Автор Тема: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda  (Прочитано 62023 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #210 на: 16 Ноември 2016, 10:51:19 am »
Дали имаш нормално каско осигурување или Еврокаско осигурување?

Стави слика од полисата или прати ми по порака.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Ana86

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #211 на: 16 Ноември 2016, 15:57:13 pm »
Имам евро каско осигурување од 300 ден. Не можам да приложам слика, во евроинс ми се сите тие документи.
Инаку, се заврши работата денес, 200 евра ќе ми исплатат.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #212 на: 16 Ноември 2016, 16:01:05 pm »
За 300 денари толку :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Passat4e

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 211
  • Peugeot 1.9 Diesel .!.
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #213 на: 06 Јануари 2017, 00:14:24 am »
Еве сличен случај од пред месец дена.. 
Се убедувавме пола саат кој е крив. Па после свати дека е крив и вика „Абе ај тебе осигурањето ке ти го праи камионот а мене колата кој ќе ми ја праи“

Среќа беше еден од брачата.. Па јас му ја потполнив изјавата во осигурањето зошто он незнаеше да пишува.. и нормално напишав како било.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ова е на почетокот на пластичарска одма после мостот кај битпазар.
Друже на истото место на почеток на пластичарска  секогаш страдаат камиони баш поточно на истото МЕСТО значи пак ке нагласам на истото на почеток на Пластичарска затоа што сите знаеме  кој ХАОС  се дешава на Пластичарска во период од 11 па све некаде до 6-7 поручек не се знае кој во која лента вози кој од каде ке ти излета ненормална работа а колоните во тој период од денот наликуват на нешто слично на МИТИНГ  небитно што ти си возиш во твојата лента и стрпливо полека се движиш нанапред кога еден куп Џукели од позади тебе пробуваат на секој можен начин да ти се нацртаат пред тебе со мислата во глава ејјјјјјј Камион кој ке го чека сега ке се гњави цел ден шо го е... ке идам сега пред него и во тој момент ти се убацуваат  од десна страна ти висок а тие ниски а ти дали да пазиш пред тебе или околу тебе а и секако тебе ти е десно Мртов агол не можеш да го видиш ако сака да ти се убаци а притоа на почеток на Пластичарска како и на сликата е полна линија друга работа е тоа што се испопаркирани на сред улица како СЕЉАЦИ и не знаеш во кој момент може да тргне некој и да ти пресече пат па си принуден да газиш со едните тркала и во другата лента тотален хаос лично имам видено исти дешавки како твојата на истото место па да не претерам едно 5 до сега во кој возачот на камионот не е воопште виновен тој си ја држи неговата лента а тие од позади него му се пикаат од десно а тој тука нема прегледност и се дешаваат бељи и притоа излагаат од кола џукелите и се прават паметни и силат и јас возам камион и ја избегнувам Пластичарска секогаш одам преку обиколница или некаде каде е дозволено да се помине со товарно возило генерално од таму поминувам само со кола и е општ хаос.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #214 на: 06 Јануари 2017, 01:03:11 am »
Јбг сра*а се дешаваат.. Таков е животот.. Затоа постои осигурањето што го плаќаме сите ние...

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #215 на: 06 Јуни 2018, 09:18:04 am »
возам од 1985, сега минатата недела првпат напраив европски записник ( во друг град)... ситуацијата не беше спорна, , штета минорна да не кажам НУЛА...Но приметив нешто друго, НЕПОЗНАВАЊЕ на ЗАКОНИТЕ, а можеби уште полошо, НЕДЕФИНИРАНИ закони... имено потпишав изјава дека сум оштетил друго возило, во случајот паркирано...кога сакав да напишам ПРАВИЛНО паркирано, проценителот се ПОБУНИ, НЕ БИЛО БИТНО !!, само паркирано ??
Значи мокот случај беше потполно  неспорен, но изгледа и да е спорен ако има неписмени или ако законот е непрецизен можни се големи злоупотреби на европскиот записник... Почнувајки од УЦЕНА, ете едниот од учесниците јас не потпишувам ситуација а другиот брза или е од друг град, па до договарање, ефтината кола да биде секогаш виновна..
Кога се уведе Европски Записник јас разбрав дека се прави само скица и опис на настанот а во компанијата се утврдува кое возило е виновно, а можна е и жалба на тоа, било од учесници, било од другата " виновна "компанија
Посебно ми беше чудно што проценителот тврдеше дека штета  е мала и не требало да се прави европски туку да му дадам пари на оштетениот, демек ќе го изгубам целиот попуст... од друга страна службеник во компанија друго ми кажува, губење на попустот се одредува централно и зависи од големина на штетата..
Но да напоменам дубари има и со записник и со суд, член од семејството имаше поголема работа и замисли на суд ни кажува судијата абе не е битно што и другиот е виновен, тој  имааа голема штета и може да земе а ти ништо не губиш, казна секако плаќаш без обзир на големина на штетата...
т.е. да кажам како на БитПазар работата
Нема да ме чуди, како што заживеа во Скопје возење на ЦРВЕНО утре да ти каже ти си виновен што си го удрил, треба да гледаш влегол човекот на црвено...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #216 на: 20 Септември 2018, 10:10:45 am »
Вака се пополнува:


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Andrej93

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #217 на: 30 Ноември 2019, 16:50:46 pm »
Здраво дечки, барам совет/одговор за ситуација што ми се случи вчера.

