Случка...Работиме со колегава во Битола...Неуромедика...
Додека работиме во машинска соба, каде што има магнетно поле од 1 тесла, не смееме да имаме никаков метал со нас...Значи се метални предмети извадени од нас, нормално и телефони...Моите во ташниче оставени во операторска соба, на колегава телефонот на маса оставен...Значи тоа е соба каде што Ртг техничарот седи и работи, односно снима...
Во меѓувреме додека ние сме работеле, во НМ влегува еден момак (подоцна го гледавме на камера) и тргнува накај пултот каде што работи секретарка. При влегувањето фрла поглед накај масата на која се наоѓаат стварите и нели се движи накај пулт. Одеднаш се повраќа назад, го зема телефонот и излегува...

Се ова се случува во рок од 10 минути додека да сватиме дека го нема телефонот на колегата...
Одма реагираме, односно колегава вика а бе ми го нема телефонот!!!
Се крева галама, а менаџерот вика сеа ке провериме...Се е под камера!!!
Се враќаат снимките и се препознава дечкото кој е познат наркоман во Битола, под прекарот МАГЛАТА

Со снимките одиме во полиција, пријавуваме и им викаме еве ви ЦД со снимки за сторителот. Го има на камера, му се гледа фацата...
И пази, добиваме одговор:
Ние ништо не му можеме, бидеќи не сме го фатиле на лице место...А еве колегите ке пробаат да го најдат, но доколку не го најдеме телефонот кај него, не можеме ништо...
МОЛИМ?

И сега?
А видеово како доказ???
Вика мора да ни го достават од службата директно, официјално, мада не е некој доказ...ц ц ц ц ....
Свашта...
А бе им викаме, ене го онде на Широк Сокак, кафе пие...Одете..
Не не, не може така...Си има постапка...
И ете колку функционира полицијата, + со доказ!!!
Истиот ден им доставивме и фактура за телефонот дека е регуларно купен и дека е во сопственост на колегата, женаму по факс ни прати копија од сметката и имеи бројот, наводно коа ке се вклучел да го бараат по службена постапка...
Глупости на квадрат...
Понаредниот ден, колегава му даде 50 евра на посредник за да си го земе телефонот назад, пошто уште првиот ден добивме инфо преку 100 души од битолската таканаречена мафија, клошари, дека ке треба да си го плати телефонот и нема да му го препродадат на друг...
А у телефонот чоеков си имаше слики од детето, и највише ради тоа му беше...
Мизерија....
Ужас и беда...
А Маглата си е пак по улици у Бт. Пазете да не налетате на него
