mah.
Згуглај малце LiFePO4 vs li ion ќе вдиш
Еве и на муабетот, еден li ion powerbank арен беше до пред месец два, го фатив во неделата да пребришам прашина кога го оставив гледам се ниша на маса, цел потече од добро стоење. Сумлива кинезарија можи да му текни да сттуши да се самозапали па да останев без стан пример, или сосе мене внатре
го чувам за коледе, ќе го палам во контролирана средина да видиме шо ќе се издешава