Гласање

Која марка на акумулатори се најдобри според вас?

Exide
136 (42.2%)
Black Horse
32 (9.9%)
Vesna
22 (6.8%)
Topla
62 (19.3%)
било кој...
70 (21.7%)

Вкупно гласови: 321

Автор Тема: Предлог за акумулатор  (Прочитано 671587 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3058
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3615 на: 20 Декември 2023, 18:29:36 pm »
Дали некој има li-ion jump starter за акумулатор, да каже што да земам?

Ги меркам:

1. Noco GB40
2. Lokithor J1000
3. Последна опција некој од Алиекспрес што не ми прави ќејф.
Ги разгледав двата, овај локитор ти е многу попаметна опција заради батеријата во него. Noco li ion батерија, шо не е баш безбедна за чување, а и уште поважно животниот рок му е мн мн пократок. Овај другиот има LiFePO4 батерија шо е понова технологија и е побсзбедна и трајноста м,у е x5 од другите, затоа се и прилично скапи ако изгуглашш за соларно и слично. гарантирани 10-12 години има без да деградира во капацитет. и после тие 12 ќе падни на 80%.
  Подобра опција ти е вториот ,за  бркање сите стартери ќе ти збркаат работа, побитно е да ти трај, оти ќе го купиш, ќе ти притреба по 3 години, и место да завршиш  работа ќе ти заврши во канта стартерот оти си плакала мајката батеријата внатре. Остај шо можи и да се спали самата, со тоа и колата да ти оди јабана.
Јас земав за 39.99 од Лидл со LiFePO4, 12000mah.
Згуглај малце LiFePO4 vs li ion ќе вдиш
Еве и на муабетот, еден li ion powerbank арен беше до пред месец два, го фатив во неделата да пребришам прашина кога го оставив гледам се ниша на маса, цел потече  од добро стоење. Сумлива кинезарија можи да му текни да сттуши да се самозапали па да останев без стан пример, или сосе мене внатре :)
го чувам за коледе, ќе го палам во контролирана средина да видиме шо ќе се издешава :D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Фала ти на деталниот пост, ќе одам со локиторот. Да начекав во Лидл и јас ќе земев ама ти имаш географска предност :)

Отсутен car

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3616 на: 25 Декември 2023, 23:45:43 pm »
Се мислам да земам Duracell 74A 740Udarna ili Monbat 75A 720 udarna.Дали имал некој искуство со овие акомулатори колку им е животниот век ,што би ми препорачале кој да го земам.

Присутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3617 на: 26 Декември 2023, 17:22:10 pm »
Jas koristam Monbat P serija 75A 720 udarna, eve veke 3 godini, pali kibrit ;D za parite e top. Ima i okce ako sveti zeleno deka e ok :D
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3618 на: 27 Декември 2023, 13:36:24 pm »
Jas koristam Monbat P serija 75A 720 udarna, eve veke 3 godini, pali kibrit ;D za parite e top. Ima i okce ako sveti zeleno deka e ok :D
И јас го користам истиот акумулатор од декември 2019, значи полни 4 години
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен DriveDrive

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3619 на: 27 Декември 2023, 16:22:23 pm »
Jas imam eden so zelena boja neznam koj model e na monbat,znam deka e 55amperi i sega gledam po data avgust 2018 i sum zadovolen da ne go urocam.

Присутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3620 на: 29 Декември 2023, 00:40:02 am »
Jas imam eden so zelena boja neznam koj model e na monbat,znam deka e 55amperi i sega gledam po data avgust 2018 i sum zadovolen da ne go urocam.
Toj e zelen P serija, Performance, tie se najdobri od Monbat
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен DriveDrive

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3621 на: 29 Декември 2023, 10:58:38 am »
Така нешто,кога го зимав ми го препорачаа во дуќанот, не помнам но нешто 450 мкд поскапо беше и вредеше одлуката

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2202
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3622 на: 30 Декември 2023, 14:48:26 pm »
Утрово бев по потрага по акумулатор,во Кавадарци малку изборот е ограничен,на неколу место прашав немаа Монбат 75Аh и 720а,ниту пак Весна со над 75Аh,стариот акумулатор беше 80Аh и така малку револтиран зедов тоа што ми препорачаа со 30 месеци гаранција некој италијански бренд VP MAXIMUS so 88Ah и 830а,некој подбренд на некој си италијански випиеме колку што разбрав ,не сум слушнал до сега за тој бренд за 5400ден.Што ќе му даде господ тоа,со стариот акумулатор при палење јавуваше еррор БРЕЈК кој по мало истражување се јавувал кога капацитетот на аумулаторот е намален,со овој тој ерор не се јавува.

Го проверија алтернаторот си полнеше 14.5а.

