Зошто мислиш дека нема потреба да стојат постовите? Нека си видат луѓево од форумов какви се не има на истиов..
Затоа што тоа што јас го мислам за тебе или ти за мене, нема потреба да ги засега сите членови. Кој што мисли за мене, може да ми каже лично во порака, а и не мора. Дури и да му каже што мисли за мене на својот другар - не треба да биде подложно на јавен коментар. Ако некој наслушнал некој муабет за тоа јас што сум кажал за тебе, може тебе да ти каже, па ти види дали ќе ми се лутиш или не, ама не мора на сите пријавени членови и гости да им го раскажува тоа. И затоа што сметам дека се работи кои допираат длабоко во нечии пријателства и долгогодишни другарства. Не е ова влада на рм па да се праиме херои со прилушувани разговори. Ниту некој ќе добие власт со изложување на приватни разговори до кои не знам како дошол, ниту некој ќе профитира од тоа. Може само да се изгубат пријателства за некоја реченица кажана во афект или на шала а е пренесена јавно тука.
Јас сум сигурен дека Банзаи знае што прави и не греши.
Јас не сум сигурен. Секој греши. И ти грешиш и јас грешам.
Разбирам да е непродуктивен пост, нема да се лутам. Ама конкретните постови мислам дека и ти не си ги видел, искрено очекував дека ќе ги поддржиш.
Ги видов постовите го знам целиот муабет. Стојам позади одлуката на Банзаи како правилна во случајов.