Автор Тема: Најдоверливи модели и/или марки  (Прочитано 215893 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #75 на: 17 Март 2011, 00:47:08 am »
Конкретно, ја имавме првата Citroen Xantia донесена во Скопје. Сигурно е веќе 20-тина години стара, сега е кај брат ми во фирма како службена кола, и немала до сега никаков сериозен проблем.

Королата што ја возеше стариот мој (1.4 Д4Д) пушти уље од турбината на 4000 километри.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #76 на: 17 Март 2011, 01:01:25 am »
Не е муабетот само од порано со французите, уште си важи ;) Нормално дека не е секоја француска кола фалична и нормално дека секоја јапонска кола не е безгрешна.
Претпоставувам дека возиш некој сивик и ти троши 15л/бензин у град и сеа од мука нечинеле овие нечинеле оние ! Ти кажувам не е на таткоми пежо или цитроен-него имам 3 возено од 2001 до сега и имав 1 поза*бан проблем на 306-ката со читачот на монопоинтот-и толку а поминато 150000км...

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #77 на: 17 Март 2011, 02:06:29 am »
Со французи имам многу лошо искуство имам Пежо 206 SW 2003 и на 50.000 појави проблем на електроника на сред возење се пали сјаличката check engine и колата работи на 3 цилиндри и мора да застанеш да ја изгасиш и пак да ја запалиш колата нормално работи ама сјаличката уште свети и во секој момент може да ти се случи истиот проблем додека сама не се изгаси.Бев во сервис и ми бараа некоја цифра што воопшто не ми се исплатеше да ја платам,а да и ракетата се заеба и може да ти се случи да не ти се уклучи жмигавец или светло.Традицијата продолжува изгледа :)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #78 на: 17 Март 2011, 08:16:21 am »
Опел и Волксваген само ;D
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #79 на: 17 Март 2011, 09:55:33 am »
Е да. И со 205-ката имав проблем со ракетите. Се расипуваа онака од заебанција. Ама со моторот никогаш немав проблем. 1,8Д магаре беше. Трошеше 7,5 литра дизел во град и воопшто не чадеше на 170.000км. Бев задоволен генерално

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #80 на: 17 Март 2011, 12:15:16 pm »
Претпоставувам дека возиш некој сивик и ти троши 15л/бензин у град и сеа од мука нечинеле овие нечинеле оние ! Ти кажувам не е на таткоми пежо или цитроен-него имам 3 возено од 2001 до сега и имав 1 поза*бан проблем на 306-ката со читачот на монопоинтот-и толку а поминато 150000км...

Нема сивик што троши 15л/бензин у град. Немам сивик, ниту сум имал.

Имам Хонда што иде како други коли што трошат 15л во град, а троши 11-12. А не возам Хонда затоа што некој ме натерал да возам, па сеа морам да ја фалам, туку возам затоа што сум имал позитивно искуство, 90% од луѓето што имале или имаат Хонда исто имале позитивно искуство, па останувам верен на таа марка, сега  за сега.

Инаку дома имам и ZX, први газди сме, 16-17 години е стар, 100.000 има поминато и само брава му е менувана, од нешто што се расипало. Така да не зборам дека се неквалитетни од што јас сум напатен со Цитроенот, или па од што ми е криво дека имам глупа Хонда, а не сум купил нешто друго.

Не ви ја разбирам логиката, ако не сум задоволен од колата што ја имам, нема да плукам по другите, туку ќе ја продадам и ќе купам друга слична по цена, а подобра. Просто и едноставно.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #81 на: 17 Март 2011, 19:09:46 pm »
Друже мислев и ти си како фолксвагенџиите-за нив ништо освен VW не е добро ! Иначе како би возел в-текче само да знаеш... :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #82 на: 17 Март 2011, 22:07:29 pm »
Не бе Аце, не глобализирај така :)
Јас сум Волксвагенџија, Јапанците ги сакам, Французите не ми се нешто омилени ама далеку од тоа дека напаѓам некоја марка.
Ако разгледаш во темава, ќе видиш што сме прошле со VW-ава, дааалеку од совршени.
Нели, ако имаше совршено возило сите ќе го имавме и немаше за што да прајме муабет :)

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #83 на: 17 Март 2011, 23:48:01 pm »
Опел и Волксваген само ;D

Еве ти 1 класичен пример-гледаш ???


Јас не викам дека французите се најбољи-далеку од тоа-туку само се противам на луѓето што мислат дека проблеми со електроника имаат само они,за тоа и беше целиот муабет со Банзаи...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #84 на: 17 Март 2011, 23:59:33 pm »
Аце не се само французите со проблеми во електрониката. Но никоја друга марка не ја бие толку лош глас на таа тема како Цитроен и Рено. Јас само за тие две марки сум слушнал дека имаат стандард проблем со електрониката.
Од Пежо сум многу задоволен. Го сместувам во ТОП5 најквалитетни возила, според мое искуство.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #85 на: 18 Март 2011, 00:50:54 am »
Со електрониките имаа и Пунтовци цела серија проблеми, а да не споменувам и VW SDi :)

Отсутен vladimir_

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 212
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #86 на: 18 Март 2011, 02:55:56 am »
јас имам рено меган, 97ма со поминати 164 000км, до сега да чукнам во дрво освем гуми и јабучици друго немам гибнато  ;D за електрониката ке кажам само дека колата има блокажа(1 мин да стој со вратен клуч најназад се блокира и не пали), па рачунајте во овие 14год колку пати е удирана на централното по 2 пати во секунда за да се одблокира и се работи како нова...освем батериите на клучот   ;)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #87 на: 18 Март 2011, 12:39:02 pm »



Mercedes-Benz 240 D од 1976 година во рацете на таксистот од Солун помина рекордни 4,6 милиони километри,

Тоа е најголемата снимена километража на автомобил, иако упорниот американец Ирв Гордон, со своето Volvo P1800 во 1966 година, опасно се приближува кон уривањето на овој рекорд. Sachinidis го купил неговиот миленик во 1981. во Германија, како половен автомобил со 220 000 илјади километри, и го вклучи во Солун со полно работно време во такси служба. Во текот на службата моторот беше три пати фабрички репариран, а верната кола практично со ниту еден посериозен дефект ја поминал оваа рекордна дистанца.

Izvor: www.koli.com.mk  ;D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #88 на: 18 Март 2011, 13:34:50 pm »
Ovoj mercedesot go imase vo vesnici svoevremeno. Go pravel remont nad 11 pati. (11-14 pati, ne se sekavam tocno)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Најдоверливи модели и/или марки
« Одговори #89 на: 18 Март 2011, 14:05:39 pm »
Со толку ремонти и јас ќе поминам 5 милиони :D Се шалам секоја чест за мерцедесов и човеков што го одржавал.