Лани летото јули,август незнам точно кога беше во брат(кој беше со камионот) ми се удрија деца со Голф 5.Заспале на враќање од Охрид и влегле во негова лента,иако овој избегнал колку шо можел сепак се удриле.Поминаа без повреди за среќа на сите(шо немаше жртви) но материјална штета имаше доста,Голфот беше скоро тоталка(ако не и тоталка),а кај мене на камионот имаше 5-6 платна скршени од федерите,два баланцери,гума и бандаш.(за моја среќа на толку силен удар шацијата не имаше никакво оштетување).
Нивната кола ја кренаа на шлеп па немам слики,а од камионот ке побарам по тел и ке ги постирам.Битно ни колата ниту камионот беа во возна состојба.Па одкако го оспособивме камионот да го тргниме од патот отидовме до осигурителната компанија на дечкото со Голфот(Евроинс) да им кажиме да дојдат да си сликаат на направат записник.Таму вработената ми вели дека дечкото задолжен за тоа бил на одмор па треба да чекаме,па по мало повуци потегни и објаснување дека камионот јас мора да го оспособам за најкраток можен рок,ради тендерот и плаќање на пенали,ја зедовме неа да дојди да слика и да направи записник.
Во два дена јас го направив камионот им доставив фактура од деловите(но се појави скриен дефект).Деловите ме коштаа околу 65.000ден со се ддв.По некое време од Евроинс ми пуштаат писмо дека тие признаваат само 12.500денари штета.Аха ок.
Одтука па натаму продолживме со БанЅаи.Стигнавме до некаде(тој ако сака ке кажи поточно шо како,вон судски,предсудски,вештаци ова она) па и ова со скриениот дефект шо излезе одпосле одкако ги монтирав сите делови,Евроинс исплати околу 69.000 денари на сметка на фирмата без наша согласност.
Тука малку застанавме,се расчистивме со Банзаи(поздрав голем до него) и после тоа мислев шо како понатаму,пошо скриениот дефект не беше ни малку поќе ни малку помалку туку деференцијал со редуктор од 2.000евра,кој во Евроинс не сакаа ни да слушнат,а јас па уште помалку пошо требаше да го купам сам.
Па мислев шо мислев и реков шо ги е**м ке ги сечам одам до крај.Купив деференцијал,го сменив пак сам,се ангажираа правници,стручни лица спремив целосна документација и им ја испратив во Евроинс.По некое време стигнува известување од нив демек ако сум лажел кривично ке сум одговарал,па ова па она дрн дрн.Ок,одиме понатаму,не идат на рочишта (неколку пати),пари по суд си летаат(нив им беше одбиено некое барање до судот незна шо поточно) и на крајот оп,дајте да се спогодиме.Е сега нема спогодување ке си платат се.Деновиве треба се да се заврши,неќев да пишам пред време ама ете се најдов послободен,а и темата некако заживеа па реков едно искуство(неубаво) да споделам.

појаснување.

Означено на сликата каде удрија со 90км/х(брзината е од полиција и од вештакот).

Ова кај шо менувам делови.
Има уште слики ама мислам нема потреба,да појаснам уште за скриениот дефект.Одкако ги монтиравме сите оштетени делови,собравме се на место,тркалата од предниот деференцијал кај шо беше ударот бегаа на сите страни,десните на десно левите на лево,не многу ама бегаа,со што ми ги трошеше гумите,а и неможев да ја извадам левата полуосовина никако,ниту со чулање со токмак од десната страна.Телото(трубата) на самиот деференцијал си претрпи деформација од самиот удар и прашање на време беше кога ке имав проблеми со тој деференцијал.Одкако го сменив си дојдоа гумите на свое место,па стариот деференцијал го чувам комплетен за доказ,а одкако ке заврши се ќе го анализирам шо е кај е оштетено,пошо вака со голо око од надвор неможиш ништо да видиш.