Предизвикав сообраќајна несреќа со мала штета на друго возило кое е оштетено вртејќи полукружно на булевар "Трета македонска бригада". Возилото од спротив со цел да не ме удри директно се поткачи на тротоар скина предна десна гума и има оштетување на десната страна (крило, врата). Не викнавме полиција бидејќи вината е целосно моја и се договоривме во понеделник да направиме европски записник.
Денеска се распрашав во мојата осигурителна компанија и ми рекоа дека бидејќи моето возило не е воопшто оштетено, нема да може да се направи европски записник иако јас сум причинителот, но ова го нема никаде написмено дека мора и двете возила да имат матријална штета за да се пополни европски записник.

Прашањето ми е дали постои некој член што го потврдува ова дека двете возила мора да бидат оштетени или е само да ме одвратат од идејата за потполнување на европски записник?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6850
  • French diamond
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #218 на: 30 Ноември 2019, 17:41:40 pm »
Па има логика, бидејќи  реално и немало судар/допор на две возила, зафркната работа ама тешко дека би успеале да направите европски. Распрашвај, лажете, предизвикајте намерно судар незнам..прајте нешто  :)

Или можи и да си гад и да го оставиш сам да си прај колата, нема никаков доказ дека ти си виновник за неговата штета.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #219 на: 30 Ноември 2019, 17:43:35 pm »
Мислам дека само те мааткаат. Мене пред извесно време ме чукна еден со рено меган, кај него немаше никаква штета (дури ни бојата не беше изгребана) а кај мене имаше па направивме европски записник без проблем. За која компанија се работи?

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #220 на: 30 Ноември 2019, 17:56:46 pm »
Еј, ова е стварно чудна работа.

Лани додека чекав нешто за осигурување, двајца го имаа точно истиов проблем.

Луѓето од компанијата истото им го викаа дека не може да се изврши исплата бидејќи виновниот немал оштетување на колата...
Се драпаа 30-тина минути со муабетов, на крај влегоа во една соба... Личеше како баш ова да им рекле "предизвикајте намерно судар", ама на само :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #221 на: 30 Ноември 2019, 18:19:52 pm »
Навистина чудно.

Ако тргнеме по некоја логика, се акнувам во тротоар бидејки сум гледал во телефон, барам пријател да превземе вина, цртаме нешто и оп, штетата си ја покривам.

Од друга страна, од каде да знае осигурителната дали тој со штетата реагирал панично без потреба.

Од трета страна кога веќе има признание дека еден е предизвикувач, а со реакцијата на другиот е избегната поголема материјална штета...

Баш ме интересира како е навистина регулирано во оваков случај.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7390
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #222 на: 30 Ноември 2019, 18:32:20 pm »
Навистина чудно.

Ако тргнеме по некоја логика, се акнувам во тротоар бидејки сум гледал во телефон, барам пријател да превземе вина, цртаме нешто и оп, штетата си ја покривам.

Од друга страна, од каде да знае осигурителната дали тој со штетата реагирал панично без потреба.

Од трета страна кога веќе има признание дека еден е предизвикувач, а со реакцијата на другиот е избегната поголема материјална штета...

Баш ме интересира како е навистина регулирано во оваков случај.

Европски се понаша како каско. ;D :D

Пре сомнително ми е ова мене, не верувам да успее нешто да извлече без директен контакт меѓу двете коли.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #223 на: 30 Ноември 2019, 19:24:21 pm »
Ако немало контакт неможе да пријавите со европски. Ако сакаш да си фер ќе треба сам да му платиш.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #224 на: 30 Ноември 2019, 19:33:03 pm »
Ако немало контакт неможе да пријавите со европски. Ако сакаш да си фер ќе треба сам да му платиш.

Тоа е многу глупо, а од друга страна па се спречуваат малверзации.

Ако гледам дека ќе удрам некој кој иде во спротивна насока и ќе има огромна штета и последици по мене и него, а од друга страна имам канал во кој може да излетам и само јас да имам штета ама да спасам жива глава, искача дека е подобро да се мавнам у него... или не?

И трета, можда најдобра опција е по настанатата штета да го мавнеш и да имате основа за европски.