Автор Тема: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4  (Прочитано 13367 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #60 на: 16 Декември 2012, 10:51:45 am »
Абе и тоа да си најголем и најдобар си има негативни ствари.

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #61 на: 16 Декември 2012, 11:11:54 am »
Поздрав
Нов сум на форумов па се надевам дека ја отварам темава на право место.
Имам Ford Focus II od 2008 god. никогаш до сега не сум возел на плин и сега сакам да ставам. Доста работи прочитав на форумов но сеуште не ми се јасни некои работи и незнам за кој да се одлучам па затоа барам малце помош бидеќи гледам дека има луѓе кои доста се разбираат. Колку што разбрав на фокусот може да се јави проблем со check engine, стрелката за гориво да паѓа и се јавува проблем со вентилите но тоа наводно се решава со капалка. Е сега дали е тоа проблем со сите Фокуси или само со постарите бидеќи ми рекоа дека кај поновите модели после 2007 не би требало да има проблеми освен со вентилите. Околу изборот на плински уред, според тоа што можев да прочитам во скопјево има неколку сериозни фирми како Плимонт кој вградува Landi Plus Max, Макплин со Tartarini и Аутомакедонија со BRC, е со цената се сите горе доле тука некаде но што е разликата помеѓу нив. За што да се одлучам?

Здраво Камелеон,
Досега немо ги следев сите постови и немав намера да се мешам бидејќи ти требаше да добиеш некоја претстава од членовите на карклуб од кој плински систем се задоволни и да ти помогнат во твојата дилема.
Поради тоа што се искажани одредени невистини во врска со плинскиот систем ТАРТАРИНИ од некои членови решив ти објаснам малце поубаво околу него а во врска со твоето возило.

Во врска со check engine:
Со инсталирање на Тартарини на твоето возило ќе добиеш систем кој има аутоадаптација (динамичка мапа), тоа значи дека плинскиот систем самиот ќе се калибрира во возење, така да доколку плинскиот ECU примети дека му недостасува плин или му е премногу плин секундарни врши корекции, ова е од големо значење околу веројатноста да се упали check engine како последица од неправилно дозирање на плинскиот уред.

Во врска со проблемите кај вентилите:
Ние како Макплин обавезно препорачуваме на твоето возило да се постави сет за заштита на вентили.
Проблемите со вентилите кај Фордовите возила доагаат после 50 000 км возење на плин - без сет за заштита.
Ние би сакале и секоја мала веројатност која постои за оштетување на вентилите како последица од плинонт  да ја избегнеме, затоа што не сакаме и не смееме да се впуштаме во авантура да тестираме туѓи возила, па од тоа да прибираме искуствени податоци и да заклучуваме дали тоа возило како последица на плинот оштетува вентили или не.
Ние сме официјални дистрибутери на JLM Lubricants и можеме да ти понудиме два сета за заштита од истата фирма:
-Стандарден сет за заштита
-Електронски сет за заштита

Секогаш со овие сетови користиме и оригинален адитив ЈЛМ.

Придобивките од двата сета можеш детално да ги погледнеш на нивната веб стра: http://www.jlmlubricants.com/nl/producten/lpg

Во врска со стрелката за бензин:
Ова е стандарден проблем кај француските возила над 2003 година, но ние не сме приметиле кај некое од фордовите возила да го има овој проблем, меѓутоа и доколку се појави секако дека со помош на Тартарини и тоа не е нерешливо. Од страна на Тартарини произведен е емулатор кој постојано врши ресетирање на нивото на бензин, со што ти секогаш ќе бидеш во можност да го гледаш реалното ниво на гориво.
 
Мислам дека со мојот пост доби одговори на твоите прашања во врска со функционирањето на плинскиот систем Тартарини.
Доколку имаш одредени нејаснотии слободно можеш да не прашаш.




Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #62 на: 16 Декември 2012, 11:31:39 am »

Макплин има најдобри свеќици на свет со чија употреба се осеќа драстично зголемување на снагата и намалување на потрошувачката;


Кога веќе ги спомна Денсо свеќиците, ми текна за твојот проблем кој го имаше со издржливоста на НГК иридиум и Бриск свеќиците, па баш ме интересира дали го реши тој проблем и ако го реши со кој модел на свеќици?






Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #63 на: 16 Декември 2012, 12:43:06 pm »
@plimont

Цитат
ВТР, ја разбирам твојата потреба и намера да направиш промоција на производ во кој имаш интерес, меѓутоа следново сфати го како добронамерен совет – плукањето по други ќе те одведе во несериозни води и ќе биде причина да те перцепираат несериозно, еден вид на етикета која потоа човек тешко може да ја одлепи од себе.