Едно се планира друго излегува,што биде биде.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Да си реплицирам сам,Макимус шајзе прајм акумулаторот денес рикна,утрово  запали аудито,го поместив 5м го изгасив и за 2 мин пак да го запалам ниту шалтаблата не светна,го палев со кабли и сите можни ламбички светнаа .Значи 3 год. и 8 месеци издржа.Од Клинчар Неготино земав нов Топла Топ 12в 85Ач 800А со 3 години гаранција за 4400ден со вратен стар.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3623 на: 15 Јануари 2024, 13:38:12 pm »
Денеска земени два акумулатора од кај @nidzzo, Монбат Динамик 44А за Пунтото и Монбат Формула 55А за еден пријател, уште еднаш да ги пофалам за коректниот однос и услугата на највисоко ниво
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1486
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3624 на: 17 Јануари 2024, 19:15:51 pm »
Можно ли е нов акумулатор да ,цркне, после 1 година?

Возилото е паркирано во гаража 1 месец.
Повремено е палено. Последен пат пред ~7 дена.
Тогаш покажа инфо дека е слаб акумулаторот - запали и е оставено да работи .

 Денес светна инструмент табла но не запали….


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1806
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3625 на: 17 Јануари 2024, 20:23:33 pm »
Да не мудрувам, дали возилото има кеу лес систем и такви дрангулии, претпоставувам тие влечат одреден напон на изгасено, а за да се наполнел правилно мислам дека и требсло возење малце не работа во место. Кај пријателка светна така после стоење и ја развози пар пати по 20 км и еднаш 100 и се среди

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 708
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3626 на: 17 Јануари 2024, 20:45:38 pm »
Можно ли е нов акумулатор да ,цркне, после 1 година?

Возилото е паркирано во гаража 1 месец.
Повремено е палено. Последен пат пред ~7 дена.
Тогаш покажа инфо дека е слаб акумулаторот - запали и е оставено да работи .

 Денес светна инструмент табла но не запали….


Sent from my iPhone using Tapatalk

i toa kako e mozno/ vo prosek edno palenje (bez da imash svetla, radio ili bilo kakov potroshuvach) te koshta minimum 15-20 min vozenje so sreden broj na vrtezi na motorot. a ako ti samo zapalish i ja pobrchish vo mesto 10min..samo povekje si go ispraznil akumulatorot otkolku shto kje se napolni za tie 10 min. a veruvam NIKOJ ne dreme vo kola i da ja brchi na sreden broj vrtezi 20 min.. kje poludish.

ako ne se vozi kolata najarno na 2-3 meseci vadenje akumilator i dopolnuvanje

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2659
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3627 на: 17 Јануари 2024, 22:57:08 pm »
Najverovatno ne e crknat samo treba da se nadopolni.
Kompjuterot i razni senzori non stop vlecat struja, mala no dovolna da isprazni akumulator na podolg rok.
Plus ladno namalen kapacitet i ne pali.


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3628 на: 27 Јануари 2024, 22:27:24 pm »
Пред некој ден имав непријатна случка.
Имено, брзајќи за во кафана на ручек, давам контакт, чекам да се изгаснат греачи, да заверглам, и на дисплејот ми се покажа среден прст...Колата не запали. Викам чекај нешто да не сонувам. Гаснам, давам контакт, чекам две секунди, да заверглам, пак исто... Ај викам беља. Ништо, извадив пуњач, ставам да се пуни и отидов со службена кола. Ми се еба кафаната, несмеев ни чашка ракија да испијам. Само на вино бев, и тоа бело...Трагедија у пи*ку матер.
И така уствари добрата Варта силвер пушти душа после неполни 4 години, што досега ми се нема случено со тој бренд.
Затоа решив да се обратам кај нашите професионалци и да побарам стручна медицинска помош.
И додека се уште држеше поднаполнетиот акумулатор, се упатив до сервисниот центар https://www.google.com/maps/place/MONBAT+AKUMULATORI/@41.9727895,21.4564299,19.77z/data=!4m6!3m5!1s0x135415e6b46f4da5:0xc966c640de3bf1bc!8m2!3d41.9728035!4d21.4563268!16s%2Fg%2F1tj358l9?entry=ttu на MONBAT акумулатори.
По кратката проверка од страна на стручниот тим, утврдено беше дека акумулаторот е во добар дел веќе амортизиран. Не сакајќи да експериментирам и да останам некаде повторно без ракија и ручече, решив да го заменам со нов.
Монтиран по препорака МONBAT P.
Целата процедура траеше толку кратко што успеав да шмркнам само две голтки кафе, а другото си го понесов за по пат. Инаку кафето беше гратис  ;D

Голема благодарност до целиот тим и доколку имате потреба од акумулатор, топло ги препорачувам момците. Покрај MONBAT, работат и со DURACELL доколку сакате да возите премиум бренд на аку.





Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Предлог за акумулатор
« Одговори #3629 на: 28 Јануари 2024, 08:11:37 am »
Толку одеднаш да рикне?
Обично има ситни симптоми кои алармираат дека почнал да издишува, као подолго и за нијанса поспоро заверглуваље, поспоро кревање прозор, или најнов што открив ресетирање дневна километража.