Претпоставувам дека возиш некој сивик и ти троши 15л/бензин у град и сеа од мука нечинеле овие нечинеле оние ! Ти кажувам не е на таткоми пежо или цитроен-него имам 3 возено од 2001 до сега и имав 1 поза*бан проблем на 306-ката со читачот на монопоинтот-и толку а поминато 150000км...
Нема сивик што троши 15л/бензин у град. Немам сивик, ниту сум имал.
Имам Хонда што иде како други коли што трошат 15л во град, а троши 11-12. А не возам Хонда затоа што некој ме натерал да возам, па сеа морам да ја фалам, туку возам затоа што сум имал позитивно искуство, 90% од луѓето што имале или имаат Хонда исто имале позитивно искуство, па останувам верен на таа марка, сега за сега.
Инаку дома имам и ZX, први газди сме, 16-17 години е стар, 100.000 има поминато и само брава му е менувана, од нешто што се расипало. Така да не зборам дека се неквалитетни од што јас сум напатен со Цитроенот, или па од што ми е криво дека имам глупа Хонда, а не сум купил нешто друго.
Не ви ја разбирам логиката, ако не сум задоволен од колата што ја имам, нема да плукам по другите, туку ќе ја продадам и ќе купам друга слична по цена, а подобра. Просто и едноставно.