Автор Тема: Ученици му подарија „буба“ на класниот  (Прочитано 5341 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10989
  • 430i
Ученици му подарија „буба“ на класниот
« на: 12 Декември 2012, 09:33:46 am »
Се мислев дали да пишам во рекла-казала, ама ова си залужува посебна тема и е за секоја почит.



Професорот Дионис Пашлаков се расплака на последниот час со матурантите на кои им беше класен, а кои љубовта кон почитуваниот педагог ја искажаа на оригинален начин, со подарок кој го изненади пасионираниот љубител на стари коли

Матуранти од неготинската гимназија „Св. Kирил и Методиј“ му подарија „буба“ од 1974 година на својот класен раководител по повод неговото пензионирање. Изненадувањето го расплака 64-годишниот професор Дионис Пашлаков, кој на јавноста ~ е познат како колекционер на стари автомобили. Тој не ни сонуваше дека последната генерација на негови ученици со ваков гест на почит кон него ќе го доведе во ситуација да плаче од среќа како мало дете.

- Нема зборови со кои можам да ја опишам мојата радост. Среќен сум што моите ученици се соживеале со мојата опсесија кон старите автомобили на кои им посветив голем дел од својот живот- рече Пашлаков со возбуда.

Несекојдневниот настан се случи во понеделникот во неготинската гимназија. За својот роденден и пензионирањето класниот раководител реши да ги почести своите ученици со прекрасна торта. Не му било првпат да ги заслади со нешто благо оти неговата сопруга правела многу вкусни колачи. Професорот во дневникот на 4-5 клас запиша дека тоа му е проштален час. По 42 години работен стаж, професорот кој никогаш никој го немаше видено да се потсетува кога предава нова лекција, го зеде листот хартија на кој беше испишан неговиот емотивен говор пред учениците од својот клас. Рече дека првпат во главата чувствува конфузија, расеаност, трема.

- Сеќавањата на секој од вас, со сите ваши лудории, смеи, радости и таги, не ќе може да го избрише ниту феноменот на староста. Светот е мал, животот динамичен, краток и брз, зад нас останува она што сме го создавале додека сме биле живи. Една од моите оставини сте вие, моите миленици, кои го уживаат мојот респект, го имаат авторитетот пред целиот колектив во гимназијата и љубовта на своите родители. Не може човек, а да не се гордее покрај вас - им читаше професорот на своите ученици и се расплака.

Потоа остави некое време тишината да зборува. А тие, учениците од француско-македонската паралелка, му го разубавија последниот ден во училиштето и му го направија незаборавен. На таблата испишаа на француски „со љубов”, го дочекаа со специјално изработен мини-автомобил на катедрата и посебно подготвен албум со слики и спомени за заедничкото дружење.

- Премногу сме немоќни да изградиме споменик за човекот кој го заслужува тоа. Затоа се овие зборови на благодарност, зашто н` научи да ги почитуваме другите како што сакаме да н` почитуваат нас - рекоа матурантите.

Потоа следуваше врвот на изненадувањето, кое до последен момент се чуваше како „државна тајна“. Kласниот раководител доби уште еден подарок. Голема кутија обвиена со украсна хартија. А во неа иста таква, само помала. Па помала, па уште помалечка. Во последното минијатурно кутиче беше клучот од „бубата”, која го чекаше професорот на другиот влез од училиштето, украсена со црвена панделка и шампањско, со кое подоцна сите заедно наздравија за многу среќа и повторни видувања.

Меѓу неготинци досега за професорот Пашлаков се раскажуваше дека тој е професор кој во текот на целата година учениците по биологија ги испрашува за целиот материјал, од прва до последна лекција. Дека оние што добиле петка од него навистина и ја заслужуваат затоа што за него не беше воопшто важно ученикот од каде е и чиј е. За колекционерот Пашлаков се раскажуваше и пошироко дека е заразен со љубовта кон автомобилите „старици и старци” и дека сонува да отвори музеј на стари коли. Тој своевремено побара и стар тенк за да ја збогати својата колекција. Отсега за професорот Пашлаков ќе се раскажува и за невообичаеното испраќање во пензија од страна на неговите ученици. Разделбата полна со емоции ќе биде дел од документарен филм за човекот кој дел од парите што ги спечали во животот ги потроши за купување деведесетина стари коли и 35 мотоцикли.

Светлана Дарудова
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=AE2BAD91901F4D408F914D500628D353

Браво дечки, секоја чест :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #1 на: 12 Декември 2012, 09:35:54 am »
bravo

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #2 на: 12 Декември 2012, 09:36:16 am »
Браво за учениците, арно ама презимето на професорот ја засенува целата приказна :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #3 на: 12 Декември 2012, 09:41:10 am »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34147
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #4 на: 12 Декември 2012, 09:41:25 am »
Му поклониле крш, сеа треба едни чудо пари да фрли за атер на учениците да ја оправи ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14381
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #5 на: 12 Декември 2012, 09:49:03 am »
Одлично,браво за дечките и девојките :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43924
  • Il Moderatore
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #6 на: 12 Декември 2012, 09:57:43 am »
Му поклониле љубов, внимание и почит. Не крш.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #7 на: 12 Декември 2012, 09:59:41 am »
Се тоа фино, ама да ја измиеле барем убаво.


Претпоставувам дека бил фантастичен професор.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #8 на: 12 Декември 2012, 10:16:24 am »
Није истина, ништо не сте ми поклониле.

Се заебавам, браво, прекрасен гест!

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
  • Боинг 747
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #9 на: 12 Декември 2012, 10:20:59 am »
Е ова не очекував, кај нас ваков гест?! стварно е за пофалби ;)

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #10 на: 12 Декември 2012, 10:25:50 am »
иначе Пашкалов има 96 коли и 33 мотори од кои 20тина се средени

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #11 на: 12 Декември 2012, 10:39:09 am »
човеков е луд по олдтајмери

http://www.facebook.com/dionis.pashlakov/photos_albums

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #12 на: 12 Декември 2012, 10:43:42 am »
Е ова не очекував, кај нас ваков гест?! стварно е за пофалби ;)

Ни јас :)

Секоја чест за идеата и реализацијата на учениците!
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7120
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #13 на: 12 Декември 2012, 10:45:06 am »
Можеме и ние на нашиот класен да му поклониме GOLF 1, за 10 години CARCLUB :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Ученици му подарија „буба“ на класниот
« Одговори #14 на: 12 Декември 2012, 10:47:31 am »
*шмрц* браво деца *шмрц*