Автор Тема: Лоповлук низ Скопје..  (Прочитано 181512 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Лоповлук низ Скопје..
« на: 18 Ноември 2012, 11:44:33 am »
Таман најдов време да ги сменам гумите со зимски, си го земав Марче за испомош, кога тоа некој да ми го обил подрумот и си се сторил со нови Dunlop Wintersport 3D сосе челични бандажи.

Со здравје нека си ги вози и му пожелувам во првата бандера да се наслика.
А пошто сигурно за продажба ќе му бидат, му пожелувам аир да не види од парите и за лекови да ги даде.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #1 на: 18 Ноември 2012, 11:50:12 am »
Пријави во полиција и барај соодветни возила за таков тип на бандажи и гуми... Можно е да го најдеш. А провери си и на Бувљак, не знам кој ден се шиткаат ствари. Ништо чудно да ги најдеш таму
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #2 на: 18 Ноември 2012, 11:50:58 am »


Само гумите фалат?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #3 на: 18 Ноември 2012, 11:52:26 am »
Пријавив, ги чекам да дојдат.
Комплет, бандажи сосе гуми намонтирани. Со 4000 поминато.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #4 на: 18 Ноември 2012, 11:57:39 am »
Со здравје нека си ги вози и му пожелувам во првата бандера да се наслика.
А пошто сигурно за продажба ќе му бидат, му пожелувам аир да не види од парите и за лекови да ги даде.

Се приклучувам кон честитките!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #5 на: 18 Ноември 2012, 12:00:26 pm »
Ништо друго не зеле. Ништо. Ниту ланците за снег.
Само гумите си г изм’кнале.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #6 на: 18 Ноември 2012, 12:05:37 pm »
Ух, искрено ми е жал.. :(
Баш ќе обрнам внимание по огласи, ово-оно, да не налетам на нешто.

Dunlop Winterspor 3D, 195/65-15, така?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #7 на: 18 Ноември 2012, 12:19:10 pm »
Жал ми е...! :( Тоа е некој што знаел дека ги чуваш во подрум или пак подрумот ти е со летви, па се гледаат. Дали е скршен катанецот/бравата или вратата? Кој све има пристап клуч до подрумите? Да не ти е некој комшија...џанки... ??? На кое место се наоѓа подрумот? Извини за прашањава, ама се обидувам да помогнам ... Жал ми е што морам да кажам дека цели коли не може да се пронајдат, камоли тркала :/ Вие да сте здрави и живи, ќе си купиш поубави - така требало да биде ;) 

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #8 на: 18 Ноември 2012, 12:25:10 pm »
Жена му зимоска до гробишта да му доаѓа со зимските!

Иначе среќа во несреќа што не ти биле летните оставени во подрум со алуминиумски бандаши, си поминал поефтино.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #9 на: 18 Ноември 2012, 12:30:42 pm »
Dunlop Winterspor 3D, 195/65-15, така?

Да, со црни челични бандажи. Ги прочешлав огласите, не најдов ништо.

Жал ми е...! :( Тоа е некој што знаел дека ги чуваш во подрум или пак подрумот ти е со летви, па се гледаат. Дали е скршен катанецот/бравата или вратата? Кој све има пристап клуч до подрумите? Да не ти е некој комшија...џанки... ??? На кое место се наоѓа подрумот? Извини за прашањава, ама се обидувам да помогнам ... Жал ми е што морам да кажам дека цели коли не може да се пронајдат, камоли тркала :/ Вие да сте здрави и живи, ќе си купиш поубави - така требало да биде ;)  

Најчудно ми е што гумите се префрлени од дома кај мене, доле во подрум, значи низ зграда. И тоа навечер. Не сум ги носел директ па некој да види.
Само брава има, метална врата, и изгледа со хебла завршле работа пошто беше одронет ѕидот кај јазичето од бравата.
Клуч имам само јас.

Жена му зимоска до гробишта да му доаѓа со зимските!

Иначе среќа во несреќа што не ти биле летните оставени во подрум со алуминиумски бандаши, си поминал поефтино.

Среќа во несреаќа, 400еур ќе отидат нит планирани нит собирани  :)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5503
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #10 на: 18 Ноември 2012, 12:36:27 pm »
Znaci se krade nasekade.

Sekoe javuvanje doma moite po nekoja slucka mi kazuvaat.
Kaj zena mi pred mesec dena ograda i ukradoa, da da ograde veruvale ili ne, celi dva panela od po 3 metri, samo sto ja montiraa, a sto e najinteresno karsi niv ima policiska stanica, i znaat deka se edni narkomancinja ali ne mozat da dokazat.....

I jas se priklucuvam kon cestitkite od Marjanot....
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #11 на: 18 Ноември 2012, 12:40:46 pm »
Значи што се дешава во денешницава....
Јас во гаража, без врата го чувам скутерот (не заклучен), томовчето, 5/6 гуми, бандажи, кацигите, па еве до сега никој ништо не чепнал...
Додека на другар 1 месец стара априлиа ср50, од заклучена гаража во двор му ја украдоја на сред бел ден....
На друг акумулаторот на скутерот му го земаа исто преку ден...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #12 на: 18 Ноември 2012, 12:41:44 pm »
Znaci se krade nasekade.
И тоа колку. во најблиски кругови 2 коли, 5 лимови, 2 железа, 4 новчаници, ситници по двор, сталаг, 1 антена, 2 брисачи... +2 коли во подалечен круг.


Порано клучот од кола, на бравата брцнат стоеше.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #13 на: 18 Ноември 2012, 12:45:44 pm »
Може е најпаметно да се избришат пораквие од темава. Од кај знаеме дека крадецот не го чита форумов?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Лоповлук низ Скопје..
« Одговори #14 на: 18 Ноември 2012, 12:50:12 pm »
Нека седат. Ако чита, еве му пожелувам крв да просере.

Само требало да ги земе и ланците и ПП апаратот и точакот, санката, од децава точачињата и дубаците... Бар да ми го расчистил подрумот.