Немам никаква потреба и намера да правам промоција, и никаков интерес, нити финансиски ниту за да добијам услуга, срамно е од ваква фирма како вашата која ја претставувате како гигант во МК за монтажа на плински системи да обвинувате некого кого ниту го познавате лично ниту пак кажал нешто против Вас, и пишувате работи кои не се наменети за темата која е отворена.

 Јас не критикував никаква фирма ниту пак пофалив друга, што правиме ако се јават овде сите фирми во Македонија што монтираат плински системи, и почнат да убедуваат?

Едно е да фалиш плински систем, друго е фирма која ги монтира.

Цитат
Промоција се прави на друг начин, пред се преку докажување со својата работа, потребно е да се вложи и  време и труд, но во денешно време на слободна пазарна економија успехот доаѓа едиствено како резултат на веќе сработеното.
Пазарот е немилосрден, не признава фалење  и дискредитирање на конкуренцијата. Затоа, пазарниот удел на компаниите во одреден сектор е извонредно прецизно мерило за профилот на компанијата – ги издвојува професионалните играчи во секторот од останатите.


Ја разбирам и вашата потреба да се браните како и со што треба да си докажан на пазарот, бидејки кога ќе прочитате за конкурентните системи почнува да ве стега јаката околу врат заради потрошените финансии за маркетинг и се фаќате за некој член од некој форум како циганче за чреша, со цел да успеете што подолго на пазарот.

Цитат
Не сакам да се повторувам на темата што значат брендовите Ланди Рензо, Ловато или БРЦ во светски рамки, би сакал само да посочам дека веќе е лесно и на интернет да се пронајдат сериозни информации, како што се извештаи од реномирани независни меѓународни институции (една од најголемите и најчесто цитирана е Frost &Sullivan)
кои јасно кажуваат кој е кој во автогасниот сектор.

Јас несакам да се ориентирам на некоја агенција за истражување од интернет, која лесно може да е формирана од брендот кој е најдобар во испитувањата или истражувањата, и секако по автоматизација тој бренд е најдобар ;)

Ако сте толку сигурни дека ланди е најдобар на пазарот одговорете ми дали има подршка за:
-полусеквент
-фул секвент
-автоадаптација

Тартарини го има тоа, што е ситница во однос на другата побитна вградена технологја во него, со што докажува дека е понапред од ланди временски и технички, и е во погорно ниво далеку пред комерцијалните.

И кока кола е најпродавана, но не е најквалитетна. Зошто не возите Голф или Корола ако е најквалитетна, возите Л200 затоа што е подобар од конкурентите спрема платено-добиено :)

Цитат
Сепак, да се биде претставник на светски бренд не значи дека по автоматизам следува успех на локално ниво - во Македонија. Повторно се враќаме на претходното, мора да се докажеш со својата работа.
Што се однесува до вградување на плински уред на Форд Фокус, Ми-Да Моторс и повеќето импортери на возила го одбраа Плимонт  за свој партнер при продажба на модели со ЛПГ погон. Таквиот избор на импортерите не е случаен, направен е по претходна детална евалуација на постигнатите резултати и степенот на развој.

Успехот е променлива работа со текот на времето, Македонија е мала земја во која доброто се слуша далеку а лошото уште подалеку. Маркетингот е најголемиот алат за успех во денешно време, Вие со тоа успеавте да се здобиете со име, но не со најквалитетна работа, сеуште користите бакарни цевки, сеуште користите бугарски цевки за топла вода, и сеуште користите застарени системи.

Од тие работи љуѓето мислат дека плинските системи се ненадежни, брзо се расипуваат, дека ќе им сецка колата кога ќе ја стават на плин и дека е нормално да им свети чек енџин кога ќе монтираат плин. И затоа повеќето несакат да чујат за плински системи, и типувааат на нафташи, незнаејки ја правата вистина за добро монтиран плински систем.

За тоа што некои фирми се одлучиле за соработка со Вас најбитен е само еден параметар, а тоа е ниската дилерската цена на плинскиот систем, во Мк сеуште функционираат работите што поевтино толку подобро дури и за големите фирми, со што не се добива квалитет.

Поздрав!

