Можеш да ја направиш со половен дел, или со нов афтермаркет дел кој кошта приближно колку половниот.
Ако сервисот што си ја однел е официјален, тогаш таму вградуваат оригинални делови и дерат на цена.
Јас зимата имав случка, ми ја чукнаа колата, имаше штета предно крило, двете леви врати, задното лево крило, амортизер, виљушка и крив бандаж... полиција не викнавме, направивме европски во осигурителната.
Штетата ја платив сам, ја однесов фактурата во осигурителната и после месец ипол ме исплатија. Вградената лимарија беше нова но втора класа, се осеќа при отварање и затварање на вратите дека се менувани.
Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk