Ретки се тие Скопјани што можат да спомнат дека и од двете страни (мајка и татко) имаат родени баби и дедовци во Скопје.
Така да во право е Зеро за "Скопјани". Најсмешно е кога ќе видиш некое мочличе како се препичава за тоа колку е она "Скопска шмизла" и мрчи за луѓето скоро дојдени во Скопје а дома кај неа е Македонија во мало со дијалекти.
Инаку мене најоргинален и омилен ми е Битолскиот, Охридскиот најсмешен (во позитивна смисла) Кумановскиот е уникатен, источно-македонскиот обично неможам да следам од брзината, западно-македонскиот ми е хард-кор на чело со тетовскиот.