@gojdo

Немој да ме замараш, со тебе за дебати имам раскрстено уште од кога се инатеше за линеата на плин со 1000е учество, не пишувај глупости на форумот и те молам не ги заземај битовите на серверот на форумот. Тоа што имаш излепено една изолациона кутија за филтер за воздух, и ставено алуминиумски бандажи ОЗ не те прави познаник и љубител на автомобиле, оди на форуми за компјутери каде што можеш да го напишеш тоа што го разбираш ;)

Камелеон извини што ти ја затрув темата, но некогаш човек мора да падне под своето ниво за да им се изјасни на тие што се наоѓаат на тоа ниво :)

Со среќа во изборот!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #64 на: 16 Декември 2012, 12:49:25 pm »
Значи по МИЛИОНИТИ пат електронската единица за скоро сите производители ги прави една фирма и електронските единици ги имаат истите можности

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #65 на: 16 Декември 2012, 13:06:24 pm »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #66 на: 16 Декември 2012, 13:06:49 pm »

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #67 на: 16 Декември 2012, 13:13:38 pm »
Не се сите АЕБ, на пример мојот систем аг има сопствено ЕКУ со доста поразличен начин на штелување.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #68 на: 16 Декември 2012, 13:14:22 pm »
Конечно некоја интересна споредба :). Твојот систем не е од тие тамо наведените

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #69 на: 16 Декември 2012, 13:18:33 pm »
Да, и на некој понови не ги прави АЕВ ;)

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #70 на: 16 Декември 2012, 13:19:01 pm »
http://www.metanoauto.com/modules.php?name=Forums&file=viewtopic&p=130261
Да вистина е дека пред сегашниов модел на ТАРАТАРИНИ ЕВО 01 , АЕБ го произведуваше софтверот и на Тартарини за системот под назив Fasato, меѓутоа сегашниот софтвер на Тартарини ЕВО 01 е развиен од страна на инжинерите на Тартарини Ауто и е далеку поусовршен од претходниот модел.
Инаку постот што е поставен на http://www.metanoauto.com/modules.php?name=Forums&file=viewtopic&p=130261 како што може да се види е од 2008 година  ;)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #71 на: 16 Декември 2012, 13:44:32 pm »
Кога веќе ги спомна Денсо свеќиците, ми текна за твојот проблем кој го имаше со издржливоста на НГК иридиум и Бриск свеќиците, па баш ме интересира дали го реши тој проблем и ако го реши со кој модел на свеќици?
Проблемот не беше во свеќиците туку во каблите. Го решив со нивна промена. А што се однесува до свеќиците функционираат сите освен Brisk-от од кои едната е пробиена. Чисто за информација, фабрички вградените NGK Iridium кои имаат извозено над 50000km функционираат безпрекорно со плинскиот уред. Сепак во фазата на пронаоѓање на проблемот си купив NGK LPG5 наменети за мотори кои работат на плин и кои ги возам веќе 10000km. Mе чинеа напола од Denso свеќиците кои ми ги понуидивте, кои не беа препорачани за мотори на плин и за кои не ми дававте никаква гаранција дека нема да рикнат во првите неколку иљади km.

А сега и јас нешто да прашам. Дали VTR е ваш соработник или пријател?
Што е вистина од приказната за Биперот?

Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MAKPLIN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 258
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #72 на: 16 Декември 2012, 14:12:27 pm »
Многу добро ги знам цените за НГК ЛПГ свеќиците доколку се купат од овластен дистрибутер во државава ( го има само еден, а тоа е Авто Лидер ), и цената за истите е 1290 денари, така да твојот коментар дека се упола од  Денсо не се вистините. Денсо ВТ20  кои се соодветни за твоето визло чинат 1300 денари, така да разликата е 10 денари.
Околу гаранцијата мисалм убаво ти објаснив, дека ниту еден производител на свеќици не дава гаранција, туку кажуваат само препорачано време на менување, затоа што свеќицата може да изгори од многу пропратни работи, како што гореа во твојот случај а ти пак беше убеден дека е до свеќиците.

На ВТР му имаме местено плински систем АГ и тоа е тоа, незначи дека ако некој даде пофални критики дека ми е пријател,роднина или соработник.

Нема да коментирам ништо во врска со Биперот.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #73 на: 16 Декември 2012, 16:57:00 pm »
Свеќиците ми ги порачаа од Плимонт и ме коштаа помалку од 50 евра, што е практично напола од она кое вие ми го понудивте за Denso. Воедно ми дадоа и гаранција за првите 10000km.
Подоцна во Солид прашав за цена, чисто да проверам дали ме заклале во Плимонт и излезе дека кај нив се малку поскапи (50-60 денари по свеќица). Можеш да се јавиш во Солид и да прашаш за цена.

Дали тоа што не коментирате за Биперот значи дека приказната е измислица?


Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #74 на: 16 Декември 2012, 18:22:02 pm »
A be Seat se desava i toa da se pojavat propusti. Sepak nasite servisi ne se tolku dobro fokusirani da go opravat problemot.